Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство (МЗ) за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат, согласно Акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението. Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на наредните денови, почнувајќи од четврток (21 јули) до недела (24 јули). Општите мерки кои треба да се почитуваат се…
Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ денеска со изградба на нуклеарната централа „Ел-Даба“ во Египет, изјави извршниот директор на руската корпорација „Росатом“, Алексеј Лихачев. „Почнавме изградба на нуклеарна централа во Египет. Почетокот на изградбата на единицата 1 на нуклеарната централа „Ел-Даба“ значи дека Египет влегува во редот на нуклеарно развиените земји. „Росатом“ ќе гради најсовремени дизајнерски блокови VVER-1200 во Арапската Република Египет. Изградбата на нуклеарната централа ќе му овозможи на Египет да достигне ново ниво на развој на технологијата, на индустријата и н образованието, а тоа е најголема руско-египетска соработка по браната Асуан. Да се има сопствена индустрија за нуклеарна енергија…
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека географските задачи на „специјалната операција“ во Украина се променети и оти тие сега ја опфаќаат и бројни други територии, а не само територијата на Донбас, пренесува агенцијата Бета. „Географските задачи на руската специјална воена операција во Украина се сменија. Веќе не се работи само за Луганск (ЛНР) и Доњецката Народна Република (ДНР). Една од причините за тоа е испораката на американските повеќецевни ракетни лансери HIMARS на Киев“, рече Лавров во интервју за државната агенција РИА Новости и Раша Тудеј (РТ). Според него, задачите поставени од рускиот претседател Владимир Путин сè уште се во…
Со македонскиот пасош може да се патува без виза во 124 држави во светот, што го позиционира на 33-то место на листата според индексот на патни исправи „Артон Капитал“, со кој се опфатени патните документи на 193 земји членки на Обединетите Нации, плус на Ватикан, Косово, Тајван, Макао, Хонг Конг и палестинските територии. Според овој индекс, Србија е на 25 место бидејќи нејзините граѓани можат да посетат 134 земји без визи, Црна Гора го дели 33-то место со земјава со можност за патување без визи во 124 држави, Босна и Херцеговина е на 41 место, со чиј пасош може слободно…
Комисијата за заразни болести (КЗБ) утре (12 ч.) ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моментната епидемиолошка состојба во државата, потврди доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата. На последната седница на КЗБ не беа донесени дополнителни рестриктивни мерки. На тој состанок, Комисијата апелираше до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица…
Македонски фудбалски првак Шкупи одигра 2:2 против Динамо Загреб на „Максимир“ во првиот меч од второто коло во квалификациите за Лигата на шампиони. Чаирчани поведоа со голот на Куевен во 25-та минута, но негативата на „модрите“ до полувремето ја анулира македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми во 44-та минута. Бруно Петковиќ во 86-та минута погоди за пресврт и водство на Динамо З. со 2:1, но само три минути подоцна Реналдо постигна втор погодок за Шкупи и донесе реми на „Максимир“. Реваншот е наредната недела во Скопје.
Фасадата на зградата на Министерството за надворешни работи вечерва светна во боите на Европската Унија (ЕУ). За гестот, кој е симболика на денешниот официјален почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, напиша шефот на дипломатијата, Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил со хаштаг на постот #WeAreEurope.
Освен четири населби и Националната опсерваторија за кои претходно беше дадена наредба за евакуација, вечерва превентивно беше евакуирана и детска болница што се наоѓа во близина на пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина. #Πυρκαγια #Πεντέλη #Ντράφι pic.twitter.com/r1VcUQd0de — an (@anna37027034) July 19, 2022 Од болницата, 36 деца и 19 вработени беа префрлени во друга детска болница исто така во Атина. Шумскиот пожар започна од планината Пендели и поради силниот ветер брзо се спушти и се прошири кон населените места, ситуацијата вечерва е особено тешка, а пожарот предизвика материјална штета…
Европска комисија (ЕК) достави документ до земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) со кој се предлага ослободување на „одредени средства“ од руските банки замрзнати по санкциите, со цел да се помогне во обнова на трговијата со земјоделски и прехранбени производи. „ЕУ сака совршено да стави до знаење дека ништо во санкциите не го спречува транспортот на жито од Русија или Украина. Надлежните органи на земјите-членки може да одобрат ослободување на одредени замрзнати средства или економски ресурси кои им припаѓаат на банките, откако ќе утврдат дека тие средства се неопходни за купување, увоз или транспорт на земјоделски и прехранбени производи, вклучително и…
Денес и официјално ги почнуваме преговорите и сите лаги на опозицијата и на останатите паѓаат во вода, бидејќи и преводот се одвиваше на македонски јазик, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ по завршувањето на состанокот за отпочнување на скрининг процесот во Брисел. На прашањето дали е можна промена на Уставот и обезбедување на двотретинско мнозинство во услови кога опозицијата изјавува дека нема да даде поддршка, вицепремиерот рече дека периодот на скрининг од 14 до 16 месеци дава доволно простор за отвoрање на процес на дијалог во Собранието и дефинирање на улогата на Собранието во преговорите. „Мислам дека во процесот…
Ќе продолжи долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе добива на интензитет, прогнозира метеорологот Славчо Попоски за НоваТВ. Што се однесува до температурите, тој вели дека од утре па натаму тие ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, а особено топло ќе биде од четврток, како и за време на викендот кога ќе бидеме под влијание на ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран од Африка. „Тогаш температурите, речиси, насекаде ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат до 40…
Македонскиот бизнисмен Трифун Костовски најави дека на 22 август во Скопје ќе сподели извештај со јавноста од негова приватна истрага што траела, како што вели, 15 месеци за стечајот на „Еуростандард банка“. „Овој извештај е направен од тим на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија“, најави Костовски.