Author: Sashko

Синоќешното издание на централниот информативен Дневник на ХРТ беше драматично. Новинарката Мирјана Посавац имаше вклучување во живо, земајќи изјава од Игор Петернел, претседател на Одборот за човекови права на Татковинското движење, и во еден момент ѝ се слоши. Sloši se ženi uživo u Dnevniku @hrtvijesti pic.twitter.com/D3oJ0JG9ef — Prorok bez maske (@Romanijski) July 20, 2021 Посавац одеднаш почна да губи рамнотежа и да се занесува лево-десно. Петернел забележа како жената губи контрола врз себе, па јавувањето во живо беше веднаш прекинато. – Се надеваме дека Мирјана е добро, рече водителката Ѓурица Дробац по враќање на камерата во студио.

Read More

Повеќе од 13 милиони Австралијци, што е речиси пола од населението во земјата, се наоѓаат под блокади по најновите ограничувачки мерки воведени поради Делта сојот на коронавирус. Како што јавува „Би-Би-Си“, тоа предизвикало голем гнев кај населението. Државата Јужна Австралија, во која живеат 1,7 милиони луѓе, во вторникот се приклучи на државите Викторија и Нов Јужен Велс во однос на воведувањето рестриктивни мерки. Жителите на Јужна Австралија ќе мора да останат во своите домови седум дена, откако се заразија пет лица. Според „Би-Би-Си“, Австралија до неодамна беше фалена за стратегијата за затворање на границите, карантинските програми и брзите заклучувања, а…

Read More

Бугарскиот претседател, Румен Радев на влез во Националното собрание изрази убедување дека овојпат парламентарните партии треба да формираат функционална влада, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарскиот претседател влезе во Националното собрание за свечената конститутивна седница на 46-от парламент, само неколку минути пред нејзиното почнување, заедно со потпретседателката Илиана Јотова. – Задачите и пораките се исти, како и пред три месеци, додаде тој. Бугарија не може да си дозволи да губи историско време и мора да има кабинет со широка парламентарна и јавна поддршка, нагласи бугарскиот претседател. Откако ќе се конституира новото Национално собрание, Радев ќе почне процедура за политички…

Read More

Во магацинот на Министерството за внатрешни работи (МВР) деновиве пристигнаа 8.000 чифта чевли со тенок ѓон од италијанскиот производител „Гриспорт“, фабрика што ги снабдува и полициите на повеќе земји од ЕУ. Вкупната вредност на набавката на чевлите со тенок ѓон изнесува 25.520.000 милиони денари без ДДВ, соопшти денеска МВР. Оттаму истакнуваат дека во насока на реализација на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-теничките услови за работа на полициските служби, постојано набавуваат униформи и друга опрема за полициските службеници. Од МВР информираат преку „Гриспорт“ реализираат набавка и на 10.000 чифта чевли со дебел ѓон, со вредност од 37.000.000 милиони денари…

Read More

Властите во северозападниот дел на Нигерија соопштија дека ослободиле повеќе од 100 жени и деца, главно мајки со доенчиња, кои биле киднапирани од разбојници. Групата била киднапирана на 8 јуни во државата Замфара. За време на инцидентот загинале четири лица. Властите во Замфара соопштија дека групата е ослободена без плаќање откуп и не дадоа дополнителни детали за спасувачката операција. Бројни киднапирања се случија во регионот во последните неколку месеци. Од декември 2020 година, повеќе од 1.000 луѓе се киднапирани во Нигерија. Повеќето се ослободени откако платиле откуп, но некои се убиени.

Read More

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус во Токио, пред 138-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), предупреди на закана од поопасен вид коронавирус отколку варијантата Делта. – Колку е пораспространет (вирусот), толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од варијантата Делта, која прави толку многу штета во моментот. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат неранливи на вакцините – и сите ќе се вратиме на почетокот, рече Тедрос. Според него, пандемијата на коронавирусот е тест со кој светот сè уште не се справил.  – Често…

Read More

Од март лани до април оваа година, околу 1,5 милиони деца ширум светот загубиле барем еден родител или старател поради пандемијата на ковид-19, покажува најновото истражување на тимот од „Империјал колеџ“ во Лондон, предводени од Сет Флаксман, кои до оваа бројка дојдоа создавајќи математички модел со помош на податоци за наталитетот и морталитетот од коронавирусот. Со оглед на фактот дека овие податоците не се целосни за сите места, бројката може да биде само проценка, а веројатноста е поголема, напишаа научниците. Бројот на деца кои изгубиле еден или двајцата родители поради пандемијата е особено голем во Јужна Африка, во Мексико, во…

Read More

Екипата на Милвоки бакс рано утрово го победи Феникс санс на домашен терен со 105:98 и го освои шампионскиот трофеј во НБА-лигата. Најзаслужен за триумфот на Бакс во шестиот меч од финалната серија е Јанис Адетокунбо кој постигна 50 поени и 14 скока. Кај гостите најпродуктивни кошаркари беа Крис Пол со 26 и Девин Букер со 19 поени. Ова е прв трофеј за Милвоки по пауза од 50 години. Претходно тимот ја освои најсилната кошаркарска лига во светот во 1971 година.

Read More

За да се постигне колективен имунитет на населението, треба да се вакцинираат над 80 отсто од граѓаните, вели министерот за здравство Венко Филипче и во тој контекст ги нагласи постојаните апели и кампањи во насока на кревање на свеста на населението за потребата од имунизација. – Треба да се постигне колективен имунитет од 80 отсто, а ние сме далеку од тоа и затоа се нашите апели и кампањи, и преку Министерството, Владата, Канцеларијата на ЕУ, преку УНИЦЕФ со цел граѓаните да се вакцинираат. Достапна е вакцината во сите пунктови, никој од граѓаните кој ќе се пријави за вакцинација нема да…

Read More

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека ќе бара согласност од партиите за локалните избори да се одржат на 31 октомври, со цел да се избегне нивно поклопување со пописот. Ова практично би значело одложување на изборите со оглед на тоа што претседателот на Собранието, Талат Џафери претходно најави дека според Уставот изборите би требало да се одржат на 17 октомври. – Имаме причина за одложување на изборите, а тоа, секако, е пописот кој ќе се спроведува во септември и не сакаме кампањата да се поклопи со него, и секако причината е пандемијата за одлагањето. Така што ако не се промени…

Read More

На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Read More

Во олимпискиот тим на Полска, по грешка, се најдоа повеќе пливачи за Игрите во Токио, па шестмина од нив, само што пристигнаа во Јапонија, мораа да се вратат дома. Полска првично испрати 23 пливачи за Олимпијадата, но мораше да го редуцира нивниот број на 17 поради правилата за квалификации на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА). Претседателот на Пливачката федерација на Полска, Павел Сломински, јавно се извини за пропустот и рече оти го разбира гневот на пливачите кои мораа да се вратат од Токио. – Изразувам големо жалење, тага и горчина поради ситуацијата. Такво нешто не смееше да се случи. Реакциите на…

Read More