Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Сашка Цветковска
Стевче Јакимовски од денес повеќе не е член на СДСМ, соопштуваат од партијата. Неговата одлука да се кандидира за градоначалник и покрај договорениот бојкот, според Социјал демократскиот сојуз е кукавичи и предавнички чин.
УЈП да почне да ги истражува финансирањата на партиите, а владините кампањи да одат само на јавниот сервис – ова се дел од препораките како да се спречи изборен поткуп и злоупотреба на државните ресурси за партиски цели.
Ексклузивно интервју на Нова со еден од водечките новинари во Индија, Ј. Гопи Кришнан за случајот Субрата Рој.
Врховниот суд во Индија ги замрзна сите пари и целиот имот на индискиот милијардер кој треба да инвестира во Македонија. Субрата Рој треба да врати три милијарди долари на измамени граѓани.
Зекири: Како е можно заменици членови на ВМРО да менуваат членови од други партии во комисиите?
Во Скопје се подготвува теренот кај плоштадот за изградба на хотел и на офицерскиот дом од еден од актерите во аферата Телеком, Грчкиот милијардер Димитрис Кондаминас.
Најдобар е првиот, а најлош е последниот состав на Антикорупциската комисија. Нема иницијативи за висока корупција.
Новите најави за вработувања пред избори се спротивни на законите. Аминот кој Антикорупциската комисија го дала на Владата за вработувања е нелегален, предупредуваат експертите.
Новите најави за вработувања пред избори се спротивни на законите. Аминот кој Антикорупциската комисија го дала на Владата за вработувања е нелегален, предупредуваат експертите.
Привремените вработувања стануваат предизборен хит. Темелко Ристевски: Не само што е неетички, туку е и кривично дело – секое вработување до изборите е изборен поткуп.
Привремените вработувања стануваат предизборен хит. Темелко Ристевски: Не само што е неетички, туку е и кривично дело – секое вработување до изборите е изборен поткуп.
Група активисти побараа оставка од народниот правобранител. Мемети: Не сум надлежен за инцидентите од 24 Декември. Пировска: Мемети мора да ги испита постапките на полицијата во Собранието