Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи, заедно со ревизија на усогласеност на Државната изборна комисија (ДИК) на сметката на основен буџет за 2019 година. Ревизорите притоа изразија неповолно мислење во однос на вистинитото и објективно прикажување на финансиските извештаи, за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, за упатствата и за воспоставените политики. Ревизорите извршија ревизија и на одобрените средства за изборните активности во 2019 година, за спроведените избори за претседател на државата и за предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново село и Дебар. – Ревизорите утврдија дека од вкупно 80 ОИК, до…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама денеска и утре ќе престојуваат во Скопје во рамки на иницијативата за соработка позната како „мини Шенген“ и ќе остварат средби со македонскиот премиер Зоран Заев. Заев, Вучиќ и Рама ќе учествуваат на Економскиот форум за регионална соработка во организација на Стопанските комори на Србија, на Македонија и на Албанија. Вучиќ минатата недела соопшти дека на регионалниот економски форум во Скопје ќе биде променето името на иницијативата „мини Шенген“, дека ќе бидат потпишани три договори и дека на граничните премини ќе се направат „брзи ленти“ за побрзо минување на…
Македонија во наредните пет дена ќе биде во портокалова метео фаза поради високи температури, па надлежните објавија низа препораки за заштита и намалување на ризиците на лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езера, реки, базени или на планина. Согласно добиените информации од УХМР, почнувајќи од четврток (29.07.2021 година), шесте региони во земјава – Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза. Министерството за здравство соопшти дека состојбата на Топлотен бран почнува да важи на целата територија на државата и од среда до недела важат следните…
Работници во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани при редовната дневна проверка и рутинско чистење на каналите за наводнување, претпладнево пронашле машки труп во десниот магистрален канал. Телото било забележано на металната решетка во каналот што се наоѓа во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани. Притоа е констатирано дека се работи за маж на околу 65-годишна возраст. За настанот веднаш била известена Полициската станица во Кочани, по што екипа од Одделението за внатрешни работи и јавен обвинител вршат увид на теренот. Засега не е познат идентитетот на лицето и дали станува збор за несреќен случај.
Пандемијата на ковид-19 промени сè – дури и за гиганти на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер. Во текот на последните 18 месеци, бидејќи бројот на жртви во глобално ниво се зголеми на повеќе од четири милиони луѓе, овие технолошки компании кои некогаш се сметаа себеси за неутрални платформи за слобода на говор, презедоа сè попрактична улога во полициското работење на она што корисниците го кажуваа за јавното здравство. Отстраниле милиони објави што ширеле лажни на интернет. Тие ги цензурираа глобалните лидери кои се залагаа за дезинформации за ковид-19 и промовираа официјални здравствени совети за вакцините до милијарди ширум светот,…
Никола Тесла, пионер на наизменична струја, можеби ќе беше шокиран ако знаеше дека неговото наследство ќе предизвика расправија меѓу европските држави, пишува „Би-Би-Си“. Српската централна банка се закани дека ќе преземе акција против ЕУ, доколку нејзиниот сосед Хрватска го стави ликот на покојниот голем пронаоѓач на евро кованици. Хрватска го сака неговото лице на своите евра кога ќе се приклучи на заедничката валутата на ЕУ во 2023 година. Но, Србија го смета за свој, бидејќи тој себеси се гледаше како Србин, иако роден во денешна Хрватска. Двете земји се стари ривали со трагична историја. Хрватската национална банка соопшти дека ќе…
Бројот на реално одработените часови во Европската Унија (ЕУ) е намален за 12 отсто во споредба со претходната година. Тоа го покажуваат податоците на статистичката агенција на ЕУ – Евростат. Според агенцијата, падот може да се објасни со мерките преземени како одгoвор на пандемијата na ковид-19 кои принудија стотици луѓе да бидат на платено и неплатено отсуство од работа. Како резултат на тоа, работните часови се значително помалку. Најголем пад е регистриран во Грција (-19,7 проценти), Шпанија (-19,5 отсто), Португалија и Италија (по -19 проценти), а Бугарија е на 16-та позиција со намалување од 10 отсто. Земјите од ЕУ, во…
Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во финалето на Олимпијадата во Токио. По четвртфиналната победа над Гбане од Брегот на Слоновата Коска, тој претпладнево го елиминира и Јужнокореецот Кјо Дон Ин со 12:6 во полуфиналето во категоријата над 80 килограми. За првпат во настапите на турнирот во Токио, Георгиевски беше во негатива по првата рунда (0:1), но следуваа две добри минути за македонскиот репрезентативец за пресврт и водство со 5:3 по втората рунда. Последните две минути минаа во доминација на македонскиот таеквондист за сигурен и заслужен пласман во финалето. По две децении македонскиот спорт доаѓа до медал на Олимписките игри.…
Моќниот тајфун „Непартак“, што се формира во Тихиот Океан, продолжува да се движи кон Јапонија и во среда наутро по локално време ќе го погоди североисточниот дел на главниот остров Хоншу, јавија западни медиуми, повикувајќи се на Националната метеоролошка управа на Јапонија. Брзината на ветерот во централниот дел на тајфунот ќе достигне 20 метри во секунда, а налетите на ветрот ќе изнесуваат до 30-35 метри во секунда. „Непартак“ сега е на 230 километри југоисточно од соседната префектура Чиба во Токио и се движи североисточно, каде се наоѓаат префектурите Фукушима, Мијаги и Ивате. Локалното население е предупредено за опасност од излевање…
Амбасадата на Куба во Париз беше нападната со молотови коктели, соопшти кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез. Во објавата на Твитер, тој не откри повеќе детали за инцидентот, но го обвини Вашингтон за ширење на насилството. – Како одговорна за инцидентот ја сметам Владата на САД поради нејзините континуирани кампањи против нашата земја кои го охрабруваат ваквото однесување и за нејзините повици на насилство што неказниво се упатуваат од нејзин територија, напиша тој. Прес-службата на Министерството за надворешни работи на Куба подоцна соопшти дека нападот се случил околу полноќ, кога биле фрлени три молотови коктели, од кои два паднале…
Екипата на Киево е исклучена од Серија Б поради банкрот, објави „Фудбал Италија“, а нејзиното место ќе биде пополнето со Козенца. Популарните „летечки магариња“ поднеле жалба против пресудата, но таа била одбиена. Поради банкрот, клубот може да продолжи да настапува не повисоко од Серија Д. Од истата причина, од Серија Ц се исклучени екипите на Карпи, на Новара, на Самбенедетезе и на Касертана. Во исто време, Паганезе ја доби жалбата и успеаја да го сочува своето место во третата италијанска лига. Минатата сезона Киево заврши на осмото место во Серија Б и играше во плејофот за Серија А. Најдобар резултат…
Во Албанија се потврдени 21 случај на заразени лица со Делта сојот на коронавирус од кои осум се „увезени“, додека остатите се семејни кластери, изјави Силва Бино, раководителка на Одделот за епидемиологија, при Институтот за јавно здравје и член на комитетот за справување со пандемијата со ковид-19. – По два случаја се донесени во земјава од Велика Британија и од Германија, додека по еден случај од Чешка, од Шпанија, од Северна Македонија и од Пакистан. Случајот од Пакистан беше без клинички знаци, како дел од скрининг, во оваа група тестови која беше испратена во лабораторијата во Берлин. Овие случаи, предизвикаа…