Author: Sashko

Вработените во јавното комунално претпријатие „Солидарност“ од Виница добија плата за мај, но останаа во неверување од сумата што легна на нивните сметки. Управата исплатила по 100 денари за 102 лица, информација што ја потврдија и од Синдикатот, со напомена дека тоа нема да биде се и оти остатокот од средствата ќе биде наскоро. Причината што првично се исплатени по нешто повеќе од евро и пол по човек била образложена со грижата на раководството да не дозволи вработените да останат без здравствено осигурување. – Утре очекуваме средба со градоначалникот на Виница за изнаоѓање на решение во ситуацијата. Од Општината имаме…

Read More

Најмалку 14 од 32 натпреварувачки на изборот за Мис Мексико се позитивни на коронавирус, соопштија здравствените власти во сојузната држава Чивава. Секретарот за здравство, Едуардо Фернандез Ерера за медиумите изјави дека сите учеснички на натпреварот, официјално, имале свој негативен корона-тест пред самиот настан кој се одржува во главниот град на државата, Сиудад Хуарез. Властите, сепак, добиле анонимна дојава дека едно лице е заразено. По извршените тестови, се покажало дека скоро половина од девојките имаат коронавирус, како и уште едно лице кое не е меѓу натпреварувачките по што настанот бил прекинат. Мексико вчера пријави 7.989 новозаразени лица и 269 смртни случаи…

Read More

Јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо, Американците Спајк Ли и Џоди Фостер и Шпанецот Педро Алмодовар го отворија 74. Меѓународен филмски фестивал во Кан. – Конечно сме собрани повторно овде во нашите прекрасни тоалети, рече глумицата Џоди Фостер, која прва се појави на сцената, каде што почесната „Златна палма“ ѝ ја врачи Педро Алмодовар. Потоа им се придружи и Бонг Џун-хо, добитникот на Златната палма во 2019 година, за филмот „Паразит“, и претседателот на жирито – Спајк Ли. Оваа година во конкуренција за „Златна палма“ се 24 филма. Прв филм на Фестивалот е „Анет“ на Лео Каракс, којшто се натпреварува за главната…

Read More

Министерството за правда на САД соопшти дека се обвинети над 535 лица за немирите на 6 јануари во американскиот Капитол Хил. Во соопштението на Обвинителството на САД се наведува дека 495 лица се обвинети за влегување или останување во федералната зграда или простории, а 235 лица се обвинети за попречување, влијание или спречување на службеник при постапка или обид за тоа. Најмалку 165 се обвинети за напад, отпор или попречување на службеници или вработени. ФБИ синоќа објави 11 нови видеа од осомничени за насилни напади врз полицајци за време на немирите во Капитол. Од Обвителството, исто така, велат дека шест…

Read More

Заложничката драма се случува во моментот во рускиот град Тумен. Маж влегол во банка со импровизирана бомба, држи три лица и бара 15 милиони рубљи (околу 175.000 евра), пренесува порталот „Медуза“. Заложниците се вработени во банката додека 50-тина лица се евакуирани од зградата во чие подножје е експозитурата. SWAT is on the site of hostage-taking situation at Sberbank in Tyumen, and preparing for an assault https://t.co/LXFelHspNu pic.twitter.com/Rc8UMPnIlJ — Liveuamap (@Liveuamap) July 7, 2021

Read More

Ако сте вакцинирани, тогаш сте заштитени, ве молам, вакцинирајте се, нагласи американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа, зборувајќи за планот за вакцинација. Тој ја упати пораката неколку дена откако не беше исполнета целта да бидат имунизирани 70 отсто од граѓаните со најмалку една доза до Денот на независноста во САД. – Америка се враќа и се спојува. Борбата против вирусот не е завршена. Милиони граѓани не се вакцинирани. Ова стана голема загриженост поради варијантата Делта, која е полесно пренослива и поопасна, нагласи Бајден, додавајќи дека 160 милиони луѓе ќе бидат вакцинирани до крајот на неделава. Здравствените власти на САД…

Read More

Познатиот холандски новинар, Питер де Вријс е во критична состојба, откако во него синоќа било пукано од огнено оружје во центарот на Амстердам, јавија холандските медиуми. Де Вријс (64) е сериозно повреден во нападот и веднаш бил хоспитализиран. Нападот се случи само неколку минути откако тој ја напушти зградата на РТЛ каде учествуваше во популарното телевизиско шоу „Булевар РТЛ“. Полицијата потврди дека привеле три лица осомничени за нападот. Де Вриес се стекна со слава уште во раните 80-ти години на минатиот век кога известуваше за киднапирањето на магнатот Фреди Хајнекен. Од 1995 до 2012 година тој водеше популарна емисија на…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ќе ја промовира бескаматната кредитна линија „Ковид 4“. На прес-конференцијата ќе присуствуваат и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и директорот на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов. Бескаматната кредитна линија „Ковид 4“ е проектирана на 10 милиони евра и дел е од шестиот пакет на антикризни мерки. Со неа се предвидуваат грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори: туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови рабтни места и ги зголемат приходите. Во април оваа година, Владата ги задолжи Кабинетот…

Read More

Аргентина и Бразил ќе играат во финалето (11 јули) на годинашното издание на Копа Америка. „Гаучосите“ ноќеска во Бразилија ја елиминираа Колумбија на пенали по нерешените 1:1 во основните 90 минути од средбата. Водство на Аргентина ѝ обезбеди Лаутаро Мартинез во седмата минута по асистенција од Лионел Меси, а израмнувачкиот гол за Колумбијците беше дело на Луис Дијаз во 60-та минута. Во пенал-серијата Аргентинците постигнаа три гола, а Колумбијците два. Ден пред финалето ќе играат Колумбија – Перу за третото место на турнирот.

Read More

Четврти случај на индискиот делта сој на коронавирус е потврден во државава. Пациентот е со лесна клиничка слика и се лекува во болницата во Велес. Според здравствените власти, засега не се планираат мерки во однос на заштита на границите од делта сојот, но деновиве, најдоцна до почетокот на следната недела ќе го имаат конечниот став. Министерството за здравство (МЗ) вчера соопшти дека ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран против ковид-19. По направените анкети со пациентите било утврдено дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту…

Read More

Албанските политички партии се воздржани по најавената Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за македонските црвени линии која доби поддршка од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС. Демократската Унија за интеграција (ДУИ) бара усогласување на текстот меѓу сите парламентарни групи, додека Алијанса на Албанците и Алтернатива очекуваат дебата во Собранието. Но, и владејачката ДУИ и опозициската коалиција Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива укажаа дека треба да се внимава, резолуцијата да не му наштети на евроинтеграцискиот пат на државата. За АА и Алтернатива е проблем што ДУИ и СДСМ немаат заеднички став околу резолуцијата. – Има еден проблем. Имавме изјава на министерот за надворешни…

Read More

Репрезентацијата на Италија е прв финалист на Европското фудбалско првенство по триумфот вечерва на пенали над Шпанија со 4:2. Мечот во основните 90 минути заврши без победник (1:1), а мрежите на Донарума и на Унаи Симон мируваа и во екстра 30-те минути на „Вембли“. Италија поведе по еден час игра во Лондон со голот на Федерико Киеза, за шпанските напади за израмнување да вродат со плод во 80. минута кога Алваро Мората го однесе полуфиналето во продолженија и пенали. Четвртото финале на Италија во историјата на Европските првенства го осигура Жоржињо во петтата, последна, пенал серија, откако стрелецот за Шпанија…

Read More