Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за македонските црвени линии е неприфатлива за владеачкото мнозинство без уставното име во нејзината преамбула и содржина, а Уставот во однос на името на државата мора да се почитува, порача премиерот Заев на денешната прес-конференција во Владата. Тој нагласи дека секаде во документот каде што се наведува името на државата, треба да стои Република Северна Македонија. – Ако некој сака да го избегне уставното име, нека го прави тоа сам. Ние тука нема да партиципираме. Нема да го кршиме Уставот. Уставното име на државата е Република Северна Македонија. Ја поддржуваме Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе застанеме зад неа,…
Изненаден сум што некој ги блокира законите што се неопходни за да го решиме проблемот со отпадот, бидејќи е очигледно дека со постојаната регулатива имаме проблем со отпадот, вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини за блокадата на законите за екологија во Парламентот. Тој посочи дека тие што не успеале да ги прочитаат законите што се достапни на јавноста околу 12 месеци, треба да ги прочитаат. – Делот со РДФ отпадот што беше изработен согласно стандардите на ЕУ, но предизвика загриженост во јавноста, се согласивме со пратениците да го измениме и увозот на РДФ да биде забранет…
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска https://www.youtube.com/watch?v=zSWr8G3nymY
Францускиот производител на вино и жестоки пијалаци „Моет Хенеси“ (Moët Hennessy) соопшти дека ќе основа заедничка компанија со италијански „Кампари“ за да прерасне во водечка европска компанија за е-трговија со вина и алкохолни пијалоци. „Моет Хенеси“, член на гигантот за луксузни производи LVMH, и „Кампари“ ќе имаат еднакви удели во новата компанија, основана со цел инвестирање во компании за продажба преку интернет, и ќе ја вклучува интернет платформата „Танико“. Трансакцијата ќе се изврши со тоа што „Кампари“ ќе продаде 50 отсто од акциите на новата компанија на „Моет Хенеси“ за 25,6 милиони евра и треба да се склучи откако компаниите…
Бојан Јовановски-Боки 13 и Фросина Ременски, обвинети во предметот „Меѓународен сојуз“, денеска побараа изземање на обвинителката Вилма Русковска. Според образложението на Јовановски, барањето за изземање на обвинителката е поради новонастанати околности, односно по обработката на дел од податоците од неговиот мобилен телефон кој судот му го вратил. Според Боки 13, обработени се околу стотина илјади податоци од еден милион и двеста и четириесет илјади колку што имало во мобилниот или 286 фајлови. Тој му укажа на судот дека наишол на бришени податоци во неговиот мобилен, но ќе направи напори преку ИТ алатки да ја врати содржината за што судот ќе…
Прес-конференција на министерот за финансии Фатмир Бесими https://www.youtube.com/watch?v=d6v5vo54Id8
Заврши постапката за формирање на партиципативно тело што ќе учествува во процесот на урбанистичко планирање на подрачјето на општината, информираат од Општина Центар. – Со ова тело, составено од претставници на невладиниот сектор и на граѓаните, кои се жители на Центар, ќе се овозможи зголемен увид на јавноста во процесот на урбанистичкото планирање. Истовремено, ќе им се даде шанса на граѓаните и граѓанските организации, директно, преку свои претставници во партиципативното тело, да даваат совети, идеи и предлози во врска со подобрувањето на условите за живот, престој и транзит во општината, се вели во соопштението на Општина Центар. Партиципативното тело за…
Пеколните температури во земјава ќе се задржат до петок, а во деновите од викендот нè очекува промена на времето со дожд и грмежи, информираат од УХМР. Од петок кон крајот на денот ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а за време на викендот и почетокот на идната недела ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурите од петок ќе бидат во постепено опаѓање.
Повторното отворање на училиштата не смее да чека. Сите училишта треба што поскоро да обезбедат настава со физичко присуство, без бариери за пристап и без да налагаат вакцинација пред да се влезе во училиште. Загубите што ќе ги претрпат децата и младите од неодењето на училиште никогаш нема да бидат надоместени, велат во заедничка изјава извршниот директор на УНИЦЕФ, Хенриета Фор и генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулај. Училиштата треба последни да се затворат, а први пак да се отворат, порачуваат тие, посочувајќи дека по 18 месеци од почетокот на епидемијата на ковид-19, образованието за милиони деца сè уште е…
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, првиот секретар на Амбасадата на Норвешка Стефан Сандста, шефот на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија Микела Телатин, националниот координатор на проектот Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот Полиеко ќе присуствуваат на почнување на процесот на чистење на малата депонија со линдан во ОХИС.
Владата на Мицотакис не само што се покажува неспособна да управува со ваква критична ситуација, туку и опасна е, опасна бидејќи ги става идеологиите, интересите и профитот над животот на луѓето, порача лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас од Солун и истакна дека ситуацијата е сериозна и не смеат да ѝ дозволат на актуелната Влада да го подели грчкото општество, јави дописничката на МИА од Атина. – Од овде, од Солун, во ваше присуство, сакам заедно да испратаме јасна порака: работите се премногу сериозни за да го оставиме господинот Мицотакис да го подели и распарчи грчкото општество. А пораката што ја…
Шкотскиот весник „Национал“ излезе со предлог за селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на Шкотска по победата на „азурите“ над Англија во финалето на ЕП 2020. – Направете го Роберто Брус почесен граѓанин на Шкотска, стои во повикот на весникот. Роберт I Брус бил крал на Шкотска, организатор на одбраната на земјата во почетниот период на Војната за независност против Англија. – Ги повикуваме читателите на „Национал“ да придонесат за наградата на Манчини за услугите на Шкотска, се вели во објавата на весникот на Твитер. На 10 јули, изданието на „Национал“ го претстави…