Српскиот претседател Александар Вучиќ побарал од Владата во Белград да овозможи бесплатна вакцинација за граѓаните на Македонија, е изјавено за Танјуг во Претседателството на Србија.

Вучиќ притоа побарал и македонските граѓани да добијат вакцина по личен избор, како и државјаните на БиХ.

Граѓаните на БиХ од денеска може бесплатно да се вакцинираат во Србија, како што вчера најави Вучиќ, додавајќи дека истовремено ќе добијат и сертификат за имунизација како и српските граѓани.