Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска, со помош на инструктор, леташе со параглајдер за време на меѓународниот натпревар „Маврово Опен“.

– Дваесет години се обидував да најдам храброст за оваа прилика и сега ми е криво што тоа не сум го направила порано, рече министерката.

Таа додаде дека не чувствувала страв, затоа што се било добро организирано.

– Секому го препорачувам и во поглед на убавината овде во Маврово и во поглед на адреналинот. Но, треба да се оди во сигурни траце, нагласи министерката за одбрана по летот со параглајдер.