Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алиоски пред вториот меч на Македонија на ЕП: Украина е како финале за нас

0
By Sashko on June 15, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 15, 2021 13:55

За Нова ТВ од Букурешт: Сашко Ѓ. Димовски

Мечот против Украина е како финале за нас, порача Езџан Алиоски на денешната прес-конференција во Букурешт во пресрет на вториот настап на Македонија на Европското фудбалско првенство. Фаворитската улога ја препушти на Украинците, додека за македонската селекција ја нагласи потребата од фокусот во текот на сите 90 минути, бидејќи шансите за пласман впо нокаут фазата на турнирот не се загубени по поразот од Австрија.

– Украина е фаворит и добро е што е така. Има добра репрезентација што го демонстрира во мечот со Холандија во кој постигна два гола. Но, наше е да не се предаваме и докрај да се бориме. Од дуелот со Автрија не треба да корегираме кој знае колку, победникот во тој натпревар го одлучија нијанси, рече Алиоски.

Ако треба да се корегираат некои работи, тие, смета фудбалерот на Лидс јунајтед, се однесуваат на играта во одбрана за која треба максимална концентрација.

– Против Австрија го одигравме првиот меч на Европските првенства пред очи на целокупната јавност на континентот. Атмосферата беше одлична пред мечот, но остана таква и по мечот и покрај поразот. Не недостасува ниту мотивација. Ова е едно големо искуство за нас. Пред нас е натпревар штпо мора да го добиеме, додаде Алиоски.

Мечот меѓу Македонија и Украина е во четврток од 15 часот на Националната арена во Букурешт по што националниот тим ќе отпатува во Амстердам на мегдан со Холандија (21 јуни, 18 ч.) во последниот меч од групната фаза на ЕП 2020.

Џани со дипломатски одговор: Беше тешко да се слушне што ми рече Арнаутовиќ, УЕФА може да „прочита“ од видеото

Неизбежно беше барањето на новинарите до Алиоски да објасни што точно му рекол Марко Арнаутовиќ за време на нивната „блиска средба“ во финишот на мечот меѓу Македонија и Австрија во неделата во Букурешт. Но, фудбалерот на Лидс јунајтед дипломатски одговори дека „не сака да шпекулира и оти најдобро може да се види од видеото што се ширеше по медиуми и социјални мрежи“.

– Разговаравме за време на мечот, по голот што го постигна, потоа и се ракувавме. Не би сакал да кажам што ми рече, кога не го слушнав. Беше тешко да се слушне. Тоа е нормално во фудбалот и во тоа нема ништо погрешно“, додаде Алиоски.

Езџан Алиоски ЕП 2020 Македонија Марко Арнаутовиќ Счорт Украина фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.