Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Сашка Цветковска
Идејата на проектот е да се зачуваат од заборав и игнорирање трагите од некогашното заедништво и да се нагласи и зачува значењето на јавното и јавниот простор. Се состои од три дела – перформанс на актерката Кристина Леловац, кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична македонско-англиска публикација.
Колегите од трите редакции на Јужни Вести, Прометеј и Нова произведоа повеќе од 100 дневни вести кои редовно ги апдејтираа граѓаните за прекршувањата на човековите права односно слободата на медиумите и слободата на изразување. Со интервјуто од Брисел сакавме да овозможиме друг светоглед на проблемите на новинарите од Западен Балкан. Но, не само тоа. Сакавме проблемите на новинарите да ги приближиме до оние кои имаат моќ да одлучувааат во Брисел и да ја кренеме свесностаа и видливоста за тешките услови во кои што опстојувааат медиумите и кои ги оневозможуваат новинарите да ја вршат својатаа должност. Продуциравме вкупно 10 интервјуа. Длабинските…
Ова истражување ги следеше кампањите на социјалните мрежи на оние кои повикуваа на бојкот. Истражувањето покажа дека од 1084 профили повеќе од 200 се новокреирани. Но, oна што е интерсно е дека добар дел од профилите почнуваат да се креираат уште во јануари годинава пред било какви посеризони најави дкеа е можен договор со Грција. Конкретно, во Јануари по спорната изјава на амбасадорот во сад Васко Наумовски се креираат нови 22 профили на твитер кои шират лажни вести и кампања против било каков договор со Грција. Пишува: Сашка Цветковска Што ако не успее референдумот? За премиерот Зоран Заев таква опција…
Во Октомври минатата година Новапедиа и партнерите Јужне Вести од Србија и Протемеј од Босна и Херцеговина го започнаа специјалниот проект за заштита на медиумските слободи и слободата на изразување во земјите од Западен Балкан. Македонските новинари се здружија со своите колеги од Србија и БиХ и со помош на репортер во Брисел во седиштето на Европската унија ги презентиравме и гледиштата на оние со моќ да влијаат и одлучуваат на темите со кои се бавиме во проектот. Продуциравме 5 видео стории во кои што покажавме како живеат и како работат истражувачките новинари, на пример. Објавивме 26 длабински анализи и…
Ова е впечатокот којшто се стекнува при гледањето на новогодишниот говор на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски
Градежните работници се една многу голема армија за којашто до денес никој не води сметка, рече еден од работниците
Кој ќе биде дел од групата за реализација на планот на Прибе за реформи во УБК кои ќе спречат прислушувања без соодветен надзор
Генералниот директор на Комерцијална банка, Хари Костов, информираше дека долговите на ФЕНИ кон банките кредитори изнесуваат 40 милиони евра, додека 20 милиони евра компанијата им должи на други доверители како локалните транспортери, добавувачи итн.
Активностите на руската амбасада во Македонија за време на кризата која ескалираше со насилството врз пратениците од опозицијата во собранието на 27 април годинава не се толкуваа како пријателски кон СДСМ
Празно и без никакви најави за излегување пред јавноста, вака е вечерва во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Единствени присутни се новинарите. Тие и ТВ екипите влегуваат без проблем во седиштето на партијата во центарот на Скопје, невообичаена пракса во оваа партија којашто имаше сериозни протоколи за влез и излез. На портирницата има еден човек, не може да се забележи никакво обезбедување ниту движење на некои од партиските членови. Надвор пред влезот на големиот видео ѕид одат вестите на телевизијата ТВНОВА во живо. Изминатите денови кружат шпекулации дека во ситуација на пораз, поранешната владејачка партија која речиси една декада симболизираше безкруполозна моќ,…
Се делеле средства на невладина формирана од вработени лица во општината. Автобусот подарок од Град Скопје стоел во подрум и се ангажирале приватни фирми на блиски за превоз
Мост забележува и на менувањето на изборниот законик среде изборен процес посочувајќи дека тоа е недозволиво