Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во Европската Унија (ЕУ), интегрално преведен на македонски јазик, е објавен на официјалната веб страница на Владата, со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието. Во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, денеска во Скопје пристигнува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со цел да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата на Унијата за интегрирање на Северна Македонија. Предлогот од средината на минатата недела е…
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел денеска ќе пристигне во посета на Скопје. Се очекува Мишел, во рамки на посетата, да изрази поддршка на Европската Унија (ЕУ) за францускиот предлог и да ја потврди заложбата за македонските евроинтеграции.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност во претпладневните часови, а попладне и во вечерва ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринските температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 31 до 39 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне, во делови од котлината, ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринската температура ќе се искачи до 20 степени, а…
Пред Владата вечерва продолжи протестот под мотото „Ултиматум – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќање на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Според најавите, ноќеска ќе се кампува пред Владата. Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки. Протестот што почна вчеравечер официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат…
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на 5.000 метри на денешната трка на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој ја истрча патеката со време од 13:54:58 минути и го освои 8 место во конкуренција на 12 натпреварувачи. „Честитки Дарио, нов рекорд, нов доказ за извонредната форма, квалитетен тренинг, добар тренажен процес и веруваме дека Олимпискиот стипендист на МОК ќе биде уште подобар во периодот кој доаѓа и во кој ќе избори резултат за учество на Олимпијадата во Париз 2024 година“, стои во честитката од МОК. На Игрите во Алжир, денес таеквондистот Дејан Георгиевски освои бронзен медал и го…
Седумдесет вработени во дипломатските претставништва на Русија ја напуштија Бугарија, откако беа прогласени за персона нон грата поради обвинувања за шпионажа. Со нив заминаа и нивните семејства, а вкупниот број луѓе кои ја напуштија земјата изнесува околу 180, објави бгнес.бг. Два руски државни авиона слетаа на софискиот аеродром. Луѓето пристигнаа на аеродромот со автобус во четири групи. Другите беа донесени со комбиња и автомобили. Една од младите девојки ја носеше нејзината перница, а друг маж носеше маица со ликот на рускиот претседател Владимир Путин со пропаганден натпис. Повеќето одбија да зборуваат за медиумите. Меѓу оние кои заминаа за Москва беше…
Данската полиција соопшти дека неколку луѓе се застрелани попладнево во трговски центар во Копенхаген. Полициски извори наведоа дека едно лице е уапсено во врска во пукањето во трговскиот центар „Филдс“, кој се наоѓа во близина на градскиот аеродромот. Полицијата на Твитер објави дека „неколку луѓе се повредени“, без да наведе други детали, јавува АП. На снимките од местото на настанот може да се видат луѓе кко истрчуваат од трговскиот центар, а данската телевизија ТВ2 објави фотографија со човек кого го ставаат на носилка. Очевидци изјавија дека исплашени луѓе плачеле и барале засолниште во продавниците.
Скопје треба да го прифати предлогот за деблокада на евроинтеграциите, да ја искористи шансата и не смее да дозволи да остане пред вратата на Европската Униј (ЕУ) уште 17 години, смета албанскиот премиер Еди Рама. „Ви велам, прифатете го, зашто нема да има друг предлог. Тоа е финален. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години. Вратата треба да се отвори и на тој начин ќе може да се дебатира за сите прашања преку дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија. Отворете ја оваа врата, отворете ја сега“, порача Рама во интервју за Канал 5. Според него,…
Украинската армија денеска соопшти дека се повлекла од Лисичанск, стратешки град во источниот дел на земјата, кој со недели е под жестоки напади на руските вооружени сили и сепаратистите. „Со цел да се зачуваат животите на украинските бранители на Лисичанск беше донесена одлука за повлекување од градот“, се вели во соопштението на Генералштабот на украинските вооружени сили. Во соопштението се додава дека „во услови на повеќекратна супериорност на руските војници во артилерија, авијација, ракетни фрлачи, муниција и персонал, продолжувањето на одбраната на градот би имало фатални последици“. Русија утринава објави дека воспоставила контрола над Лисичанск. Заземањето на градот значи дека…
Шест лица загинаа, а 15 се ранети во напад со ракетни фрлачи на Славјанск, град во истокот на Украина, изјави градоначалникот Вадим Лиах. „Ова беа најжестоките удари со повеќеракетни фрлачи по подолго време. Имаше 15 пожари, имаме повеќе мртви и ранети“, рече Лиах во видео објавено на Фејсбук. Тетиана Игначенко, портпаролка на регионот Доњецк на кој припаѓа Славјанск, за украинските медиуми изјави дека „шест лица загинале, а 15 се ранети“ во гранатирањето на Славјанск. Според украинските медиуми, еден од пожарите избувнал на градскиот пазар. Градот Краматорск, административен центар на Донбас, кој е под контрола на украинските сили, втор ден во…
Ги живееме најемотивните моменти на поновата македонска историја, време во кое се носат историски одлуки за иднината на државата. Ако нешто знам, тоа е дека во овие моменти најважно е да се задржи разумот за да може темелно и објективно да се анализираат опциите, наведува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче во постот на неговиот Фејсбук профил. Емоциите, вели тој, не се добар сојузник, а оние кои ги искривуваат фактите со цел подгревање на емоциите, прават голема штета. Она што треба да го направиме, додава Филипче, е да ги „извагаме“ можностите кои сега се на маса и да ги предвидиме…
Имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изразени ставови и за тоа не треба да имаме никакви дилеми. Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Ова беше најважното прашање за нас и затоа сакам да сум кристално јасен. Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања и астерикси, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Клубот на пратеници, во рамки на широките консултации во врска со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Македонија со…