Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас во напад: Владата на Мицотакис е неспособна за справување со пандемијата

0
By Sashko on July 13, 2021 СВЕТ
Фото: thetimes.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 11:27

Владата на Мицотакис не само што се покажува неспособна да управува со ваква критична ситуација, туку и опасна е, опасна бидејќи ги става идеологиите, интересите и профитот над животот на луѓето, порача лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас од Солун и истакна дека ситуацијата е сериозна и не смеат да ѝ дозволат на актуелната Влада да го подели грчкото општество, јави дописничката на МИА од Атина.

– Од овде, од Солун, во ваше присуство, сакам заедно да испратаме јасна порака: работите се премногу сериозни за да го оставиме господинот Мицотакис да го подели и распарчи грчкото општество. А пораката што ја испраќаме денес е: До тука! Доста е! Немаме право да дозволиме, не можеме и нема да дозволиме лагите, репресијата и корупцијата да станат нормалност во земјата и да продолжат безгрижно да уживаат во летни викенди со 13.000 мртви во земјата, порача Ципрас.

Додаде дека на Грција „во овој тежок момент“, потребно ѝ е лидерство кое може да го убеди и обедини народот и истакна дека Мицотакис, со неговите постапки во минатото, веќе го загуби неговиот кредибилитет.

– Ни продаваат наводно враќање во нормала и голем и силен раст, а знаат дека економијата веќе ја извадија од шините и планираат нагло слетување. Освен ако не сметаа на нешто друго, како што е нивната вообичаена тактика. На исплашеното општество да му​​ ветуваат работи што не можат да ги исполнат, за да одат на предвремени избори, среде пандемија за можеби да се спасат од падот, пред пресудата на народот, рече Ципрас и додаде дека ако Мицотакис размислува на такво нешто, СИРИЗА е подготвена и го чека, но го чека и „големо изненадување“.

Во однос на пандемијата, Ципрас рече дека на располагање се три оружја: зајакнување на здравствениот систем, искористување на сите можни, па дури и експериментални фармацевтски програми тешко болните и вакцината, за да се изгради имунитетот на населението.

Алексис Ципрас Влада Грција Кирјакос Мицотакис Ковид-19 критика Пандемија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.