Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: НАТО е незаменлив фактор за нашата безбедност, колективната одбрана останува врвен приоритет

0
By Sashko on June 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 1, 2021 17:55

НАТО е незаменлив фактор за нашата безбедност, заради што особено важно е приспособување на Алијансата кон новите закани на начин што би ја зајакнал политичката кохезија, а демонстрирање на единство и солидарност е од витално значење за справување со предизвиците што се производ на глобалните безбедносни промени, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната видео-конференција на состанокот на министри за надворешни работи на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО, информираат од МНР.

Главна тема на министерскиот состанок, како што велат од МНР, била агендата „НАТО 2030“, односно заокружување на преговорите поврзани со решенијата што треба да бидат усвоени на наредниот Самит за идното адаптирање на Алијансата кон новото стратешко опкружување, а со порака дека Алијансата е обединета во светло на растечките предизвици на денешницата и геополитичко ривалство, како и дека колективната одбрана останува врвен приоритет.

Во своето обраќање, министерот Османи се осврнал и на потребата од засилена соработка на НАТО и ЕУ во насока на градење на регионот на Западен Балкан отпорен на безбедносните закани и надворешни влијанија, што, како што кажал, е особено значајно во контекст на гарантирање на неповратниот карактер на европските и евроатлантските процеси.

Министерскиот состанок на Северно-Атланскиот Совет на НАТО се одржа во пресрет на НАТО Самитот закажан за 14 јуни во Брисел,  што ќе претставува прво наше учество на лидерски состанок на Алијансата во својство на полноправна земја членка.

Бујар Османи Македонија министри МНР НАТО Самит Состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.