Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хронологија: Македонија и Букурешт од Мировниот договор во 1913 година до ЕП 2020

0
By Sashko on June 15, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 15, 2021 22:29

За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски

Романија буди непријатни спомени по македонската јавност во изминатите 100 и кусур години. Се таложеше горко искуство од гостувања на спортски екипи, на репрезентации, но и политички настани, пред се, во Букурешт. Дел отпаѓа на туѓо влијание, дел е по сопствена вина, па романската престолнина може слободно да се окарактеризира како неповолно тло по настапите на македонски спортски колективи и државнички делегации.

Оттука, фудбалскиот натпревар против Украина в четврток на Европското фудбалско првенство е одлична можност за растерување на „мрачните сили“ (ако некој воопшто верува во такво нешто), за прекин на т.н. „проклетство“ и, конечно, за радост, гордост и убави вести од земјата на Дракула.

Нема да „гребеме“ длабоко под површина, туку, хронолошки, само ќе нотираме неколку, оние суштинските, важните и посвежите кога е во прашање политиката и спортот, оти ги има премногу.

Букурешки договор од 1913 година

Првиот сериозен удар од Букурешт е од 1913 година. Иако Македонија, во периодот на балканските војни, немала статус на држава за што имало силни заложби, сепак, како територија, која се нашла во средиштето на завојуваните страни во балканскиот виор и без грб, дочекала разочарувачки вести за поделба од Мировната конференција во романската престолнина. Најголемиот дел, Егејскиот го добила Грција, Пиринскиот завршил кај Бугарија, а кон Србија бил припоен Вардарскиот дел во чии граници и денеска опстојува Македонија како членка на НАТО и држава кандидат за членство во Европската Унија.

Самит на НАТО во Букурешт

По долги години, но сега како држава, Букурешт одново не беше таличен по Македонија. Седумнаесет години по распадот на Југославија и прогласената независност, македонската јавност очекуваше многу, но не доби ништо од Самитот на НАТО во главниот град на Романија. Државната делегација беше испратена од Скопје со надеж дека, заедно со меѓународниот фактор, ќе успее да издејствува омекнување на тврдите ставови на Грција околу името и да стане членка на Алијансата. Во јавноста се протнаа многу (дез)информации за подготвеноста од македонска страна за отстапки за името (опции за замена на привремената референца ПЈРМ беа Горна, Нова, Северна, Република Македонија со Скопје во заграда), меѓутоа и покрај силната дипломатска офанзива на САД, пред сè, Грција остана доследна на своите позиции, па Македонија остана во чекалната за прием.

Пораз во Букурешт и во дебито на Европските фудбалски првенства

Букурешт ќе остане забележан во аналите на македонскиот фудбал како град домаќин на дебитантскиот настап на репрезентацијата на Европските првенства. Копнеж за присуство на големата сцена на континентот стана реалност по, речиси, три децении чекање. Јавноста ги испрати фудбалерите без помпа и ги растовари од секаков императив, потајно надевајќи се дека таквиот пристап може да донесе резултат по примерот на ракометарите на Вардар кои двапати ја покорија Европа од позиција на аутсајдери на Фајналфор турнирите во Лигата на шампиони. Меѓутоа, желбите за позитивен вовед на првенството ги засени Австрија со победата од 3:1, но не ја помрачи ниту атмосферата во националниот тим, ниту ја наруши амбицијата и на играчите, на стручниот штаб и на навивачите, пред сè, да се ужива во магијата наречена Европско првенство во фудбал.

„Оружје“ во Букурешт положувале репрезентацијата, Вардар, Слога Ј., итн… 

Поразот од Австрија во Букурешт, во премиерниот меч на ЕП 2020, не е единствен на фудбалската репрезентација на Македонија. Романија го совлада „црвено-жолтиот“ тим со 4:2 и на 20 август во далечната 1997 година, во меч од квалификациите за СП 1998 во Франција. Тој натпревар се одигра на стадионот на Стеауа, а двоен стрелец за Македонија беше Мирослав Ѓокиќ.

Македонија го напушти Букурешт со пораз и на 25 март оваа година, во тековните квалификации за Светското првенство во Катар во 2022 година. Романија триумфира со 3:2 во натпревар на Националната арена, стрелци на погодоците за македонската селекција беа Аријан Адеми и Александар Трајковски.

Лоши спомени од Букурешт носат и дел од македонските фудбалски клубови, сегашни и поранешни. Стеауа ја испрати Слога Југомагнат за Скопје со победа од 3:0 во квалификациите за Лигата на шампиони за сезоната 2001/02, а со идентичен резултат и Рапид во Букурешт беше подобар од Вардар во квалификациите за Лига Европа за сезоната 2005/06.

Порази во Романија воопшто, во минатото, бележеа и репрезентациите во кошарка и ракомет во квалификациски мечеви. Низата на порази е долга, па затоа Украина во четврток е прилика за, конечно, убави вести од Букурешт.

Букурешт Договор ЕП 2020 кошарка Македонија НАТО Порази ракомет Романија Самит спорт фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.