Министерот за здравство Венко Филипче вчера беше во посета на Славица која боледува од автосомно ресецивно заболување – спинална мускулна атрофија (СМА). Фотографии од средбата „закачи“ на неговиот профил на Фејсбук, со порака за поддршка, но и верба дека нејзиното здравје значително ќе се подобро со Рисдиплам, лек кој првпат се одобрува во Македонија за возраснби пациенти со (СМА).

– Славица е храбра жена чиј животен пат не е лесен. Кај неа уште од дете е дијагностицирано автосомно ресецивно заболување спинална мускулна атрофија. За пациентите како Славица во изминатите години направивме многу. Во тек е постапка за регистрирање на нејзината состојба во регистарот за ретки болести, за да може да го добие лекот Рисдиплам. Овој лек за првпат се одобрува во нашата држава за возрасните пациенти со СМА. Сите пациенти со дијагностицирана спинална мускулна атрофија сега се згрижени со терапија. На Славица ѝ посакувам сè најдобро, верувам дека со новите достапни лекови нејзиното здравје значително ќе се подобри, напиша Филипче на Фејсбук.