Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Министерот за здравство Венко Филипче вчера беше во посета на Славица која боледува од автосомно ресецивно заболување – спинална мускулна атрофија (СМА). Фотографии од средбата „закачи“ на неговиот профил на Фејсбук, со порака за поддршка, но и верба дека нејзиното здравје значително ќе се подобро со Рисдиплам, лек кој првпат се одобрува во Македонија за возраснби пациенти со (СМА). – Славица е храбра жена чиј животен пат не е лесен. Кај неа уште од дете е дијагностицирано автосомно ресецивно заболување спинална мускулна атрофија. За пациентите како Славица во изминатите години направивме многу. Во тек е постапка за регистрирање на нејзината состојба…
Најмалку 17 војници загинаа во пад на филипински воен авион од типот „Ц-130“ на југот на земјата, откако пилотот ја промаши пистата за време на слетување по што леталото веднаш се запали, изјави денеска началникот на армијата, пренесе агенцијата ДПА. – Најмалку 40 војници се спасени во несреќата до која дојде на островот Џоло, на 1.000 километри јужно од Манила. Вложуваме максимални напори да ги спасиме сите, изјави генерал Цирилито Собејана, началник на Генералштабот на вооружените сили. Собејана кажа дека авионот „Ц-130“ пренесувал војници кога ја промашил пистата и се урнал додека „се обидувал да ја врати силата на моторите“.
Ураганот „Елса“ денеска ги погоди Карибите и со силни ветрови се заканува со ново уништување на Хаити, чии ресурси се мобилизирани за борба против насилството на бандите. „Елса“, првиот ураган во Атлантикот оваа сезона, е прва категорија од скалата Сафир-Симпсон од вкупно 5 и малку ослабна во текот на ноќта, со налети на ветер до 120 километри на час. Во 8 часот беше јужно од островот Хиспанола, на кој се наоѓаат Хаити и Доминиканска Република, и се движеше кон северозапад, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ). Според предвидувањата на НХЦ, „Елса“ ќе стигне до јужниот брег на Хиспанола и…
Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Долж Повардарието и на истокот ќе дува умерен ветар од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14 степени, а максималната ќе достигне 33 степени. Утре во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време…
Фудбалската репрезентација на Данска се пласира во полуфинале на Европското првенство по триумфот попладнево во Баку над селекцијата на Чешка со 2:1. За Данците ова ќе биде трето полуфинале во историја, прво по сензационалниот триумф на турнирот во 1992 година на кој настапија наместо поранешна Југославија, а на крајот успеаја да го понесат и трофејот. Стрелци за Данска беа Томас Дилејни во петтата минута и Каспер Долберг во 42-та минута, додека единствениот за Чесите беше дело на Патрик Шик во 49-та минута. Меѓу позабележителните ликови во данскиот состав, секако, е голманот Каспер Шмајхел кој имаше неколку извонредни интервенции во второто…
Италијанската полиција заплени неколку канали и сметки од апликацијата за разговор „Телеграм“, преку кои криминалци нуделе дигитални сертификати за вакцинација за патувања во рамките на Европската унија (ЕУ). – Вкупно биле вклучени 10 канали и сметки што ги воделе корисниците до анонимни сметки на пазарите на темната мрежа, дел од Интернет кој не е достапен со редовно прелистување, објави денеска финансиската полиција на Гвардија ди Финанза во Рим. Продавачите во онлајн продажба наводно нуделе дигитални сертификати во замена за плаќање во крипто-валути. Сертификатите се доказ за целосна вакцинација против ковид-19 и се важни за патувања во рамките на ЕУ. Тие…
Регионалниот совет за соработка (РСС) предупредува дека Регионалниот договор за роаминг на Западен Балкан е јасен и дека трошоците за роаминг од 1 јули годинава треба да бидат 0, односно да нема трошоци за роаминг. – Загрижени граѓани постојано ни јавуваат и велат дека одделни оператори не ги известуваат за тоа дека од 1 јули 2021 нема повеќе трошоци за роаминг, дека пораките се неодредени и комплицирани, а особено оние врзани за користење на мобилни податоци, односно интернет. Ги повикуваме телеком операторите и националните регулаторни тела да обезбедат адекватни известувања, како и примена на договорот. Покрај тоа, граѓаните се советуваат…
Американскиот претседател Џо Бајден направи нешто невообичаено на состанокот во Белата куќа со израелскиот претседател во заминување Рувен Ривлин. Тој клекна пред шефицата на кабинетот на Ривлин кога слушна дека има 12 деца. На изненадување на Ривлин, Бајден, кој е татко на четири деца, клекна и ја наведна главата за да изрази почит. Моментот го фотографираше член на прес-одделот на Владата на Израел, пренесуваат израелските медиуми. Ривлин на прошталната средба со Бајден, бидејќи неговата посета на САД беше последна на функцијата претседател на државата, рече дека Ривка Равиќ (45), кој со години му е клучен советник, покрај одговорната работа, се…
Поради зголемениот број случаи на заразени со ковид-19 во Русија, претседателот Владимир Путин воведе одредба со која им се дозволува на граѓаните на Москва да одат во кафулиња и ресторани само со ковид-потврда, односно доказ дека се вакцинирани или биле заразени. Одредбата стапува на сила од понеделник. Досега се издадени 2,5 милиони пропусници на 12 милиони жители, пишува „Блумберг“. Висок владин службеник информира дека ограничувањето може да важи и за продавниците, местата за забава и јавниот превоз доколку бројот на заразени продолжи да расте. Русија објави рекорден број смртни случаи од ковид-19 во последните пет дена по ред, а во…
Во последните 24 часа се направени 3.028 тестирања на ковид-19, а регистрирани се шест нови случаи – по два во Скопје, во Битола и во Кичево. Не се регистрирани починати пациенти, ниту, пак, оздравени, соопшти Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Направени се 3.028 тестови преку ИЈЗ – 95, преку ЦЈЗ Скопје – 22, преку ЦЈЗ Битола – 49, преку ЦЈЗ Прилеп – 32, прекју ЦЈЗ Тетово – 7, преку ЦЈЗ Куманово – 17, преку ГОБ „8 септември“ – 11, преку Институт за микробиологија – 14, преку МАНУ – 47, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип…
Судија на Ватиканскиот суд денеска нареди судење за десет лица, вклучувајќи и италијански кардинал, за наводни кривични дела, меѓу кои проневера, перење пари, измама, изнуда и злоупотреба на службената положба. Меѓу обвинетите се најде и кардиналот Анџело Бечиу, поранешни шефови на заедницата за финансиско разузнавање во Ватикан и двајца италијански брокери вклучени во набавка на зграда во луксузен дел од Лондон за потребите на Ватикан. Бечиу, кого минатата година Папата Франциск го отпушти од функцијата, за време на двегодишна истрага тврдеше дека е невин. Тој стана највисок функционер на црквата во Ватикан кој е обвинет за наводни финансиски злосторства. Италијанските…
Методот за слабеење кој во последниот период го креира принципот „заклучување“ на вилиците, уште пред неговата масовна употреба се соочи со дилемите, не дали е ефикасен туку дали е хуман?! Таканаречениот „Dental Slim Diet Control” користи магнети кои се „зацементирани“ за задните заби и спречуваат отворање на устата повеќе од 2 милиметри. Стручњаците од Универзитетот во Онтаг, Нов Зеланд велат дека средството е ефикасно, бидејќи го ограничува оној што го носи да прима само течна храна, говорот е овозможен и не го попречува дишењето. При првото практикување на изумот, творците велат го носеле две недели и во просек ослабеле 6,36…