Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба „Што би се случило ако ?“ во Музеј на град Скопје

0
By Sashko on July 3, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 3, 2021 11:32
На изложбата во Музејот на Град Скопје на чие отворање синоќа присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов, се изложени дела од петнаесет меѓународни автори кои беа селектирани на отворен конкурс од кураторот Пјетро дела Џустина. Изложбата, во организација на Град Скопје, ќе биде отворена еден месец.
– Градот Скопје како дел од меѓународниот проект CreArt, Мрежата на градови за уметничко творештво, изминатите четири години ги искористи за да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници. Со овој проект, Град Скопје внесува иницијативи во културниот живот во Скопје во полето на визуелните уметности преку воспоставување нови меѓународни партнерства и размени. Истовремено, им овозможуваме учество на уметниците и кураторите од Скопје во програмските активности, да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми кои се одржуваат во јавни и приватни културни институции во градовите-партнери во проектот, истакна Шилегов.
Оваа година, Град Скопје промовира уште една активност на проектот CreArt. Тоа е големата „Европска изложба“ поставена во Музејот на Град Скопје, а во чија презентација учествуваа уште два партнерски града, Авеиро од Португалија и Џенова од Италија. Изложбата има за цел да го промовира и рефлектира еден од основните приоритети на проектот – на едно место да бидат собрани десетици креативни таленти од Европа со нивните различни културни багажи и различни гледишта.

На поставката можат да се видат дела на уметниците Аисте Амбражевичиуте, Хорхе Пелигро, Родриго Малвар, Серена Граси, Симон Попиелец, Анти-кул, Весна Саламон, Бернард, Дарко Алексовски, Жан Ромео Камптчуанг, ОПА (Опсесивна посесивна агресија), Полиморф, Валентина Траверс, Сара Вигиер и Стефано Серета.

Град Скопје изложба Македонија Музеј на Град Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.