Author: Sashko

Комората на извршители на РСМ денеска одбележа 15-годишен јубилеј. По тој повод беа истакнати видните резултати на извршителите, но беше потенцирано дека не се доволно платени за нивната работа, а како што се истакна, тоа води до сè помала заинтересираност за извршување на таа професија. – Резултатот од реализираните предмети во нашите канцеларии сведочи колку во овие изминати 15 години успеавме да ги совладаме препреките со кои се соочуваме. Ефикасноста која се постигна со воведување на приватното извршување беше забележана и од страна на Европската Унија. Ќе бидам скромен кога ќе кажам дека имаме многу на што да се гордееме…

Read More

Веселин Вујовиќ се враќа на кормилото на македонскиот ракометен шампион Вардар. Одлуката беше соопштена денеска од првиот човек на клубот, Михајло Михајловски. Црногорскиот ракометен стручњак ќе ги предводи вардарци по трет пат. Претходно во Скопје работеше од 2006 година до 2009 година и од 2011 година до 2013 година. Вујовиќ на тренерската функција во Вардар ќе го наследи Стевче Алушовски кој го предводеше тимот до „двојна круна“ во сезоната 2020/21.

Read More

Европската Унија (ЕУ) на 7 јуни ќе дебатира за Стратегијата на ЕУ за биодиверзитет до 2030 година, а следниот ден Европски Парламент ќе гласа за предлог резолуцијата што предвидува 30 проценти од територијата на ЕУ, копно и вода, да бидат заштитени подрачја. ЕУ сака да ги намали емисиите на штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина за 40 отсто до 2030 година (во споредба со 1990 година) и емисиите на јаглерод да се намалат до нула до 2050 година. За постигнување на овие цели потребни се значителни инвестиции во технологии за производство на чиста енергија. Според ЕК, за постигнување…

Read More

Лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја во изјава за агенцијата Ројтерс ги повика Европската Унија (ЕУ), Велика Британија и САД на заеднички притисок врз претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Апелот дојде за време на нејзината посета на Варшава во пресрет на Самитот на Г7 што е закажан во Велика Британија и изрази надеж дека на состојбата во Белорусија ќе биде на дневен ред на состанокот. Поранешната советска република се најде во центар на внимание по принудното слетување на авион на „Рајан Ер“ и апсење на белоруски опозициски новинар. – Притисокот е посилен кога земјите делуваат заедно, па затоа ги повикуваме…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ побарал од Владата во Белград да овозможи бесплатна вакцинација за граѓаните на Македонија, е изјавено за Танјуг во Претседателството на Србија. Вучиќ притоа побарал и македонските граѓани да добијат вакцина по личен избор, како и државјаните на БиХ. Граѓаните на БиХ од денеска може бесплатно да се вакцинираат во Србија, како што вчера најави Вучиќ, додавајќи дека истовремено ќе добијат и сертификат за имунизација како и српските граѓани.

Read More

Владата на денешната 76-та седница усвои дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната 75-та седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут. Со новите заклучоци донесени на оваа седница, информираат од владината прес-служба, Владата го задолжи Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат. -Со уште еден заклучок се задолжени и Царинската управа и Бирото за метрологија, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, по барање на Државниот пазарен инспекторат, да спроведат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут, согласно Правилникот за…

Read More

Европските принципи и демократски и цивилизациски вредност се наш најсилен адут во спорот со Бугарија, нагласи министерот за надворешни работи, Бујар Османи во гостување на ТВ 24. -Тие принципи се обидуваме да ги аргументираме и пред Бугарија и пред нашите пријатели. Правдата е само еден од тие принципи. При сите бранови на ширење на ЕУ, имало обиди за наметнување на билатерални прашања, за кочење на процесот, но Унијата секогаш излегувала посилна при тие пречки. Тоа го направила врз основа на почитување на принципите, рече Османи. Како термини за одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите со Европската Унија,…

Read More

Финалето на европскиот Суперкуп меѓу екипите на Челзи и Вилјареал ќе се игра во Белфаст на 11 август, објави попладнево Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) на својот официјален сајт. Првично беше најавено дека организацијата ќе биде доделена на Истанбул како компензација за преместувањето на финалето на Лигата на шампиони од турскиот град во Порто поради состојбата со коронавирусот во Турција. Сепак, УЕФА остана на одлуката натпреварот меѓу победникот во ЛШ, Челзи, и освојувачот на Лига Европа, Вилјареал, да се игра во Северна Ирска, на стадионот „Виндзор Парк“ во Белфаст.

Read More

Снег падна во неколку турски провинции на брегот на Црното Море. – Времето вчера беше прекрасно. Се разбудивме наутро и сè беше покриено со снег. Не е зима, туку лето, јуни!“, изјави жител на селото Каврун Јилас, во провинцијата Ризе, пред телевизијата ТРТ Хабер. Снег падна во голем број високопланински села во црноморските провинции Ардахан, Ризе и Болу, а популарниот скијачки центар на вулканот Ерџиес во провинцијата Кајсери во централниот дел на земјата, е исто така покриен со снег, објави „Си-Ен-Ен Турк“. Снежна покривка од пет сантиметри има и на планината Улудаг (Олимп) во близина на градот Бурса во западниот…

Read More

Европскиот суд на правдата времено ја суспендира одлуката на Европскиот парламент за одземање на имунитетот на каталонските сепаратисти кои се пратеници во тоа тело. Благодарение на таквата пресуда, поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и двајца негови соработника повторно се стекнаа со имунитет, но привремено. – Денеска сме поблиску до тоа да ги слушнеме конечните аргументи кои велат дека сме во право, ја коментираше Пуџдемон судската одлука. Тој и неговите двајца соработника поднесоа жалба до Судот на правдата на ЕУ, откако европартениците, на барање од Шпанија, во март гласаа да им биде укинат имунитетот. Пуџдемон, поранешниот каталонски министер за здравство Тони…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби попладнево на гостински терен од Словенија со 3:0 (3:0) во последниот подготвителен натпревар во пресрет на септемврискиот евроквалификациски циклус. Домаќините веќе по првото полувреме ги решија дилемите околу победникот на мечот одигран во Кршко, со головите на Аљоша Матко (2 минута), Ник Прелец (7) и Тамар Светлин (44). Македонската репрезентација до 21 година ќе ги почне квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Грузија и Романија на 2 септември против Франција, а во групата Х противници на „црвено – жолтите“ се и репрезентациите на Србија, на Украина, на Фарски Острови и на Ерменија.

Read More

Токио ова лето со стопроцентна сигурност ќе биде домаќин на најголемиот светски спортски самит, најави денеска претседателката на Организацискиот одбор на Олимписките игри (ОИ) во Токио, Сеико Хашимото. Таа истакна дека, засега, останува непознато само дали ќе биде дозволено присуство на јапонски навивачи на олимписките борилишта. До почетокот на ОИ во Токио преостануваат уште точно 50 денови, а Јапонија веќе неколку недели се бори со нов, четврти, бран на коронавирусот. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека Јапонците се против одржување на ОИ поради актуелната состојба поврзана со ковид-19. – Народот во Јапонија чувствува фрустрација поради тоа што сакаме да ги…

Read More