Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја нападне Украина, доколку беше жена, смета британскиот премиер Борис Џонсон. Според него, лудата, мачо инвазија на Украина, е совршен пример за токсичната машкост, па премиерот повика на повеќе жени на моќни позиции. Џонсон се осврна на ова по Самитот на Г7, во интервју за германската телевизија ЗДФ. „Да е Путин жена, што очигледно не е, но, да беше, навистина мислам дека не би се впуштил во луда, мачо војна за инвазија на Украина и насилство на начин на каков што тој го направи тоа. Доколку сакате совршен пример за токсична машкост, тоа е…
Конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа на еден месец, а денеска ќе престане со работа и Генералниот конзулат во Русе, јави дописникот на МИА од Софија. Филип Воскресенски, советник во руската Амбасада во Софија, за агенцијата ТАСС изјави дека секој кој претходно контактирал со руските конзулати во Бугарија може да се јави во амбасадата кога конзулатите ќе продолжат со работа. Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, во објава на Фејсбук напиша дека одлуката за протерување на 70 руски дипломати е чин без преседан во бугарската дипломатија, што според неа…
Отсечена човечка глава е пронајдена во вторникот пред зградата на судот во германскиот град Бон.„Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од телото се наоѓа пред влезот на судот“, изјави портпаролот на полицијата. „Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава“, рече тој. Торзо за кое се претпоставува дека е од истото тело било пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од историската царинска зграда Алтер Зол. Местата каде што се пронајдени деловите од телото се оддалечени околу еден километар. Во близина е приведен еден осомничен. Полицијата соопшти дека станува збор…
Во комплексот на Железничката станица во Скопје пристигнала анонимна дојава за поставена бомба. Информацијата дека во кругот на Меѓународната автобуска станица- Транспортен центар, во близина на банкомат, бил оставен куфер била веднаш проследена до СВР Скопје. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лице кое го оставило куферот, во кој имало облека, односно нема никаква опасност за граѓаните.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска протестираше пред Министерството за труд и социјална политика, каде изрази незадоволство од законските измени кои предвидуваат недела да биде работен ден во туристичките места и потсети на барањето за линеарно покачување на платите за работниците од јавниот сектор за 2.806 денари. „Се обраќаме до министерката да ги земе работите во свои раце. Нас ни требаат фамилиите, нас ни треба одмор. И ние работниците сме од крв и месо и сакаме и ние да го уживаме тоа право. Ова докажува дека 2.806 денари во моментот поради зголемената ангажираност кој го овозможува овој Закон за…
Народното собрание на Бугарија одобри од 1 јули минималната пензија во земјата да достигне 467 лева (235 евра), а максималната пензија ќе се искачи на 2.000 лева (1.000 евра), јави дописникот на МИА од Софија. Од 1 октомври ќе има уште едно покачување кое ќе стигне до 3.400 лева (1.700 евра), колку што изнесува максималниот приход од осигурување во Бугарија, беше прецизирано по расправите во собраниската комисија за буџет. Денеска започнува вонредната седница на Националното собрание на која се очекува да биде усвоен ребалансот на државниот буџет на Бугарија.
Сопругите на дел од моќната Г-7 група која одржува состанок на Баварските Aлпи, Германија, уживаат во опуштена атмосфера додека нивните сопрузи ги решаваат светските проблеми. https://www.youtube.com/watch?v=-YtkUN-AA9Y Mели Дербоденгриен – сопруга на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Брита Ернст – сопругата на германскиот канцелар Олаф Шолц, и сопругите на Емануел Макрон – Брижит Макрон и на Борис Џонсон – Кери Џонсон, на заедничка фотосесија.
Советот на Европската Унија (ЕУ) денеска ја продолжи употребата на дигиталните сертификати за ковид-19 до 30 јуни 2023 година. Проширувањето на таа регулатива ќе обезбеди дека патниците од ЕУ, како и оние од трети земји поврзани со системот, ќе можат да продолжат да го користат својот дигитален сертификат на ЕУ за патувања во Унијата во земјите-членки каде што тие сертификати и понатаму се потребни.
Лидерите на земјите-членки на групата Г-7 се согласија да формираат „климатски клуб“ до крајот на годината, по предлогот на германскиот канцелар Олаф Шолц, јави германската новинска агенција ДПА. „Лидерите на Велика Британија, на Канада, на Франција, на Германија, на Италија, на Јапонија и на САД ги поддржуваат целите на отворен и кооперативен меѓународен климатски клуб и ќе работат со партнерите за негово формирање до крајот на 2022 година“, се наведува во заедничката изјава од Самитот на Г-7. Во декларацијата, исто така, се наведува дека Г-7 се обврзува на високо декарбонизиран транспортен сектор до 2030 година, целосно или доминантно декарбонизиран енергетски…
Судот во американската сојузна држава Луизијана го блокираше законот кој би можел да води до ново воведување на забраната за абортус. Судија на Окружниот суд во Њу Орлеанс привремено го суспендира спроведувањето на законот во Луизијана и закажа сослушување за 8 јули, врз основа на тужба поднесена од Центарот за репродуктивни права во име на локалните медицински институции кои вршат абортуси. Во тужбата се наведува дека на законот кој би овозможил забрана на абортусот „недостигаат уставно задолжителни заштитни мерки за да се спречи самоволно спроведување“ и дека е „неважечки поради нејаснотии“. Трите преостанати државни клиники за абортус во Луизијана најавија…
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секој упад на полуостровот Крим од земја-членка на НАТО може да претставува објава на војна на Русија, што може да доведе до трета светска војна. „За нас, Крим е дел од Русија. А, тоа значи засекогаш. Секој обид за продирање на Крим е објава на војна во нашата држава…А, ако тоа го направи членка на НАТО тоа значи судир со целата северноатланска алијанса. Трета светска војна. Целосна катастрофа, рече Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, за новинската интернет страница „Аргументи и Факти“. Тој, исто така, рече дека Русија, доколку Финска…
Албанија не може да си дозволи да купи и одржува авион за гаснење на шумски пожари, изјави албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши пред парламентарната комисија за безбедност, објави веб-страницата „Егзит“. Опозициските пратеници го прашаа Пелеши за способноста на земјата да се бори со пожарите, откако неодамнешниот пожар на островот Сазан ја откри неподготвеноста на албанските власти да гаснат пожари од воздух. Откако не успеаја обидите за гаснење на огнот на теренот, Албанија повика грчка интервенција. Пелеши рече дека Албанија не може да си дозволи да купи специјален противпожарен авион или да плати за неговото одржување. „Ние сме мала земја,…