Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
По пауза од една година поради ковид-19 пандемијата, во Галичник викендов ќе се одржи традиционалната манифестација Галичка свадба на која по старите галички обичаи ќе се венчаат младенците Катерина Илиевска и Филип Бундески. Младоженецот Филип потекнува од Галичник и, како што рече денеска на нивното претставување, многу години учествувал на свадбата во Галичник во повеќе улоги – како статист, како коњаник, а една година бил и стар побратим. – Обичаите ми се доста познати и, како што поминуваше времето, сè повеќе се гледав како зет на Галичката свадба. Не може да се опише чувството да се биде дел од оваа…
Нашата земја не е во опасност од туризмот и нема зголемување на новите случаи поради отворање на границите, истакна министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис говорејќи на конференција организирана од Комората на хотелиери на Грција и министерството за туризам, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис ги претстави и податоците, односно резултатите од случајните тестирањата на сите влезни точки во земјата во првите десет дена од јули. Од 105.609 направени тестови, позитивни биле само 74, односно 0,07 отсто од тестираните. – На копнените граници констатиравме уште понизок индекс на позитивност од 0,01 отсто, на пристаништата 0,07 проценти и на…
Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која се повикува Русија да ги признае истополовите заедници. Кремљ веднаш реагираше, наведувајќи дека истополовите бракови во Русија „не се дозволени“, согласно уставните измени што беа усвоени во минатата година. Пресудата на Судот во Стразбур е за тужбата што ја поднесоа три Русинки кои не добија дозвола од руските власти да се венчаат. Заклучок на Судот е дека Русија со тоа го прекршила членот осум од Европската конвенција за човекови права, кој го нагласува правото на почитување на приватниот и семејниот живот. – Русија имаше обврска да обезбеди почитување на приватниот и…
Сите протоколи од избирачките места на предвремените парламентарни избори се веќе обработени, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК). Според резултатите, партијата „Има таков народ“ освои 24,08 проценти од гласовите, ГЕРБ-УДФ – 23,51 отсто, БСП – 13,39 отсто, „Демократска Бугарија“ – 12,64 отсто, Движење за права и слободи (ДПС) – 10,71 отсто, коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,01 проценти. На гласањето во странство, најмногу гласови освои партијата „Има таков народ“ – со 35,64 проценти, следува „Демократска Бугарија“ со 18,64 отсто и ДПС со 17,49 проценти. Централната изборна комисија се очекува денеска или најдоцна утре да објави распределба на местата во 46-то Национално собрание…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изразил благодарност до Красимир Каракачанов за поддршка што ја уживал од ВМРО-БНД за кампањата и политиките насочени против ЛГБТ заедницата во земјата, објавуваат бугарските медиуми. Во дел од писмото што го објави ВМРО-БНД, Орбан се обратил до Каракачанов со „останавме малку, но важна е борбата“ на што од бугарската партија одговориле дека „унгарскиот премиер не е сам во борбата против нелибералните напади врз законодавството на Унгарија. ВМРО е една од политичките партии што секогаш го поддржувала, а тоа не остана незабележано од Фидес и нејзиниот лидер, Орбан“. Партијата на Каракачанов не успеа да обезбеди место во…
Николај Василев, кој е предложен од Слави Трифонов за премиер на новата бугарска Влада, одговара на профилот што шоуменот го опиша пред студентите во Пловдив во пресрет на изборите. Трифонов тогаш рече дека идниот премиер мора „да знае јазици, да има завршено престижен универзитет“, да има експертиза и да биде професионалец во нешто“, пишува бугарскиот портал медиапул.бг. Николај Василев знае осум странски јазици – англиски, унгарски, руски, итн. Има дипломи од еден куп странски универзитети – за економија од Економскиот универзитет во Будимпешта, за деловна администрација, финансии и економија од Државниот универзитет во Њујорк и магистратура по меѓународна економија и…
