Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европска сребрена лига: Mакедонските одбојкари во финале

0
By Sashko on June 5, 2021 СПОРТ
Фото: facebook.com/OFM
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 5, 2021 21:23

Македонската одбојкарска репрезентација утре ќе настапи во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига што се игра денеска и утре во салата „Парк“ во Струмица. Нашите одбојкари во првиот полуфинален натпревар ја совладаа репрезентацијата на Хрватска со 3:2 (по сетови 15:25, 25:19, 25:22, 21:25 и 15:12).

По лошиот влез во натпреварот и водството на Хрватите со 1:0, во вториот сет нашите одбојкари успееја да ја анулираат предноста на противникот од 11:6 и откако израмнија на 14:14, успееја да поведат со 18:12 и 21:16 и да стигнат до 1:1 во сетови.

Во третиот сет се играше поен за поен се до 20:20, но финишот им припадна на домашните одбојкари и наместо да продолжат со тоа темпо, во четвртиот сет им дозволија на хрватските одбојкари лесно да дојдат до 2:2 во сетови.

Во петтиот, одлучувачки сет по водството на гостите од 3:6, промената на страните заврши во полза на македонските одбојкари со 8:7. До крајот на сетот и натпреварот Македонија не дозволи изненадување и сосема заслужено славеше со 3:2.

Во изјавите по натреварот нашите одбојкари ја потенцираа гокемата борбеност и желбата пред својата публика да покажат дека имаат сили за освојување на златниот медал.

-Денеска победивме сите заедно. Така очекувам да биде и во финалето и најбитно е да стигнеме до златото, рече Филип Деспотовски.

-Тежок натпревар. Гиневме на теренот како и секогаш и успеавме. Доколку утре покажеме малку поквалитетна игра убеден сум дека ќе завршиме на прво место, изјави Ѓорѓи Ѓоргиев.

-Бев убеден дека ќе победиме, иако почнавме многу лошо. Сакам да се извинам за тоа на гледачите, но тремата си го стори своето бидејќи прв пат играме пред публика по една и пол година. Во финалето ја очекувам Данска, но се зависи од нас и треба да дадеме максимум, рече Александар Лафтов.

-Пред оваа публика имаме грижа на совест и мораме да ја израдуваме и сметам дека сами на себе си направивме притисок. Хрватската репрезентација е многу добра и јас на моите другари им реков дека нема да биде лесно. Во првиот сет излезе лошото, а во четвртиот сет мислевме дека победата ќе дојде сама, но по лошиот почеток во петтиот сет дојдовоме до оваа голема победа, рече капитенот Ѓорѓи Ѓоргиев.

Стандардниот репрезентативец Владо Милев се повреди на овој натпревар и утре нема да настапи во финалето.

Во вториот полуфинален натпревар се сретнаа репрезентациите на Унгарија и Данска, а победникот од оваа средба ќе биде противник на нашите одбојкари во финалниот натпревар, кој се игра утре со почеток во 20 часот.

Европска сребрена лига Македонија Одбојка спорт финале Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.