Американскиот експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи изјави дека 99,2 проценти од луѓето кои починале во САД од последици од ковид-19 не биле вакцинирани. Тој за „Ен-Би-Си“ изјави дека е тажно и трагично што повеќето од овие смртни случаи можело да бидат избегнати со вакцината, а тоа не се случило.

Фаучи апелира до граѓаните да ги остават настрана сите разлики и да разберат дека ковид-19 е заеднички непријател.

Од почетокот на пандемијата со ковид-19, во САД починаа над 621.000 лица.