Премиерот Зоран Заев очекува формирање на политичка влада во Софија заради, како што вели, потребите на бугарските граѓани, но и затоа што ние очекуваме исчекор во решавање на проблемот. Но, според аналитичарите, исклучително се мали шансите за промена на ставот на Софија кон Скопје во однос на усвојувањето на нашата преговарачка рамка и почеток на преговорите до крајот на годинава, откако предвремените парламентарни избори во Бугарија што се одржаа во неделата, втори за само три месеци, според првичните резултати имаат речиси ист исход со изборите во април, по кои никој не успеа да формира влада. Истовремено, Заев вели дека ја…
Ковакс механизмот што беше криеран за рамномерна испорака на вакцини против ковид-19 низ целиот свет не успеа да ја исполни целта, бидејќи некои земји беа во можност да понудат повеќе пари и да направат резерви, смета генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала. – Недостигот во набавката го одреди однесувањето, истакна Окоњо-Ивеала за време на онлајн интервјуто за Атлантскиот совет, но не именуваше на кои земји мисли. Таа додаде дека многу земји ја поддржале програмата, но истовремено купувале вакцини и на тој начин му ги ускратувале на Ковакс, поради што глобалната програма за вакцинација се бори да ги…
Распространето на 44 хектари на кои се подигнати 21 зграда со капацитет за 23.000 спортисти и официјални лица, денеска во јапонската престолнина и официјално е отворено Олимпиското село. Вообичаената свечена церемонија и одбројување на деновите и часовите до почетокот на Игрите во Токио на 23 јули овојпат минува во сенка на сè поголемата загриженост на локалното население поради одржување на најголемата светска спортска манифестација во услови на пандемија на коронавирусот. Во Олимпиското село, лоцирано во Токискиот залив, веќе почнаа да пристигнуваат првите спортисти, а дополнителна загриженост меѓу јапонските граѓани предизвикаа информациите за први позитивни случаи на коронавирус во редовите на олимписките…
Теренската вакцинација продолжува и утре во над 70 населени места, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Министерството попладнево информира дека вакцинацијата ќе се одвива во следниве населени места: Скопје – Петровец, Ржаничино, Огњанци, Ќојлија, Горно Коњари, Средно Коњари, Долно Коњари, Чифлик, Сушица, Катланово; Кратово – Туралево, Шлегово; Виница – Пеклани, Трсино, Трстија; Демир Хисар – Стругово, Кутретино, Суводол; Струга – Мислодежда, Богојци, Поум; Крушево – Бучин; Ростуше – Маврови Анови; Струмица – Раборци, Попчево; Неготино – Црвени Брегови, Курија, Војшаници; Пробиштип – Ратавица; Валандово – Дедели и Собри; Берово – Двориште; Кочани – Спанчево; Кичево – Црвивци, Мамудовци; Кавадарци – Сопот,…
Законот за државјанство мина на денешната владина седница и ќе биде со европско знаменце. Службите ќе го испратат до Парламентот, но го блокира Левица без разумно оправдување, рече денеска премиерот Зоран Заев. – Законот е согласно декларациите за државјанство усвоени во Европската Унија. Последните промени беа со коресподентни табели, комплетно вградување на европските регулативи во нашето законодавство. Критериумите за решавање на проблемот со државјанството се прават пошироки. Генерално сме усогласени, власта и опозицијата. Законот е блокиран од мала политичка партија Левица која без разумно оправдување не дава одговор зошто тоа го прави, освен, според мене, да продуцира меѓуетнички проблеми и…
Владата на денешната седница донела одлука за законски измени на т.н. Закон за стечајци, со кои ќе се овозможи уште 1.100 стечајци, кои имаат најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост, да добијат право на месечен надоместок до вработување или пензионирање. Досега за право на надомест можеа да аплицираат граѓани кои имаа најмалку 15 години работен стаж. – Досега со неколку законски решенија обезбедивме финансиски надомест за невработени лица чиј работен однос престанал по ликвидација, стечај или технолошки вишок, а работеле во претпријатија со доминантна државна сопственост. Со овие законски решенија обезбедивме месечен надомест од 34…