Author: Sashko

Македонската одбојкарска репрезентација утре ќе настапи во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига што се игра денеска и утре во салата „Парк“ во Струмица. Нашите одбојкари во првиот полуфинален натпревар ја совладаа репрезентацијата на Хрватска со 3:2 (по сетови 15:25, 25:19, 25:22, 21:25 и 15:12). По лошиот влез во натпреварот и водството на Хрватите со 1:0, во вториот сет нашите одбојкари успееја да ја анулираат предноста на противникот од 11:6 и откако израмнија на 14:14, успееја да поведат со 18:12 и 21:16 и да стигнат до 1:1 во сетови. Во третиот сет се играше поен за поен се…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 се засили за следната сезона со францускиот интернационалец, Жереми Тото. Дваесет и деветгодишниот француски ракометар е кружен напаѓач, а доаѓа од полската екипа Висла Плоцк, со која настапи на Фајналфорот во Лига Европа. Шампионот Вардар во новата сезона ќе го предводи повратникот на тренерската клупа Веселин Вујовиќ, кој во петокот официјално беше назначен за наследник Стевче Алушовски.

Read More

Во Србија продолжува бесплатната вакцинација на граѓаните од соседните земји, а во Врање викендов се вакцинираат граѓани од С. Македонија, за разлика од Лозница каде се вакцинираат граѓаните на БиХ, објави РТС. Според српскиот јавен сервис, за време на викендот за вакцинација во Врање се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер. Досега во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на С. Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица. Скопјанката Марина Петрова изјави дека закажала термин за вакцинација во РС Македонија, но сака што побрзо да се вакцинира и да ја заврши агонијата со…

Read More

„Сите бизниси од тетовските и гостиварските села ќе ни дојдат на две минути од Скопје, цело Косово ќе ни биде овде преку викенд и ќе ја изгубиме демократијата онака едноставно, како што ќе ја изгубиме Македонија, македонскиот јазик. Се она што го зборуваше Никола Груевски години наназад, сè се исполни. Остана уште федерализација и камповите на бегалците, а тоа ќе се случи доколку ги загубиме локалните избори. Ќе ни ја сменат етничката карта на Македонија“. Ова е содржина од последните 15-тина секунди во аудио снимка што пред два часа се појави на каналот „Зелен црв“ на Јутјуб. Вкупното времетраење на…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска ќе отпатува за Истанбул, каде што вечерва ќе има работна вечера со претседателот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Како што соопшти владината прес-служба, се очекува да се разговара за повеќе области од заеднички интерес, како економијата, трговијата, здравството, како и за други теми од заеднички интерес. Премиерот Заев на работната вечера со претседателот Ердоган ќе биде придружуван од министерот за здравство Венко Филипче.

Read More

Нема место за јавнообвинителска одлука за Сашо Мијалков, бидејќи не е утврдено постоење на кривично дело што се гони по службена должност во предистражната постапка отворена по повод недостапноста на обвинетиот Мијалков при обид да му се врачи решение за куќен притвор, соопшти Јавното Обвинителство (ЈО). Пред донесување на одлуката биле сослушани Заев, Јовески, Рускоска, Маричиќ, Спасовски и други. Според ЈО, биле преземени поголем број на истражни дејствија и утврдено е дека постојат мали шанси некој да му соопштил на Мијалков дека ќе му биде доставено такво решение. Во предистражната постапка за недостапноста на поранешниот директор на УБК и член…

Read More

Од направените 3.856 тестови во последните 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје – 8, во Куманово – 3, во Прилеп, во Тетово, во Битола, во Гостивар, во Охрид, во Виница и во Кратово по двајца, додека во Велес, во Радовиш, во Делчево и во Демир Хисар по еден. Од Министерството за здравство (МЗ) информираат дека се регистрирани 50 оздравени пациенти, а пријавени се шест починати лица на возраст од 40 до 95 години. Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а пет во болнички услови. Досега во земјата се направени вкупно 811.693…

Read More

Во моментот кога владата и Министерството за образование и наука ќе заземат конечен став за отпочување на наредната учебна година и начинот на кој таа ќе започне, јавноста ќе биде известена, изјави министерката Мила Царовска при посетата на учениците во гимназијата „Никола Карев“ кои денеска полагаа матура по предметот мајчин јазик. Таа, во име на ресорното Министество, изрази задоволство од сите процеси што се одвиваат за подготовка за наредната учебна година и воведувањето на дигитални учебници за учениците. Царовска истакна дека денеска е значаен ден како како за матурантите така и за образовниот систем и оти како држава покажавме дека…

Read More

Околу 2.500 македонски државјани излегле од државата преку граничниот премин Табановце од полноќ до 11 часот, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). – Во периодот од 00:00 до 11:00 часот на 05.06.2021 на ГП „Табановце“ влез оствариле 805 македонски државјани, а излез оствариле 2.449 македонски државјани. Во истиот период влез оствариле 2.468 странски државјани, а излез оствариле 794 странски државјани, соопштија од МВР. Дел од граѓаните кои излегуваат од државата заминуваат за ревакцинација во соседна Србија.

Read More

Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден. Со овие зборови на македонски јазик, лидерот на ДУИ, Али Ахмети го почна обраќањето пред присутните на прославата на 19 роденден на партијата во чија платформа во иднина ќе има место и за Зелената агенда. – Започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за квалитетен живот и еколошка правда. Зелената агенда станува дел од ДУИ, порача првиот човек на интегративците. Најавите за фокусирање и на Зелената агенда, покрај партискиоот роденден, се поклопуваат и со Светскиот ден за заштита на животната средина (5 јуни). – Денеска е Светски ден за заштита на животната…

Read More