Author: Sashko

Во второто полувреме бевме оние вистинските и без разлика што примивме гол во екстра времето, сепак, ја исполнивме целта, рече македонскиот селектор Игор Ангеловски по ремито во пријателскиот меч со Словенија. Единствено за што изрази жалење е пропуштената победа за навивачите против тимот кој во Скопје допатува да ја „одглуми“ Австрија. – Задоволен сум од второто полувреме. Доминиравме, бевме оние вистинските, до примениот гол, а Словенија не се ни доближи до нашиот гол. Моравме да дадеме и втор гол и навреме да го затвориме натпреварот. Но, добро, се наоѓаме во подготвителен период, работиме по двапати во денот и нозете се…

Read More

Македонија е заслужен учесник на Европското првенство во фудбал и нема да биде турист на турнирот, рече словенечкиот селектор Матјаж Кек на прес-конференцијата по ремито (1:1) на „змајчеки“ со „црвено-жолтите“ на арената „Тоше Проески“. – Холандија, Австрија и Украина никако не смеат да ве потценат, нагласи Кек по пријателскиот меч во Скопје. За словенечката репрезентација рече дека одиграла две различни полувремиња. Изрази задоволство од изданието во првото, но не и од второто. А, потоа се наврати со епитети за македонскиот национален тим. – Овој македонски тим мина долг пат за формирање што кулминира со настап на Европско првенство. Незгоден тим…

Read More

Одлична вест за нашите граѓани во странство. Собранието на Република Северна Македонија тукушто ги мина измените и дополнувањата на законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија со кои на оние граѓани кои им е истечена патната исправа, или истекува после 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Со тоа, како што посочува, конечно им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините, и другите отежнати услови, беа спречени навремено да ги продолжат…

Read More

Во месец јуни ќе пристигнат околу 110.000 вакцини преку Ковакс системот и 80.000 преку нашиот директен договор со компанијата  Фајзер“, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма. Тој наведе дека во моментов за вакцинација се пријавени 180.000 граѓани, кои што чекаат да добијат термин и 40.000 од тие се над 60-годишна возраст. – Верувам дека во месец јуни ќе спласне притисокот со новите дози. Досега имаме вакцинирано 47 проценти од граѓаните над 70 години, вели Филипче, додавајќи дека вакцините од компанијата Синовак, исто така треба да пристигнат во претстојниот месец, во…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри кинеската вакцина Синовак за итна употреба. Во соопштението се наведува дека одобрувањето на СЗО претставува сигнал за регулаторните тела дека препаратот е безбеден и ефикасен, со што се овозможува вакцините кои ги одобрува СЗО да се најдат во глобалната програма Ковакс, која им обезбедува вакцини на сиромашните земји. Процесот на анализа на техничката советодавна група на СЗО започна на 5 мај, а одлуката е донесена по анализите на најновите клинички податоци за безбедноста и ефикасноста на вакцината Синовак и постапката за производство во кинеската компанија. Ова е втора кинеска вакцина која доби дозвола за…

Read More

Предлог ребаланс на Буџетот ќе се најде пред Собранието најверојатно во текот на јуни, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими вечерва во гостување на ТВ 24.  – Ребалансот главно се однесува на тоа што ние веќе го имавме како ризик во контекст кај нас, динамиката на пандемијата и вакцинирањето, и со оглед на тоа дека имавме потреба дополнително да се продолжи со фискалната поддршка во економијата, така и потребите во здравство за вакцини и друго, значи од тие апсекти во главно и некои институции што имаа потреба во овој период се укажа потреба дополнително да се заокружат проектите. Тоа е…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ремизира против Словенија со 1:1 (полувреме 0:0) во претпоследниот настап пред дебитантското учество на Европските првенства. Стрелец на водечкиот гол за „црвено-жолтите“ попладнево на арената „Тоше Проески“ во Скопје беше Елиф Елмас во 55 минута по асистенција на Езџан Алиоски, гостите израмнија во седмата минута од судиското надополнување преку Чрнигој. „Црвено-жолтите“ во петок ги очекува и генерална проба пред ЕП. Ривал во Скопје ќе биде селекцијата на Казахстан. Македонија на Европското првенство ќе игра во групата Ц против репрезентациите на Австрија (13 јуни во Букурешт, 18 часот), на Украина (17 јуни во Букурешт, 15 часот) и на…

Read More

Во Министерството за финасии работиме на план за финансирање на забрзан раст. Тоа значи дека покрај инвестиците кои ќе бидат од јавни, односно од буџетски средства или задолжувања, ќе има можност и за мобилизирање на приватниот капитал по примерот на Јункер планот каде што се предвидуваат и нови инструменти на привлекување на средства од приватен капитал или приватни инвестициски фондови со мултипликативен ефект да има поголем импакт врз економијата, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими вечерва во гостување на ТВ 24. Годината на криза, потенцираше тој, ја завршивме со 81 процент реализација на капиталните расходи, што беше далеку подобро од…

Read More

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на грчкиот град Лариса, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Епицентарот на земјотресот беше на 14 километри југозападно од Еласонас, каде што на почетокот на март годинава беше регистриран земјотрес од шест степени.

Read More

Финансиските извештаи што ги направи Општина Охрид покажаа фрапантни податоци за нелегално остварен приход од дури 190 милиони денари за четири години, пракса на градење на бизниси на сметка на општината што мора да запре, нагласува градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот Фејсбук профил. Неговата реакција се однесува бесправно изградените објекти на плажите долж брегот на Охридското Езеро. – Токму затоа во наредниот период започнуваме со интензивни активности за чистење на бреговите „Елешец“, Студенчишта“ кон „Горица 1“ и плажите во делот на населбата на „Канео“, кои се опфатени во Генералниот урбанистички план. Општина Охрид повторно апелира дека во овој…

Read More

Голманот на Холандија, Јаспер Силесен ќе го пропушти Европското првенство, откако му е дијагностициран коронавирус, пренесува „Де Телеграф“. Холандскиот голман беше позитивен на ковид-19. Членот на шпанска Валенсија отиде во самоизолација. Холандија е еден од ривалите на македонската репрезентација во групата Ц. Другите две репрезентации во групата на „црвено-жолтите“ се Украина и Австрија. Холандија своите натпревари ќе ги игра во Амстердам.

Read More

НАТО е незаменлив фактор за нашата безбедност, заради што особено важно е приспособување на Алијансата кон новите закани на начин што би ја зајакнал политичката кохезија, а демонстрирање на единство и солидарност е од витално значење за справување со предизвиците што се производ на глобалните безбедносни промени, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната видео-конференција на состанокот на министри за надворешни работи на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО, информираат од МНР. Главна тема на министерскиот состанок, како што велат од МНР, била агендата „НАТО 2030“, односно заокружување на преговорите поврзани со решенијата што треба да бидат усвоени на наредниот Самит…

Read More