Премиерот Зоран Заев денеска ќе отпатува за Истанбул, каде што вечерва ќе има работна вечера со претседателот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Како што соопшти владината прес-служба, се очекува да се разговара за повеќе области од заеднички интерес, како економијата, трговијата, здравството, како и за други теми од заеднички интерес.

Премиерот Заев на работната вечера со претседателот Ердоган ќе биде придружуван од министерот за здравство Венко Филипче.