Најмалку 17 војници загинаа во пад на филипински воен авион од типот „Ц-130“ на југот на земјата, откако пилотот ја промаши пистата за време на слетување по што леталото веднаш се запали, изјави денеска началникот на армијата, пренесе агенцијата ДПА.

– Најмалку 40 војници се спасени во несреќата до која дојде на островот Џоло, на 1.000 километри јужно од Манила. Вложуваме максимални напори да ги спасиме сите, изјави генерал Цирилито Собејана, началник на Генералштабот на вооружените сили.

Собејана кажа дека авионот „Ц-130“ пренесувал војници кога ја промашил пистата и се урнал додека „се обидувал да ја врати силата на моторите“.