Published: Saturday, July 3, 2021 11:17
Кој вели дека политичарите немаат чувство за уметност?! – „Демант“ на ова стигна вчера од професорот, академик и поранешен пратеник, а сега и мозаичар, Изет Зеќири.
Неговата прва поставка на мозаици, пред сè, со мотиви од историјата на Албанците е поместена во Уметничката галерија во Тетово со наслов „Мозаик со делови од животот“.
Поставката ја сочинуваат над 50 мозаици и ќе биде отворена за посетители до седми јули.




