Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четврти случај на делта сој: Вакцините штитат од тешка форма на болеста и смрт

0
By Sashko on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: khaleejtimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 7, 2021 08:14

Четврти случај на индискиот делта сој на коронавирус е потврден во државава. Пациентот е со лесна клиничка слика и се лекува во болницата во Велес. Според здравствените власти, засега не се планираат мерки во однос на заштита на границите од делта сојот, но деновиве, најдоцна до почетокот на следната недела ќе го имаат конечниот став.

Министерството за здравство (МЗ) вчера соопшти дека ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран против ковид-19. По направените анкети со пациентите било утврдено дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани.

– Од вкупниот број на позитивни пациенти кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој осум-девет дена по појавата на симптоми на ковид-19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација, информираа од МЗ.

Во болниците во моментот нема притисок, ниту за прегледи. Од вчера во болницата во Битола не се лекува ниту еден пациент, а во Охрид само уште едно лице.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 16 нови случаи со ковид-19 од 2.873 тестирања од кои четири во Тетово, по три во Скопје и во Струмица, два во Куманово, и по еден во Прилеп, во Гостивар, во Охрид и во Струга. Починати пациенти не се регистрирани, а оздравеле четворица.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.732, бројот на оздравени пациенти е 150.104, на починати е 5.486, а на активни случаи изнесува 142.

Од следната недела треба да почне теренската вакцинација против ковид-19 во организација на секој здравствен дом, во зависност од бројот на жители во помалите места.

Во однос на ефикасноста на вакцините, Филипче нагласува дека дефинитивно штитат од потешки форми на болеста и од смрт. Оваа недела, како што соопшти вчера, се вакцинираат над 60.000 граѓани кои се пријавени за вакцинација. Сите граѓани кои од сега натаму ќе се пријават, вакцинацијата ќе се закажува во пунктовите во здравствените домови и во поликлиниките во Скопје.

– Во салите ќе продолжи ревакцинацијата заклучно со последните денови од јули, за во август да функционираат пред се здравствените домови и поликлиниките, појасни Филипче.

Во државата вкупно се аплицирани 613.219 дози на вакцини, а ревакцинирани се 232.595 граѓани.

Министерството за здравство вчера реагираше и на дел од објавите и пренесени ставови во медиуми дека кинеската вакцина „Синовак“ не штити од делта сојот и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина.

– Ова тврдење е апсолутно неточно, нема ниту една студија или научен доказ кој ова го потврдува. Апелираме медиумите да не пласираат непроверени тези од поединци кои не се засновани на официјални информации од меѓународните здравствени институции. Досегашните анализи и официјални инофрмации на СЗО која ја одобри оваа вакцина, покажуваат дека истата е ефикасна 51 проценти при заштита на асимптоматските случаи и штити 100 отсто од развој на тешка форма на болеста, велат од МЗ.

Министерот Филипче вели дека се уште е рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Тоа ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу од епидемиолошката ситуација во земјава.

– Најважно е дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и оти се спремни сите сценарија за почеток на школската година, изјави вчера Филипче по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

вакцини делта сој Ковид-19 Македонија МЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.