Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РТС: Во Врање и Лозница се вакцинираа 2.000 граѓани на С. Македонија и БиХ

0
By Sashko on June 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 5, 2021 19:52

Во Србија продолжува бесплатната вакцинација на граѓаните од соседните земји, а во Врање викендов се вакцинираат граѓани од С. Македонија, за разлика од Лозница каде се вакцинираат граѓаните на БиХ, објави РТС.

Според српскиот јавен сервис, за време на викендот за вакцинација во Врање се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер. Досега во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на С. Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.

Скопјанката Марина Петрова изјави дека закажала термин за вакцинација во РС Македонија, но сака што побрзо да се вакцинира и да ја заврши агонијата со заштитните маски.

-Првенствено за да се заштитиме, не патуваме никаде, не планиравме, освен Србија и Република Српска, превентивно, изјави на РТС, Станоје Гордиќ од Скопје, кој е дојден во Врање со целото семејство.

Според порталот „Србија денес“ во организација на Српскиот културен и информативен центар „Спона“ од С. Македонија, во Врање денеска и утре ќе бидат вакцинирани околу 800 македонски граѓани, а во организација на Спона на автопатот на Коридор 10, во близина на граничниот премин Табановце, поставен е билборд – „Благодарам, Србија“, во знак на благодарност за донациите на вакцини за С. Македонија, како и можноста нејзините граѓани во организирани групи да се вакцинираат во Србија.

Од 3 јуни, кога на граѓаните на БиХ со одлука на српската влада им беше дозволено да се вакцинираат во Србија, повеќе од илјада луѓе се вакцинирани во Лозница. Од саботата наутро ред чекаа десетици граѓани на БиХ, главно од Тузла и Сараево, а дел од нив им беше побарано да одат во Шабац, бидејќи таму нема гужва.

Докторот Зоран Бекиќ за Б 92 изјави дека на Белградскиот саем вакцинацијата се одвива без гужва и без чекање.

-Денес, планот е да се вакцинираат и ревакцинираат граѓаните на Србија, но ќе се изврши бесплатна вакцинација и на граѓаните на Босна и Херцеговина, Република Српска и Република Северна Македонија, изјави Бекиќ за Б-92.

Во четвртокот претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара од Владата да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на Северна Македонија, но српската Влада, како што беше случајот со државјаните на БиХ сеуште нема донесено одлука за бесплатна вакцинација на македонските државјани.

вакцинација Ковид-19 Македонија Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.