Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Општина Берово пред половина час испрати барање за гаснење на пожарот од воздух, информираат од кабинетот на градоначалникот, Звонко Пекевски. Барањето е доставено до Центар за управување со кризи (ЦУК). „Поради големиот пожар во месност меѓу селата Митрашинци и Будинарци, во која е зафатена голема површина од дабова и нискостеблеста шума, бараме од Вас да нѝ излезте во пресрет на гаснењето на пожарот со воздушна поддршка-хеликоптери“, стои во барањето потпишано од градоначалникот на Општина Берово. Овој пожар е надвор од контрола поради ветaрот, а зафатени се над 50 хектари шума. Градоначалникот претходно го повика населението на мобилизација и да придонесе…
Русија ќе ја разгледа можноста за испорака на дополнителни количества на гас за Унгарија во оваа година, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со неговиот унгарски колега Петер Сијарто во Москва. Сијарто денеска пристигна во Москва на разговари за купување на дополнителни 700 милиони кубни метри природен гас. Шефот на унгарската дипломатија ќе се сретне и со рускиот вицепремиер Александар Новак, еден од водечките луѓе во рускиот енергетски сектор. Унгарија, која нема излез на море, увезува 65 отсто од нафтата и 80 проценти од гасот од Русија. Поради ризикот од недостиг на енергија, унгарската Влада…
Бугарија се вооружува – САД ѝ испратиле понуда за осум авиони Ф-16 за милијарда и 320 милиони долари
Министерот за одбрана на Бугарија, Драгомир Заков на состанокот на собраниската комисија за одбрана соопшти дека понудата за вторите осум авиони Ф-16 Блок 70 е една милијарда и 320 милиони долари. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Заков пред неколку дена изјави дека пристигнала понудата од САД за вторите осум борбени авиони Ф-16. Сумата е приближно иста како онаа од првиот договор, која е една милијарда и 256 милиони долари, но пакетот за вооружување е многу поголем и имаме право на одложено плаќање, рече министерот Заков. „Бројот на авиони е ист, со таа разлика што за првите авиони има шест…
Северна Македонија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија (ЕУ), е мета на кампањи на дезинформации што имаат за цел да поттикнуваат анти-западно расположение кај македонските граѓани и да заговараат нејасни алтернативи на европските интеграции. Поради нивниот потенцијал да ги поткопуваат нашите стратешки определби, дезинформациите, можат да придонесат и за дестабилизирање на самата држава, се вели во писмената изјава на претседателот Стево Пендаровски на денешната панел-дискусијата „Слонот во собата“ организирана од ЦИВИЛ. Според него, одговорот што како општество треба да го дадеме на ваквите појави е повеќеслоен и бара ангажман од повеќе чинители – државни институции,…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) е подготвен како никогаш досега за справување со пожарите, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, посочувајќи дека изминатите седум дена имало повеќе од десет сериозни шумски пожари на територијата на државата, но сите биле брзо изгаснати и затоа граѓаните не знаат за нив. Тој, во вечерашното гостување на ТВ Сител, посочи дека ер-тракторите се во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување. Според информациите на Ангелов, од трите ер-трактори, едниот е функционален, додека вториот се чека да биде донесен од операторот, а третиот се сервисира. „Имаме два функционални хеликоптера на Армијата, опремени, со искусна…
Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација „МојДДВ“, а за граѓаните да може да скенираат фискални сметки потребно е да направат прилагодување на истата. „Додека трае ажурирањето и прилагодувањето, за граѓаните да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот „профил“, во прозорчето „Тип на баркод скенер“ каде што сега стои „Напреден“ да ја изберат опцијата „Основен“, информират од УЈП. Фискалните сметки кои не може да се скенираат преку опцијата „Основен“, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни…
Македонија Ѓ.П. и ЦСКА Софија попладнево во Скопје одиграа без голови во воведниот меч од второто квалификациско коло за Лигата на конференции на УЕФА. Ѓорчепетровци добро им парираа на гостите од Софија во првото полувреме, но мораа да препуштат иницијатива во продолжението и своите шанси за гол да ги бараат од прекини или контранапади. Белгискиот судија Ван Дриске во екстра времето на првиот дел му покажа втор жолт картон на Матеус Ламос и го исклучи по стартот врз гостинскиот стопер. Но, и со фудбалер помалку, тимот на Македонија Ѓ.П. успеа да се справи со противничките притисоци и да сочува мирна…
Фудбалерите на Шкендија попладнево во Рига ја совладаа екипата на Валмиера со 2:1 и се наоѓаат на чекор до третото квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Љупче Дориев во деветтата минута и Сидрит Гури во 63-та минута беа стрелци на головите за тетовските „црвено-црни“, единствениот за летонските домаќини го постигна Сенегалецот Џибрил Гуеле во 45-та минута. Шкендија во првото коло го елиминира ерменски Арарат (2:0, 2:2), а доколку ја мине Валмиера, во наредната рунда ќе игра со подобриот од двомечот меѓу шведски АИК и Ворскла од Украина.
Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Турција. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, стотина километри југозападно од Истанбул. Земјотресот е почувствуван и во Истанбул, како и во Бурса и Измир.
Пожарникарите во Словенија денеска се соочуваат со нови пожари. Се огласија и сирените за опасност. Словенечката армија соопшти дека досега се употребени половина милиом литри вода за ставање под контрола на огнената стихија. Letalska policijska enota že četrti dan pomaga 🚒 v boju s 🔥 na Krasu. Razmere so vsak dan bolj zahtevne. Novega 🚁 z vzdevkom Julka praktično ne ugašamo. pic.twitter.com/BGz7I70527 — policija_si (@policija_si) July 21, 2022 Откако пожарот во Крас синоќа беше ставен под контрола, пожарникарите од утрово повторно се борат со пламените јазли. Огнот од италијанска страна е ставен под контрола, но три големи пожари моментно се…
На граничниот премин „Табановце“ попладнево се чека околу еден час за влез и за излез од земјата, соопшти Автомото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Претседателот на Италија, Серџо Матарела го распушти парламентот, со што се отвора патот за одржување на вонредни парламентарни избори, јавува италијанската телевизија РАИ. Италијанскиот премиер Марио Драги денеска поднесе оставка на функцијата до Серџо Матарела, соопшти претходно Кабинетот на претседателот, пренесува „Ројтерс“. Матарела притоа побарал од Драги да остане на премиерската функција како вршитек на должноста.