Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ почна со одбрана на титулата на Вимблдон со победа во четири сета (4:6, 6:1, 6:2, 6:2) над Британецот Џек Драјпер за што му беа потребни два часа.

Британскиот дебитант на грен-слем турнирите во третиот гем од првиот сет направи брејк што успеа да го сочува за водство со 1:0 по сетови. Ѓоковиќ на тоа одговори со подигнување на нивото на игра, направи по два брејка во наредните три сета за конечен триумф.

Нареден ривал на Ѓоковиќ ќе биде победникот од дуелот меѓу Чилеанецот Марсело Вера и Кевин Андерсон од Јужна Африка.

За изненадување на денот се погрижи Американецот Френсис Тијафо кој во три сета (6:4, 6:3, 6:3) го елиминира грчкиот тенисер Стефанос Циципас.