Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Со моментно вакцинираните граѓани, нешто под 300.000 и планираната уште толкава бројка да се вакцинираат до крајот на летото, ќе се постигне процент на имунизирано население за кој може да се каже дека е колективен имунитет, изјави министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција со кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо, кој донира медицинска опрема за пренамена на одделенија во Клинички центар. – Што се однесува до колективен имунитет, со оваа динамика кога се даваат околу 15.000 – 20.000 вакцини на ден и кога очекуваме поголем контингент од 600.000 дози на вакцини од „Фајзер“ и 500.000 кинески вакцини и…
Билатералните прашања не смеат да се користат за блокирање на европскиот пат. Такви прашања можат да се решаваат во меѓувреме, но билатерално не може да бидат поврзани со преговорите. Европскиот пат не смее да биде жртва или заложник на политиката и на историските расправии. Европската Унија е создадена врз принципите на плурализам и единство во различностите, а билатералните историски прашања треба да бидат само билатерални, вели словенечката европратеничка Ирена Јовева во интервју за МИА, коментирајќи ги блокадите на евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија. Јовева, која е со македонско потекло, доаѓа од редовите на политичката група Ренесанса на Европа во…
Австралиските власти почнаа со евакуација на неколку стотици осуденици од затвор во сојузната држава Нов Јужен Велс поради наезда на глувци. Како што соопштија тамошните власти, затворениците ќе бидат префрлени на друго место додека не се санира штетата предизвикана од глодарите. – Здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените и на притворените лица се наш врвен приоритет. Затоа е важно да се дејствува што е можно побрзо за да се отстрани ова, соопштија надлежните. Глувците оштетиле sидови и кабли во затворот во градот Велингтон. Повеќе од 400 затвореници и 200 вработени ќе бидат префрлени во други установи до крајот на јуни.
На првиот ден од летото и Светскиот ден на музиката, вчеравечер започна 42. издание на фестивалот „Скопско лето“, што секоја година традиционално се одржува од 21 јуни до 31 јули. Фестивалот започна со операта без зборови „Од оркестарот за публиката“, што се одржа во салонот на Националната опера и балет, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. – Скопско лето е синоним за масовна посетеност и исполнетост со активна публика. Убеден сум дека и оваа година ќе биде така, затоа што програмата што ја нуди, доминира со квалитет и содржини коишто немаме прилика да ги видиме…
Изјави на министерот за здравство Венко Филипче и кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Ѕуо
Шефицата на шведската дипломатија Ан Линде денеска ќе престојува во Скопје на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Посетата, пред сè, е од аспект на овогодинешното претседавање на Кралството Шведска со ОБСЕ, па оттаму разговорите меѓу Османи и Линде ќе бидат фокусирани на приоритетите на шведското претседателство, за очекувањата и тенденциите за наредниот период, како и за предизвиците на ОБСЕ што се очекува да бидат одредница за нашето претседателствување во 2023 година. Покрај овие теми, Османи и Линде ќе разговараат за евроинтегративниот процес на Македонија, при што се очекува да биде реафирмирана поддршката што Македонија ја има од…
Горан Пандев синоќа се прости од настапите за фудбалската репрезентација на Македонија. Тој им посака успех на своите досегашни соиграчи во идните квалификациски циклуси. – Чест и гордост беше за мене да го носам македонскиот дрес во изминатите 20 години. Обезбедивме пласман на Европско првенство и вечно ќе се сеќавам на овој успех со репрезентацијата. Срцето ми е полно. Нема поубаво чувство да играш на големо натпреварување во светиот дрес. Одлуката за крај со репрезентативните настапи е конечна. Не можам да играм, а да не го дадам максимумот. Чувствувам дека играњето на два фронта на 38 години за мене е…
Европската Унија (ЕУ) се подготвува да реагира за непропорционалниот однос на британска телевизиска и филмска содржина прикажана во Европа по Брегзит. Велика Британија е најголем производител на филмски и ТВ програми во Европа, со инкасирани 1,4 милијарди фунти од продажба на меѓународни права, но нејзината внатрешна доминација е опишана како закана за европската културна разновидност во документ на ЕУ до кој дојде британскиот дневен весник „Гардијан“. Според директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги, повеќето програми што се емитуваат мора да бидат европски содржини и мораат да сочинуваат најмалку 30 отсто од бројот на наслови на платформите видео-по-барање (VOD), како…
Торнадо погоди густо населено предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи, откорнувајќи многу дрвја, а предизвика оштетувања и во електричната мрежа, соопштија властите. https://www.youtube.com/watch?v=Q_3gfp_a49E Десетина лица се повредени во торнадото што започна во неделата пред полноќ. Најмалку осум лица се хоспитализирани во Напервил, гратче со 147.500 жители, каде вчера беше констатирано дека 22 куќи се уништени, а над 130 се оштетени. Официјални лица во блиската населба Вудриџ рекоа дека торнадото оштети најмалку 100 згради, а три лица се во болница.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани со затворска казна за граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19 додека неговата земја води голема битка со заразата и има преку 1,3 милиони инфицирани лица и над 23.000 смртни случаи. – Или ќе се вакцинирате или ќе одите во затвор. Вие одлучувате, им рече претседателот Дутерте на граѓаните во телевизиско обраќање по извештајот за низок одговор на вакцинациите во главниот град Манила. Заклучно со 20 јуни, целосно вакцинирани се 2,1 милион Филипинци, што е многу мал напредок со оглед на тоа што целта на владата е да вакцинира до 70 милиони луѓе…
Вакцината против коронавирус „Абдала“, една од неколкуте што ги развива Куба, покажа ефикасност од 92,28 проценти, соопшти лабораторијата што го тестираше производот. Центарот за генетско инженерство и биотехнологија, што ја разви вакцината, објаснува дека оваа ефикасност се постигнува по три дози. „Абдала“ е во последна фаза на клинички испитувања и мора да добие официјално одобрение од кубанските власти што се очекува најдоцна до почетокот на јули. Кубанскиот институт за вакцинација „Финли“ во саботата објави дека неговиот адут во борбата против ковид-19 наречен „Соберана 2“ покажал ефикасност од 62 отсто по аплицирање на две од трите дози. Поради ембаргото, Куба почна…
Министерството за внатрешни работи (МВР) уште еднаш ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем од утре (23 јуни) во 21 часот од недела (27 јуни) до 21 часот нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола). – Се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во итна постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22.06.2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06.2021…