Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Имаме респект за Македонците, имаат карактер, добар систем на игра и одличен лидер и мора да бидеме внимателни, истакна украинскиот селектор Андриј Шевченко во пресрет на утрешниот натпревар против Македонија во Букурешт (15 ч.) во рамки на второто коло од групата Ц на Европското фудбалско првенство. – Речиси секогаш играат во формација 5-3-2 и знаат да бидат опасни во контранападите. Не очекуваме никакви подароци на теренот. Играат со карактер и имаат одличен лидер, рече Шевченко на официјалната прес-конференција пред мечот. И Украина и Македонија ја дочекуваат меѓусебната пресметка на Националната арена во Букурешт со порази во воведните настап на 16-то…
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Романија буди непријатни спомени по македонската јавност во изминатите 100 и кусур години. Се таложеше горко искуство од гостувања на спортски екипи, на репрезентации, но и политички настани, пред се, во Букурешт. Дел отпаѓа на туѓо влијание, дел е по сопствена вина, па романската престолнина може слободно да се окарактеризира како неповолно тло по настапите на македонски спортски колективи и државнички делегации. Оттука, фудбалскиот натпревар против Украина в четврток на Европското фудбалско првенство е одлична можност за растерување на „мрачните сили“ (ако некој воопшто верува во такво нешто), за прекин на т.н.…
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Капитенот Горан Пандев, во свое лично име и на соиграчите од репрезентацијата, се приклучи кон пораките за поддршка на Кристијан Ериксен кој колабира на теренот за време на мечот меѓу Данска и Финска, заврши во болница каде сè уште се наоѓа и Европското првенство е завршено за него поради здравствени проблеми. Пандев, преку видеото на македонски јазик на социјалните мрежи, се обрати до Ериксен и му посака што поскоро заздравување и уште посилен да се врати на фудбалските терени.
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Мечот против Украина е како финале за нас, порача Езџан Алиоски на денешната прес-конференција во Букурешт во пресрет на вториот настап на Македонија на Европското фудбалско првенство. Фаворитската улога ја препушти на Украинците, додека за македонската селекција ја нагласи потребата од фокусот во текот на сите 90 минути, бидејќи шансите за пласман впо нокаут фазата на турнирот не се загубени по поразот од Австрија. – Украина е фаворит и добро е што е така. Има добра репрезентација што го демонстрира во мечот со Холандија во кој постигна два гола. Но, наше е…
Словенечка Мура ќе биде ривал на Шкендија во првото квалификациско коло за Лигата на шампиони на УЕФА. Ова е епилог по денешната ждрепка во Нион во која тетовци беа носители. Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје (6/7 јули), реваншот е седум дена подоцна во Словенија. Во случај да ја мине првата пречка, Шкендија, а потоа се соочи со елиминација во второто коло, тетовските „црвено-црни“ ќе продолжат во квалкификациите за Лига Европа. Доколку, пак, не успее преку Мура, македонсккиот шампион ќе продолжи во квалификациите за Конференциската лига, најново клупско натпреварување под закрила на УЕФА.
Натпреварот од второто коло во групата Ц на Европското фудбалско првенство меѓу Македонија и Украина ќе влезе во историјата како прв на континенталните турнири на кои правда ќе дели неевропски судија. Како дел од соработката меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, работата на Националната арена во Букурешт му е доверена на Аргентинецот Фернандо Андрес Рапалини кому ќе асистираат сонародниците Хуан Пабло Белати и Диего Жамил Бонфа. Во улогата на четврти судија ќе биде Словенецот Славко Винчиќ. И Македонија и Украина ќе влезат во мешусебниот дуел во Букурешт со порази во првото коло. „Црвено-жолтите“ во неделата загубија од Австрија со 1:3, додека Украинците…
Марко Арнаутовиќ ќе куртули од истрага во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за личните навреди кон Езџан Алиоски во мечот меѓу Македонија и Австрија на ЕП 2020. Напаѓачот на австриската селекција не чекаше премногу и по натпреварот го посетил Алиоски во соблекувалната и се извинил, разговарал и со капитенот Горан Пандев, а јавно извинување напиша и преку Инстаграм. – Среде емоции за време на натпреварот имаше некои жешки зборови за што би сакал да се извинам, особено на моите пријатели од Македонија и од Албанија. Не сум расист, напиша австрискиот репрезентативен напаѓач со српско потекло на Инстаграм на македонски и на…
Патрик Шик и Ромелу Лукаку се водечки стрелци на Европското фудбалско првенство. Двајцата постигнаа по два гола за Белгија, односно Чешка, но „убавецот“ во досегашните 10 меча, сепак, е на напаѓачот на чешката селекција кој од, речиси, пола терен го совлада шкотскиот чувар на мрежата Дејвид Маршал и ги запечати трите бода за Чесите. Вториот погодок на Шик во натпреварот против Шкотска може да го погледнете во видеото (3:33 минута). https://www.youtube.com/watch?v=r6b-lSMw1rA Првото коло во групата фаза на ЕП 2020 ќе биде комплетирано денеска. На програмата се мечевите од Ф конкуренцијата која го носи и дербито меѓу Франција и Германија, а…
Ѕвездата на данската репрезентација, Кристијан Ериксен, кој остана да лежи на теренот во безживотна состојба во мечот против Финска на Европското првенство, од болничкиот кревет, конечно, се огласи на социјалните мрежи и ја објави првата фотографија. Иако се чувствува многу подобро, благодарение на првата помош на лекарскиот тим, тој сè уште е хоспитализиран и подложен е на детални прегледи. – Поздрав до сите. Ви благодарам на прекрасните пораки за поддршка од целиот свет. Тоа многу ми значи мене и на моето семејство. Добар сум, со оглед на околностите. Сè уште сум во болница и мора да се направат детални контроли,…
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Букурешт во ден на натпревар и Букурешт во ден без натпревар на Европското фудбалско првенство е сосема различен град. Згора на тоа, нашиот прв контакт со романската престолнина беше во неработен ден (недела), во кој македонската репрезентација играше против Австрија во дебито на големите турнири. Заглушувачки сирени на полициски возила, припадници на жандармеријата на секој чекор, Министерството за внатрешни работи, се чинеше, ги мобилизирало сите свои единици, вклучувајќи ја коњичката која гордо парадираше околу Националната арена. Сè во насока на одржување на јавниот ред и мир и елиминирање и најмала можност за…
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Жал за поразот од Австрија, па мечот со Украина во четврток доаѓа шанса за вадење и задржување на шансите за минување на групата и пласман во нокаут фазата на 16. Европското првенство во фудбал. Ова е сублимат од импресиите на дефанзивецот Кире Ристевски кој вчерашниот настап на „црвено-жолтите“ во Букурешт го проследи од клупата. – Се претставивме во добро издание и штета е што загубивме. Се надевам дека ќе биде поинаку против Украинците и подготвени сме да изгинеме на терен за поволен резултат со кој би ги израдувале и направиле горди нашите…
За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски Не можам да кажам дека Австријците беа толку поквалитетни од нас, примивме два наивни гола од шанси што ние им ги подаривме. Одигравме добри 70 минути, но мора да останеме фокусирани во текот на сите 90, истакна напаѓачот на Мајорка и на македонската репрезентација, Александар Трајковски во анализата по поразот од Австрија во воведниот меч на 16. Европското фудбалско првенство. – Чувството да се биде дел од едно вака големо натпреварување е прекрасно. Прекрасно е што дојдоа да нè бодрат голем број на навивачи, но криво ми е што не им возвративме…