Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ја поддржуваме Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, но и уставното име мора да се почитува

0
By Sashko on July 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 15:22

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за македонските црвени линии е неприфатлива за владеачкото мнозинство без уставното име во нејзината преамбула и содржина, а Уставот во однос на името на државата мора да се почитува, порача премиерот Заев на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека секаде во документот каде што се наведува името на државата, треба да стои Република Северна Македонија.

– Ако некој сака да го избегне уставното име, нека го прави тоа сам. Ние тука нема да партиципираме. Нема да го кршиме Уставот. Уставното име на државата е Република Северна Македонија. Ја поддржуваме Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе застанеме зад неа, на сите да им биде јасно дека сите сме застанати заедно во заштита на македонскиот јазик и идентитет, но тоа не значи дека треба да го кршиме Уставот, напомена Заев.

Први што треба да го почитуваат Уставот, дополни, се токму Парламентот, Владата, институциите и политичките партии.

– Во Резолуцијата на неколку места се споменува Република Македонија, а во Уставот е Република Северна Македонија. И во Преамбулата треба да стои Република Северна Македонија. Тоа е Устав, а не дали ние сакаме или не сакаме да биде вградено, рече премиерот.

На новинарско прашање дали е спорно тоа што опозицијата ги поднесува законите до Собранието на Република С. Македонија, Заев е дециден дека и тоа не е уставно.

– Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република С. Македонија. Ние сме Република Северна Македонија. Граѓаните за тоа прашање се изјаснија на референдум. Парламентот по дискусија од 130 дена, три пати гласајќи, ја донесе одлуката за нашето ново уставно име. На името Република Македонија се додаде зборчето Северна и тоа е дел од Преспанската спогодба која е закон веќе, а е дел и од Уставот. Очекувам да се почитува Уставот од страна на сите, а политичките партии треба да бидат први. Непочитувачи ако се граѓаните сигурно ќе имаат реперкусии, а политичките партии не е во ред да останат неказнети и да сносат последици зашто така им текнало, им паднало на памет да не го употреуваат уставното име, одосно да не го почитуваат Уставот, подвлече Заев.

ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев Македонија резолуција уставно име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.