Веселин Вујовиќ се враќа на кормилото на македонскиот ракометен шампион Вардар. Одлуката беше соопштена денеска од првиот човек на клубот, Михајло Михајловски.

Црногорскиот ракометен стручњак ќе ги предводи вардарци по трет пат. Претходно во Скопје работеше од 2006 година до 2009 година и од 2011 година до 2013 година.

Вујовиќ на тренерската функција во Вардар ќе го наследи Стевче Алушовски кој го предводеше тимот до „двојна круна“ во сезоната 2020/21.