Author: Sashko

Денеска е формирана Комисија за вршење на стручен надзор во врска со примената на методот на хемофилтрација при лекувањето на пациенти со ковид-19 во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“, информира Владата по денешната 63-та седница. Министерството за здравство (МЗ), пак, ќе направи анализа на добиените извештаи по што ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности согласно законските овластувања. Покрај тоа, Владата ја разгледа и усвои Информација на МЗ за преземените активности во врска со сторијата на ИРЛ што се емитуваше на МТВ во неделата. „Според Информацијата, на 18 јули 2022 година (понеделник), е доставена ургенција до Лекарската Комора по…

Read More

Исплатата на јулските пензии ќе почне во среда (27 јули) и ќе се врши етапно, пракса што беше воведена на почетокот на пандемијата на ковид-19. Ова е само една од одлуките од денешната 63-та седницата на владата која го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 јули, а веќе од наредниот ден пензионерите да можат да располагаат со средствата преку мрежата на банкомати и трговската мрежа. Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (четири денови)…

Read More

Македонската влада, во знак на солидарност и за зајакнување на партнерството и соработката со Грција, донесе Одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата како поддршка за гаснење на пожари, во Грција. Одлуката се однесува на вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гаснење на пожар. Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Грција ќе бидат во надлежност на Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Македонија.

Read More

Пожар на дива депонија избувна вечерва на патот од скопската населба Шуто Оризари кон Визбегово, но набрзо е изгаснат, информира командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Ѕвонко Томески. Како што информира Томески, опожарени се бакарни кабли и поради тоа се шири таква непријатна миризба и чад. На пожарот интервенирале две противпожарни возила со пет пожарникари, а моментно се работи на расчистување за да не се запали повторно.

Read More

Се затвори едно поглавје и отвораме ново. Затоа, сега е времето кога треба да застанеме заедно, обединети, полни оптимизам и верба за подобро утре, за да можеме да ги здружиме силите и заеднички да се посветиме на развивање силна, успешна и просперитетна европска држава, напиша вечерва премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по свечениот прием што го организираше во Клубот на пратеници по повод првата Меѓувладина конференција и отпочнување на процесот на преговори на Македонија за членство во Европската Унија (ЕУ). Сега, потенцира тој, е време за храброст, посветеност и јасен поглед кон иднината за, како што вели, да можеме брзо…

Read More

Првата дама на Украина, Олена Зеленска во денешното обраќање пред американскиот Конгрес побара повеќе оружје за нејзината земја во војната со Русија. „Ние сме благодарни за присуството на САД со нас во оваа војна, но војната не е завршена. Ве молам за повеќе оружје да ги заштитиме домовите на сите и правото да се разбудиме живи во тие домови. Помогнете нѝ и заедно ќе извојуваме голема победа“, изјави Зеленска. Таа покажа и фотографии на ранети деца при руската инвазија. Зеленска вчера во Белата куќа се сретна со првата дама на САД, Џил Бајден. САД од почетокот на руската инвазија на Украина имаат…

Read More

Прилепската полиција привела едно лице кое е осомничено за опожарување на возилото на прилепскиот пратеник, Петар Ристески. Други детали полицијата не соопштува, освен дека работи на расветлување на случајот. Возилото на пратеникот Ристески е целосно изгорено, делумно и она на неговиот татко во пожарот околу 1:45 часот изутрината. Противпожарната единица навреме го изгаснала огнот за да не се прошири на семејната куќа на Ристески. Полицијата и прилепското основно јавно обвинителство направиле увид. Нема повредени, земени се траги за вештачење, а јавен обвинител побара обезбедување евентуални видеоснимки од надзор на околните објекти. Ристески смета дека го заплашуваат и бара веднаш да…

Read More

Во Шпанија се забележани над 500 смртни случаи поврзани со топлотниот бран што ја зафати Западна Европа, предизвикувајќи големи пожари и подигнувајќи ги температурите на рекордни нивоа. „Климатската криза е реалност и климатските промени убиваат“, рече премиерот Педро Санчез за време на посетата на Арагон, покраина на североистокот на земјата во која пожарите опустошија десетици илјади хектари земјиште. Исклучително високите температури во последните 10 дена, додаде Санчез, предизвикаа смрт кај повеќе од 500 лица. Според податоци на шпанскиот метеоролошки завод, овој топлотен бран би можел да биде најинтензивен што е забележан и еден од трите најдолги кои се регистрирани. Високите…

Read More

Цуфи Кока, пиштолџијата кои испука куршум и мавташе со оружје кон демонстрантите кај плоштадот „Скендербег“, за време на протестите против францускиот предлог, доби затворска казна од четири месеци, што е повеќе од пола под минималната. До почетокот на издржување на казната, тој ќе биде во домашен притвор. Обвинителството најави дека ќе ја обжали висината на казната, откако до него ќе стигне писмена пресуда. Цуфи Кока беше гонет за предизвикување на општа опасност, дело во кое е предвидена казна од една до пет години.

Read More

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска најави дека неговата влада ќе донесе низа на мерки за ублажување на заканувачката енергетска криза и поскапувањето на енергенсите и очекува ваквиот владин интервентен закон да биде прифатен од парламентот по забрзана постапка. „Една од мерките се однесува на намалување на ДДВ за сите енергетски производи. Не само за струја и природен гас, туку и за мазутот и дрвната биомаса“, изјави Голоб по средбата со претставници на опозициските партии со кои сака да се постигне консензус за мерките, за да нема проблеми во законодавната постапка. Намерата на Владата е, меѓу другото, да се израмнат цените…

Read More

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков ја смени адресата на живеење. Според новата, тој е жител на Охрид, потврдуваат за Канал 5 од скопскиот Кривичен суд. За промената биле известени од адвокатот на Мијалков, а таа се случува пред судот да му врачи документ со кој требаше да се јави во затвор, по спогодбата што ја постигна со Обвинителството за три години затвор за случајот „Империја“. Судот ја проверил информацијата од адвокатот и во Министерството за внатрешни работи. „По добиеното известување од МВР на ден 19.07.2022 година, предметот со комплет списите на истиот ќе биде отстапен во надлежност на…

Read More

Согласно нашите анализи, 45 проценти во државата веќе е усогласено во делот на законодавството и доколку се продолжи со таа динамика, темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе десет години, посочи денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Тој потврди дека вчера и официјално започна процесот на скрининг и тоа во рамки на состанокот кој се одржа во Брисел заедно со делегацијата на Република Албанија, при што биле објаснети чекорите кои следуваат, што е она што треба ние да се подготвиме и бил споделен календар за нашите наредни активности. Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека на средината…

Read More