Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Македонија во наредниот период ќе отвори два нови почесни конзулата, по еден во Хрватска и во Турција. Нивното отворање е по предлог на Министерството за надворешни работи (МНР) и беше прифатено на денешната седница во Владата. „Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, одлучи да бидат отворени два нови конзулата – почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Хрватскa, со седиште во Риека, и почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Турција со седиште во Сивас“, информираат од Владата.
Платите во Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат покачени за пет отсто, мерка што ќе почне да се применува од исплатата за септември, одлучи владата на денешната 65-та седница. „Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето на плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, по известувањето од Министерството за внтрешни рааботи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за вакво покачување од месец септември и барањето на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи…
Одлична вест е што Европската Унија (ЕУ) минатата недела почна преговори за членство со Северна Македонија и со Албанија. Тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор натаму, на истиот ден почна и скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Северна Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир. „Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест“, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија. Во однос на разликите во документите за Северна Македонија и за Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој…
Лицата на возраст меѓу 15 и 24 години сочинуваа само десет проценти од населението во Германија на крајот на минатата година, што е најмалку во последните седум децении. „Од 1950 година, кога почнала да се води евиденција, најголем процент на млади на возраст од 15 до 24 години имало во 1983 година, кога тие сочинувале 16,7 отсто од населението“, пишува денеска „Дојче веле“. Бројот на млади луѓе оттогаш постојано се намалува, со исклучок на 2015 година, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика во Визбаден. Денес, меѓу германските покраини има доста голем јаз во однос на бројот на млади луѓе на возраст од…
Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на 5 август во црноморското одморалиште Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Двајцата лидери ќе разговараат за регионалните проблеми и за билатералните односи, јавија руските медиуми. Ердоган одигра клучна улога за посредување во договорот што Русија и Украина го потпишаа во Истанбул во минатата недела, со кој се дозволува извоз на украинското жито да продолжи преку Црното Море. Ова ќе биде втора средба меѓу двајцата лидери во рок од еден месец. Путин и Ердоган последен пат разговараа на самитот во иранскиот главен град Техеран на…
Против правно лице и неговите сопствениците од Холандија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „бесправно градење“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице и против сопствениците В.Х.М.Р. и Р.В. од Холандија, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење’’, се наведува во соопштението на МВР. Како што посочуваат од МВР, второпријавената, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, во текот на 2021 година на две катастарски парцели во Прељубиште изградила монтажни објект без потребната документација.
Ребалансот на буџетот веќе е изгласан. Кога добивме најава за кратење на буџетот за филмската продукција за 33 проценти, веднаш реагиравме до Владата и до кабинетот на премиерот. Сега имам и официјална информација дека кратењето на буџетот ќе биде за 17-18 проценти, посочи директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски. Тој на денешната прес-конференција информираше дека најпрвин во буџетот биле предвидени 170 милиони денари, а со првичното кратење требало да биде 110 милиони. Сега во моментот, како што рече, имаат 142 милиони денари. „Кога добивме најава за кратење на буџетот за филмска продукција за 33 отсто, заедно со Друштвото на…
Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) постигнаа политички договор за вонредни заштеди во потрошувачката на гас за претстојната зима, соопшти Советот на Европа. „Договорено е од 1 август во 2022 година до 31 март во 2023 година, потрошувачката на гас да се намали за 15 отсто“, се вели во соопштението по договорот за вонредни заштеди во потрошувачката на гас кој е постигнат во услови на можен целосен прекин на снабдувањето со овој енергенс од Русија за земјите-членки. „Ова не е невозможна мисија. Министрите постигнаа политички договор за намалување на побарувачката за гас пред претстојната зима“, објави чешкото претседателство со Советот на…
Во мај оваа година се потрошени вкупно 544.181 мегават часови на електрична енергија, 3.801 мил. нормални метри кубни природен гас (нм3), 470.502 тони јаглен и 98.497 тони на нафтени продукти. Според Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 75,7 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,5 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров призна дека крајната цел на Москва е уривање на владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во разговор со претставници на земјите на Самитот на Арапската лига што се одржува во Каиро, Лавров рекол дека Москва е одлучна „да им помогне на Украинците да се ослободат од товарот на овој апсолутно неприфатлив режим“. Лавров го обвини Киев и западните сојузници за „ширење на пропаганда чија цел е да се осигура дека Украина ќе биде вечен непријател на Русија“, објави АП. „Рускиот и украинскиот народ ќе продолжат да живеат заедно. Сигурно ќе му помогнеме на украинскиот…
Советот на Град Скопје на денешната 15-та седница донесе Одлука за определување на локации за поставување на урбана опрема, подвижни објекти, апарати и други направи во Градски парк, во паркот Гази Баба, во СРЦ „Сарај“, во „Рајски парк“ во Ново Лисиче и на кејот на реката Вардар. „Со одлуката се предвидени 15 нови локации од кои четири во СРЦ „Сарај“, по три во Градски парк, во паркот Гази Баба и на кејот на реката Вардар и две во „Рајски парк“ во Ново Лисиче“, информираат од Град Скопје. Согласно со утврдените стандарди, станува збор за урбана опрема и поставување на подвижни…
Управата за финансиската полиција поднесе претставка до Јавниот обвинител поради, како што се наведува во нејзиното соопштение, „суштествени недостатоци на наредбата за претрес, начинот на постапување при спроведување на истата, низата недоследности, нелогичности, излегувањето од рамките на законската пракса, како и неоснованоста за примена на мерката претрес што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја спроведе на 18 јули“. „Од наша страна на истражителите од ОЈО ГОКК им беше дозволен непречен пристап во просториите на Управата за финансиска полиција, како и непречено извршување на наредбата, иако содржината на наредбата не ги исполнуваше формалните и…