Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ристевски: Химната ме наежи, подготвени сме за украинската агресивност

0
By Sashko on June 14, 2021 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 14, 2021 14:09

За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски

Жал за поразот од Австрија, па мечот со Украина во четврток доаѓа шанса за вадење и задржување на шансите за минување на групата и пласман во нокаут фазата на 16. Европското првенство во фудбал. Ова е сублимат од импресиите на дефанзивецот Кире Ристевски кој вчерашниот настап на „црвено-жолтите“ во Букурешт го проследи од клупата.

– Се претставивме во добро издание и штета е што загубивме. Се надевам дека ќе биде поинаку против Украинците и подготвени сме да изгинеме на терен за поволен резултат со кој би ги израдувале и направиле горди нашите фанови, рече новиот стопер на кипарски АЕЛ Лимасол.

Против Украина, Ристевски очекува сличен меч како со Австрија. Наредниот ривал на Македонија на ЕП 2020в го опиша како агресивен тим кој сака да наметне свој стил и ритам на игра. Дека е во право за Украинците, се виде и во нивниот настап на „Јохан Кројф“ арена во Амстердам во кој со два прекрасни гола израмнија на „лалињата“, но, сепак, не успеаја да задржат бод.

Ристевски истакна дека бил полн со емоции при интонирањето на македонската химна на Националната арена во Букурешт, но, иако ја почитува одлуката на селекторот, сепак изрази жалење што останал на клупата за резервни фудбалери, иако статистички е најдобриот македонски дефанзивец во квалификациите.

– Селекторот реши да останам на клупа и ја почитувам неговата одлука. Имав прилика да го видам мечот и, гледајќи од страна, може да кажам дека соиграчите одиграа добар натпревар со Австрија. Ќе нема штедење ниту против Украина, ќе излеземе на терен со намера да се бориме до последен атом на силите, со надеж дека ќе успееме до позитивен резултат со кој би ги израдувале навивачите и би останале конкурентни за минување на групната фаза на првенството. Подготвени сме за македонска борба и за украинска агресивност, додаде Ристевски.

 

Австрија ЕП 2020 Кире Ристевски Македонија репрезентација спорт Украина фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.