Кошаркарската НБА лига објави дека новата 2021/22 сезона ќе почне на 19 октомври, а финалната серија за шампионскиот прстен би требало да заврши најдоцна до 19 јуни во 2022 година. Четири дена подоцна, на 23 јуни, треба да се одржи драфтот.

Идентично како и во минатата сезона, во која шампионската титула ја освои екипата на Милвоки, повторно ќе се игра т.н. „плеј ин“ во кој тимовите ќе разигруваат за пласман во плејофот. јавија американските медиуми.

Шесте најдобри екипи од секоја конференција ќе обезбедат директен пласман во разигрувањето за титулата, додека по четири екипи (пласирани од 7. до 10. место) ќе разигруваат за преостанатите две места во секоја од НБА конференциите.