Author: Sashko

Александар Филиповски бара поддршка од СДСМ во трката за градоначалник на Аеродром на претстојните локални избори во Македонија. Вели оти има квалитетна програма на која работел во изминатиот период, а во насока на Општината да биде сервис на граѓаните во вистинска смисла. – Ја прифатив номинацијата од страна на многу членови од сите месни организации во ОО Аеродром. Време е за нова енергија, заедно да работиме за #НајдобротоЗаАеродром. Ја барам поддршката од Социјалдемократскиот сојуз за мојата кандидатура за градоначалник на Општина Аеродром. Подготвивме навистина квалитетна програма за наредните четири годинии. Целото мое знаење и искуство ќе го вложам во градење…

Read More

Во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа – Палиури, на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Северна Македонија, откако, од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а неговиот сопатник е повреден, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека околу 6:20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани на Северна Македонија, а…

Read More

Американскиот експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи изјави дека 99,2 проценти од луѓето кои починале во САД од последици од ковид-19 не биле вакцинирани. Тој за „Ен-Би-Си“ изјави дека е тажно и трагично што повеќето од овие смртни случаи можело да бидат избегнати со вакцината, а тоа не се случило. Фаучи апелира до граѓаните да ги остават настрана сите разлики и да разберат дека ковид-19 е заеднички непријател. Од почетокот на пандемијата со ковид-19, во САД починаа над 621.000 лица.

Read More

Завршија финалните натпревари од кошаркарските олимписки квалификации. Нивни победници се репрезентациите на Словенија, на Германија, на Италија и на Чешка кои ги добија последните четири билети за Олимписките игри во Токио. Така, стана познат и конечниот состав на групите за олимпискиот турнир. Група А: Иран, Франција, САД, Чешка. Група Б: Австралија, Германија, Италија, Нигерија. Група Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, Словенија. Најдобрите два тима од секоја група ќе одат во четврт-финале, како и две најдобри третопласирани селекции. Олимпискиот турнир во кошарка ќе се одржи од 25 јули до 7 август.

Read More

Во Црна Гора, на крајот на мај оваа година, се регистрирани 56.385 невработени лица во Заводот за вработување или речиси 21.000 повеќе отколку на денот на прогласување на пандемија на ковид-19 на 14 март лани минатата година, кога имало 35.429. Ако се споредат податоците од мај минатата година и мај годинава, бројот на невработени се зголеми за 14.191 лице, од ланските 42.194 лица на 56.385 лица, додека стапката на невработеност се зголеми од 17,89 проценти на 24,3 проценти, пишува „Побједа“. -Според официјалната статистика, најголем пад на бројот на вработени е забележан во активностите на трговија на големо и мало и…

Read More

Операцијата врз Папата Франциск е успешна и тој се чувствува добро, соопшти официјален Ватикан. Тој беше примен во болница во Рим вчера попладне поради закажана интервенција на дебелото црево. Портпаролот на Ватикан Матео Бруни изјави дека 84-годишниот Папа страда од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево. Операцијата беше извршена во римската болница Гемели, институција каде се лекуваат папите. Ова е прва хоспитализација на Папата Франциск по неговата инаугурација во 2013 година.

Read More

Поранешен одгледувач на шеќерна трска во Порторико влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасен човек во светот, само неколку недели пред да го прослави својот 113. роденден. Емилио Флорес Маркез е роден на 8 август во 1908 година во Каролина, Порторико. Во средата, кога официјално влезе во Гинисовата книга, имаше 112 години и 326 дена. Маркез беше во брак со Андреа Перез цели 75 години, до нејзината смрт во 2010 година. Тие имаа четири деца. Маркез сега има и пет внуци и пет правнуци. Тој изгубил поголем дел од слухот, а на 101 година вградил пејсмејкер. Сега е во добра…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во пладневните и попладневните часови ќе има зголемена облачност и претежно во северозападните делови појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 32 степени. Следните денови претстои сончево време со повисоки температури. Во следните три дена времето ќе биде претежно сончево…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче од трибината на СДСМ во Охрид апелира до сите граѓани да се вакцинираат. Потребна нѝ е, вели тој, здрава нација за здравството да може да се занимава и со други работи, освен со пандемијата. – Соочени сме со еден голем предизвик, а тоа е масовната вакцинација. Апелирам до сите да се вакцинирате. Потребна ние е здрава нација и здрави граѓани, потребно ни е здравството да може да се занимава со други работи, освен со пандемијата, истакна потпретседателот на СДСМ на трибината под мотото „Најдоброто за нашата општина“. Филипче, покрај за имунизација на населението, говореше и…

Read More

Повозрасна македонска државјанка е спасена од давење во познатиот албански пристаншен град Шенѓин, каде била на одмор. – Станува збор за 70-годишна жена од Северна Македонија на која на помош и притекнале капачи кога почнала да се дави. Ја извадиле на брегот, по што веднаш била пренесена за потребна лекарска помош во болницата во Лежа, пренесува Ора њуз. Според истиот извор, македонските, заедно со косовските туристи се најбројни на плажите долж албанското крајбрежје. Поголем процент одмараат во Шенѓин, поради богатата борова шума и климата која е идентична со онаа во црногоското одморалиште Улцињ. Друга македонска туристка, пак, била ограбена во Валона.…

Read More

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за воведување на рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот. Во исто време, од денеска почнува и вакциницијата на вработените во основните и средни училишта во државата. – Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/22 година, соопшти Министерството за здравство. Оваа недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високообразовните институции.

Read More

Берлин денеска е виртуелен домаќин на осмиот самит на Берлинскиот процес, на кој една од главните теми ќе биде изградбата на заеднички регионален пазар на Западен Балкан. На учесниците ќе им се обрати Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји. Комесарот за односи со Западен Балкан при германското Министерство за надворешни работи и поранешна амбасадорка во Албанија, Сузана Шиц за „Дојче Веле“ изјави дека на самитот ќе се разгледуваат следните чекори за изградба на заеднички регионален пазар што беше договорен од лидерите на Западен Балкан на самитот во ноември во 2020 година и се однесува на четири основни слободи: слободно движење…

Read More