Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава на граничниот премин „Табановце“ е околу еден час, а за излез на „Богородица“ се чека меѓу 15 и 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Македонски тенисер Калин Ивановски се пласира во второто коло на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Македонецот попладнево за еден час и 51 минута го совлада Лука Поу со 2:1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:2. Нареден противник на Ивановски ќе биде победникот од мечот меѓу Родриго Пачеко-Мендез (Мексико) и Алесио Базиле (Белгија).
Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека францускиот предлог е добар и нѝ отвора пат и нѝ овозможува да го фатиме последниот воз за Европската Унија (ЕУ). Неговото неприфаќање носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии и заглавување во балканската кал. „Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за нова политичка унија. Ако ние сега не почнеме, Албанија ќе почне со преговорите, ние ќе останеме, Бугарија оди на избори. Со таквите анкети најверојатно нема да има влада во наредните година-две, ова прашање ќе заглави во наредните години и години. Тука ние ќе имплудираме од сите можни…
Премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук ги демантира, како што вели, лагите и шпекулациите во врска со францускиот предлог и порачува дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија (ЕУ), без никакви фусноти и дополнувања. „Се појавија многу лаги и шпекулации поврзани со францускиот предлог. Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги“, истакна Ковачевски. Тој во објавата на Фејсбук додаде дека „стратегијата и планот дадоа резултат,…
Минатата, 2021 година, е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првата половина на 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. „Во рамки на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи – „Безбедно лето“, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност од Скопје, продолжуваме со активностите со цел подигање на нивото на сообраќајна култура. Денеска во Куманово беше спроведена превентивна кампања насочена, пред сè, кон возачите на мотори, на велосипеди и на електрични…
Полициски службеници, во текот на изминатата ноќ за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, извршиле контрола и привеле 18 лица поради поседување дрога. „Приведени се М.Ж. (26), Ф.П. (25), Ж.Н. (26), К.Ј. (28), Ј.Р. (21), Д.Т. (22) и Ф.П. (34), сите од Скопје, И.Г. (25) од с. Кадино, општина Илинден, А.С. (26) и В.Б. (26) од Кавадарци, А.П. (26) и З.Т. (46) од Неготино, А.У. (23) и Ј.У. (30) од Нов Дојран, Ј.С. (19) од Тетово, С.И. (22) од село Ињево, радовишко, Р.Ј. (43) од Богданци и М.К.Е.(64) од Јамајка. При преглед, кај лицата биле пронајдени и…
Претседателот Стево Пендаровски, за утре во 12 часот, свика состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство со Европската Унија (ЕУ) за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во моментот одржува редовен брифинг за францускиот модел за решавање на македонско-бугарескиот спор и деблокирање на процесот за евроинтеграција на земјата. „Изминатите денови се наслушав и начитав многу шпекулации за јазикот. Затоа и денешниот брифинг е збор по збор, не само да ги демантираме, туку и да ги демонтираме таквите шпекулации. Сите коментари во однос на јазикот се лжни, манипулативни и кажани од суета. Најодговорно тврдам дека македонскиот јазик не е предмет на преговори во преговарачката рамка и ќе биде еден од 25 официјални јазици на Европската Унија, без никакви фусноти. Тоа прашање е…
Брифинг на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Украинскиот град Миколаев утрово беше потресен од силни експлозии, соопшти градоначалникот Олександар Сенкевич. „Во градот има силни експлозии. Останете во засолништата“, напиша Сенкевич на Телеграм. Пред воздушните удари во областа Миколаев, кој се граничи со пристаништниот град Одеса, се огласија сирените за опасност од воздух, наведува „Ројтерс“ и додава дека сè уште не се познати причините за експлозиите, како и неможноста за независна проверка на вистинитоста на извештајот.
Најмалку пет лица загина, а 49 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала што утрово во погоди јужниот дел на Иран. „Областа ја потресоа и два последователни земјотреса со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала“, соопштија властите. Државнта новинска агенција ИРНА објави дека дополнителни земјотреси, по првичниот, биле со интензитет од 6.3, односно 6.1 степен по Рихтер. „Сите жртви загина во првиот земјотрес и никој не е повреден во наредните два, бидејќи луѓето веќе беа надвор од своите домови“, изјави локален официјален претставник во провинцијата Хормозган. Портпаролката на Итната медицинска помош за државнхта телевизија…
Европската комисија (ЕК) најави создавање на итен план со цел да се помогне на земјите-членки на ЕУ да се справат и опстнат без руски енергетски извори, пренесува „Скај њуз“. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека станува збор за иницијатива која го продолжува планот на ЕУ за ослободување од зависноста од рускиот јаглен, гас и нафта и „оди рака под рака со забрзување на развојот на обновливите извори на енергија“. „Подготвуваме итни планови за Европа. Цените на енергијата се високи и луѓето сосема со право очекуваат да преземеме нешто околу тоа“, рече Фон дер Лајен во чешкиот град…