Author: Sashko

Со своите импресивни 220 метри должина, новата јахта чие име е „Сомнио“, што на латински значи сонувам, треба да е најголемата воопшто. Како готов производ се очекува во 2024 година и дело е на компаниите „Винч Дизајн“ и „Тилберг Дизајн“ од Шведска, иако јахтата ја изработува норвешкиот дизајнер и градител на бродови „Вард“ по цена од околу 600 милиони долари. Гигантското пловило на шест спратови ќе има 39 апартмани, ресторани, барови и клубови на бродската плажа. Постапката за купување апартман е само по препорака, а цените почнуваат со цена над 11 милиони долари. Портпаролот на проектот за „Си-Ен-Ен травел“ потврдил…

Read More

Убедена сум дека иднината на Западен Балкан e во вистинска обединета Европа, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по повод претстојниот виртуелен самит од Берлинскиот процес, закажан за понеделник, на кој домаќин е Германија. Меркел, во видео порака, кажа дека е среќна, иако тоа ќе биде само виртуелен состанок, што ќе и овозможи да продолжи да работи со шефовите на држави и влади на Западен Балкан, процес што беше почнат во 2014 година, како Берлински процес, на иницијатива на Германија. Таа посочи дека е постигнато многу од воспоставувањето на Берлинскиот процес, чија цел е да даде конкретен придонес кон стабилноста во…

Read More

Од утре следува период на стабилно време, освен в понеделник кога во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи, а температурите ќе бидат во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието и на истокот ќе дува умерен северозападен, а во западните делови слаб западен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8. Од понеделник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Најтопло ќе биде в среда, со максимална температура од 29 до 37 степени.

Read More

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 484.220 граѓани. – На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 358.686 граѓани. Прва доза на вакцина вчера примиле 11.299 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.732 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 586.537 дози на вакцини, а ревакцинирани се 227.851 граѓани. Со последните бројки, 53 отсто од населението над 70 години, 50 отсто од населението над 65 години и 45 отсто од населението…

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден спроведе зајакнати акциски контроли во сообраќајот на територијата на државата, при што се санкционирани 119 возачи кои управувале автомобил под дејство на алкохол. Од МВР информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. – Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

Read More

Од 12 јули до 20 август, Охрид ќе диши во духот на 61-то издание на најголемиот и најреномиран Фестивал „Охридско лето“. На сцената ќе продефилираат над 500 уметници од 18 земји, а програмата вклучува врвни концерти со светски познати имиња, македонски уметници со светска слава, театри и повеќе национални оркестри. – Гордост, но и голема одговорност, е да се зборува за врвна програма во време на ковид-пандемија кога секој настан се реализира по строго утврдени заштитни мерки. Минатата година како тим покажавме дека можеме да се справиме со сите предизвици и да се заштитиме од сите опасности што ги носи…

Read More

На изложбата во Музејот на Град Скопје на чие отворање синоќа присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов, се изложени дела од петнаесет меѓународни автори кои беа селектирани на отворен конкурс од кураторот Пјетро дела Џустина. Изложбата, во организација на Град Скопје, ќе биде отворена еден месец. – Градот Скопје како дел од меѓународниот проект CreArt, Мрежата на градови за уметничко творештво, изминатите четири години ги искористи за да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници. Со овој проект, Град Скопје внесува иницијативи во културниот живот во Скопје во полето на визуелните уметности преку воспоставување нови меѓународни…

Read More

Четириесет и седмото издание на фестивалот на народни инструменти и песни„ Пеце Атанасовски“, ги разлеа звуците на оригиналната гајда на Атанасовски по цели 25 години. На фестивалот учествуваат сто и шеесет изведувачи, а вечерва продолжува со таканаречената „Вечер на Рудина, во Долнени. – Гајдата на Пеце ни ја даде семејството Атанасовски за да видиме во каква состојба е, да се „наштелува“ инструментот и да засвириме. И ете по 25 години на фестивалот го разлеав нејзиниот звук и може да кажам одлична е, не загубила од „сјајот“ кога свирела во рацете на мојот ментор, мојот идеолог, пред кого бев успешен млад…

Read More

Кој вели дека политичарите немаат чувство за уметност?! – „Демант“ на ова стигна вчера од професорот, академик и поранешен пратеник, а сега и мозаичар, Изет Зеќири. Неговата прва поставка на мозаици, пред сè, со мотиви од историјата на Албанците е поместена во Уметничката галерија во Тетово со наслов „Мозаик со делови од животот“. Поставката ја сочинуваат над 50 мозаици и ќе биде отворена за посетители до седми јули.

Read More

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средни училишта во државата, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ). – Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/22 година, се додава во соопштението. Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо-образовните институции.

Read More

Советот на Европската Унија (ЕУ) мора да најде начин за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија, бидејќи мора да ја искористиме шансата сега, но, исто така, тоа е и наша обврска. Вашата земја испорача, а и Албанија исто така, и сега редот е на Европската Унија. Ова во интервју за МИА го вели Кнут Флекенштајн, германски политичар и поранешен член на Европскиот парламент. Член е на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која е дел од Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Тој беше и еден од иницијаторите на „Жан Моне“ процесот во земјава, со цел подобрување…

Read More

Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија со силна порака до македонската опозиција, сите кочничари на евроинтегративните процеси на земјава и негатори на решението за тридеценискиот спор со соседна Грција. Во интервју за „360 степени“, тој нагласи – Договорот од Преспа е завршена работа. – Договорот од Преспа е завршена работа. Дојдовме во Охрид за да ја прославиме и истакнеме важноста на Преспа и што претставува тоа. Направи значајни разлика, не само што отстрани препреки на патот, туку овозможи и зголемување на соработката во регионот, придонесе за енергетска сигурност, за трговија, за инвестиции. Ова е уште едно долго…

Read More