Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит на Берлински процес: Изградба на заеднички пазар на З. Балкан како главна тема

0
By Sashko on July 5, 2021 СВЕТ
Фото: europeanwesternbalkans.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 5, 2021 07:33

Берлин денеска е виртуелен домаќин на осмиот самит на Берлинскиот процес, на кој една од главните теми ќе биде изградбата на заеднички регионален пазар на Западен Балкан. На учесниците ќе им се обрати Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.

Комесарот за односи со Западен Балкан при германското Министерство за надворешни работи и поранешна амбасадорка во Албанија, Сузана Шиц за „Дојче Веле“ изјави дека на самитот ќе се разгледуваат следните чекори за изградба на заеднички регионален пазар што беше договорен од лидерите на Западен Балкан на самитот во ноември во 2020 година и се однесува на четири основни слободи: слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, што треба да се постигне до 2024 година.

Шиц додаде дека Советот за регионална соаботка (РКЦ) и Секретаријатот на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) се особено ангажирани во спроведување на Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар.

Берлинскиот процес почна во 2014 година со цел да се промовира регионалната соработка и со тоа да се забрза приближувањето на земјите од Западен Балкан и ЕУ.

Конкретните резултати се укинување на роаминг давачките во Западен Балкан од 1 јули, проширување на инфраструктурата за транспорт и енергија и нејзино поврзување со коридорите на ЕУ и формирање на Регионална канцеларија за млади (RYCO).

Економскиот и инвестициски план на Европската комисија за Западен Балкан од октомври 2020 година предвидува употреба до девет милијарди евра од Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА III), додека со помош на гаранции дополнителни инвестиции до 20 милијарди ќе се мобилизираат евра од приватниот сектор како и европски и меѓународни финансиски институции.

Како дел од Берлинскиот процес досега се одржани седум самити: во Берлин (2014 година), Виена (2015), Париз (2016), Трст (2017), Лондон (2018), Познан (2019), а во 2020 г. домаќин беше Софија, но поради пандемијата, самитот се одржа во онлајн формат.

берлински процес Западен Балкан Регионален пазар Самит Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.