Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Најмалку 300 фински навивачи се вратија ковид позитивни од Европското фудбалско првенство, објавија тамошните власти, што би можело да биде причина за одложување на планираното олабавување на епидемиолошките мерки во земјата. Дневниот број на новозаболени во Финска од 50 се збголеми на преку 200 во минатата недела, ниво што се очекува да продолжи да расте, предупредија властите. Јасно е дека пораст на нови случаи се должи на враќањето на навивачите од фудбалското ЕП, тврди Мика Салминен од здравствениот Институт на Финска. – Проучувајќи ја нивната возраст, јасно е дека многу од нив не примиле две дози од вакцината против ковид,…
Претседателот Стево Пендаровски утре и задутре ќе престојува во дводневна официјална посета на Хрватска. Шефот на државата ќе биде пречекан во Загреб од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата шефови на држави и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Шефот на државата Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. В четврток, претседателот Пендаровски ќе се обрати на билатерална деловна средба – со фокус на инвестиции која се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и…
Нè избркаа како кучиња, обвинуваат стотината вработени во штипска „Баргала“ кои пред неколку дена добија отказни решенија од компанијата со образложението дека го прекршиле работниот ред и дисциплина. Тие негираат такво нешто и сметаат дека неосновано им е прекинат работниот однос за што денеска и поднесоа приговори во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). – Ме пуштија дома и ми рекоа дека ќе бидам на повик. Наместо тоа, добив отказ бидејќи на 16 јуни не сум била на работа, а на 11-ти бев. Ова не е вака само сега, вака е секогаш, обвинува Македонка Данева која ја делат четири месеци…
По европскиот шампион, дома си оди и светскиот. Франција имаше игра и имаше два гола предност во осминафиналниот дуел со Швајцарија со Букурешт, но „триколорите“ се сами виновни што го завршија настапот на Европското првенство уште на првата пречка во нокаут фазата. По основните 90 минути на Националната арена во романската престолнина беше 3:3, продолженијата минаа без голови, па се мина на пенал рулет. Швајцарците ги погодија сите пет удари од белата точка, „триколорите“ беа прецизни во четирите серии, за одговорноста во петтата да падне без Килијан Мбапе, кој беше „прочитан“ од Зомер за еуфорија меѓу швајцарските навивачи. Французите се…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска, со помош на инструктор, леташе со параглајдер за време на меѓународниот натпревар „Маврово Опен“. – Дваесет години се обидував да најдам храброст за оваа прилика и сега ми е криво што тоа не сум го направила порано, рече министерката. Таа додаде дека не чувствувала страв, затоа што се било добро организирано. – Секому го препорачувам и во поглед на убавината овде во Маврово и во поглед на адреналинот. Но, треба да се оди во сигурни траце, нагласи министерката за одбрана по летот со параглајдер.
Претседателот на Српската народна партија и нејзиното раководство неодамна бреа во Претседателството на Србија за да се „пресметаат“ со претседателот Александар Вучиќ, а денеска на Твитер објавија и видеоснимка од инцидентот кој беше на раб да прерасне во тепачка. Опозициските политичари се појавија во зградата на Претседателството по „повик“ од Вучиќ „да дојдат да го линчуваат“. Откако пред два дена се огласи Јеремиќ велејќи дека отишол кај претседателот да го праша „дали е нормален“, бидејќи го повикал на тепачка и дека притоа Вучиќ „му се внесол во лице и го пцуел“. Соработникот на Вучиќ, Милош Вучевиќ, пак, истакна дека работите…
Шпанија се пласира во четврт-финале на Европското фудбалско првенство по триумфот по продолженија над Хрватска со 5:3. Мечот во основниот дел заврши без победник – 3:3. „Фуријата“ во 77 минута имаше комотни 3:1 и многумина во тие моменти ја видоа како четвртфиналист, но „коцкестите“ со головите на Мислав Оршиќ во 85 минута и на Марио Пашалиќ во судиското екстра време се изборија за дополнителни 30 минути фудбал на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. А, во нив Шпанците со два гола ја запечатија судбината на Хрватска. Првиот беше дело на оспоруваниот Алваро Мората во 100-та минута, а три минути по него погоди…
Белорусија, во знак на протест против воведените санкции, соопшти дека го прекинува своето учество во Источното партнерство на ЕУ, кое има за цел да ги приближи Европејците и поранешните советски републики. – Не можеме да ги исполниме нашите обврски од овој договор во контекст на санкциите и ограничувањата наметнати од ЕУ“, се вели во соопштението на белоруското Министерство за надворешни работи. Во него се додава дека почнато е со „спроведување на суспензијата“. Европејците ги засилија санкциите против Минск во врска со репресиите на големите протести предизвикани од реизборот на претседателот Александар Лукашенко во август во 2020 година, за кој сметаат…
По потврденото вето од Бугарија за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија (ЕУ), пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на Социјалдемократската партија и водач на пратеничката група за Западен Балкан, Јосип Јуратовиќ порачува С. Македонија да не се откажува од реформите, затоа што преговорите кога-тогаш ќе почнат. Освен во Бугарија, вели тој, политички сили кои се противат на проширувањето има во секоја земја од ЕУ, но на потег е Европскиот парламент со проширена одговорност, вели Јуратовиќ во разговор за ТВ Клан Македонија. Тој се залага за поединечно пристапување во Унијата, наместо во пакети како што е случај со Албанија…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ почна со одбрана на титулата на Вимблдон со победа во четири сета (4:6, 6:1, 6:2, 6:2) над Британецот Џек Драјпер за што му беа потребни два часа. Британскиот дебитант на грен-слем турнирите во третиот гем од првиот сет направи брејк што успеа да го сочува за водство со 1:0 по сетови. Ѓоковиќ на тоа одговори со подигнување на нивото на игра, направи по два брејка во наредните три сета за конечен триумф. Нареден ривал на Ѓоковиќ ќе биде победникот од дуелот меѓу Чилеанецот Марсело Вера и Кевин Андерсон од Јужна Африка. За изненадување на денот…
Една од најдобрите спортистки на поранешна Југославија, атлетичарката Вера Николиќ, почина во Белград на 73-годишна возраст, јавија денеска српските медиуми. Поранешната светска и европската рекордерка на 800 метри доживеа мозочен удар на почетокот на оваа година и оттогаш беше во индуцирана кома. Родена во 1948 година во српското село Грабовац, Николиќ дебитираше во југословенскиот дрес на 16-годишна возраст. На Европското првенство во 1966 година во Будимпешта го освои златниот медал, а успехот го повтори пет години подоцна во Хелсинки. Во јули 1968 година, Николиќ го собори светскиот рекорд на трката на 800 метри, кој остана во нејзината сопственост до 1971 година. Неколку пати…
Полската католичка црква, во својот последен извештај за случаите на сексуално злоставување на малолетни лица, наведе дека во периодот од 2018 до 2020 година, најверојатно биле злоставувани над 368 момчиња и девојчиња од 292 припадници на свештенството. Извештајот, објавен денеска, доаѓа во момент кога Ватикан ги истражува извештаите за сексуално насилство и недостиг на одговор од црковните водачи во Полска, претежно католичка земја каде што свештенството е високо ценето. Ватикан неодамна казни неколку полски бискупи и надбискупи за небрежност и им забрани да вршат црковни служби. На виртуелна прес-конференција, поглаварот на полската римокатоличка црква, архиепископот Војчех Полак повторно се извини…