Аргентина и Бразил ќе играат во финалето (11 јули) на годинашното издание на Копа Америка. „Гаучосите“ ноќеска во Бразилија ја елиминираа Колумбија на пенали по нерешените 1:1 во основните 90 минути од средбата.

Водство на Аргентина ѝ обезбеди Лаутаро Мартинез во седмата минута по асистенција од Лионел Меси, а израмнувачкиот гол за Колумбијците беше дело на Луис Дијаз во 60-та минута.

Во пенал-серијата Аргентинците постигнаа три гола, а Колумбијците два.

Ден пред финалето ќе играат Колумбија – Перу за третото место на турнирот.