Author: Биљана Секуловска

Интервју со Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, за најавените економски мерки од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Хајредини нуди прецизни решенија и мерки како да се справи Владата со кризата. Секуловска: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во име на СДСМ, предложи повеќе економски мерки кои Владата требало да ги усвои, како одговор на последиците од пандемијата Ковит-19. Која е вашата првична оценка? Хајредини: Не е тоа како што слушаме и читаме– мислам на фактот што слушнавме критики дека не смее да Заев да предложи мерки во иеа на Партијата, затоа што е претседател на Партија. Меѓутоа, не…

Read More

Виолета Симјановска, професор и раководител на катедрата за Арт менаџмент при Универзитетот за уметности УНИАРТС, Сибелиус Академија, живее во Еспоо и работи во Хелсинки, Финска веќе две и пол години. За Нова ТВ говори за финските искуства со коронавирусот. Секуловска: Кога ви се обратив за интервју, ми кажавте дека сте дома, од дома работите. Како функционирате воопшто работејќи дома? Симјановска: Од пред точно десет дена, по ескалирање на ситуацијата со коронавирусот, просториите на Универзитетот беа затворени и сите членови на оваа заедница се адаптиравме на онлајн настава. Сите вработени на Универзитетот моравме бргу да почнеме со работа од дома. Се…

Read More

Интервју со Абдулменаф Беџети, академик- за најавените економски мерки од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Беџети нуди прецизни решенија и мерки како да се справи Владата со кризата. Секуловска: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во име на СДСМ, предложи повеќе економски мерки кои Владата требало да ги усвои, како одговор на последиците од пандемијата Ковит-19. Која е вашата првична оценка? Беџети: Генерално е добро што има иницијатива и креативно мислење за начините како да се справиме со пандемија и преку економија. Но, мислам дека тие кои се носители на институциите и тоа со највисок ранг, мерките треба да…

Read More

Светската научна елита (политиколози, филозофи, социолози) во едно е согласна- светот после Корона вирусот нема да биде ист. Но, нивните предикции, ниту малку романтични за влез во подобар, поправеден свет, имаат силна поврзаност со економските мерки кои ги најави Заев и кои точно го отсликуваат светот каков што отсекогаш бил. Многу ретко фер, праведен, правичен и никогаш барем малку олеснет за ниските слоеви- работниците, економски обесправените, понижените, но и за средната класа која нагло, стрмоглаво осиромаши, особено во земји како Македонија. Корупцијата и криминалот на политичките и економските елити го дефинираа владеењето на децениското владеење на Груевски и токму затоа,…

Read More

Петар Поповски, професор по телекомуникации, на Алборг Универзитетот, каде го води Департментот за конективитет и комуникации. Живее и работи во Алборг, Данска, веќе 19 години. Секуловска: Кога ви се обратив за интервју, ми кажавте дека сте дома, од дома работите. Како функционирате воопшто работејќи дома? Поповски: Тука во Данска повеќето јавни институции и сите универзитети и школи се затворени од пред 10-тина дена. Секако дека е предизвик тоа што фамилиите, покрај работата, треба и да помагаат на децата со училишните обврски, затоа што училиштата се делумно префрлени онлајн (давање задачи, материјали за учење и сл.) На универзитетот предавањата и сите…

Read More

Интервју со професорот Ванчо Узунов, кој говори за најавените економски мерки по кризата со Корона вирусот. Узунов нуди прецизни решенија и мерки како да се справи Владата со кризата. Секуловска: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во име на СДСМ, предложи повеќе економски мерки кои Владата требало да ги усвои, како одговор на последиците од пандемијата Ковит-19. Која е вашата првична оценка? Узунов: Има три фактори што дополнително – како останатите да не ни се доволни! – го оптоваруваат справувањето со оваа наша здравствена и следователна економска криза. Прво, фактот дека кризата дојде среде изборен процес на парламентарни избори, кога сите…

Read More

Евроамбасадорот Самуел Жбогар преку својот твитер профил ја најави помошта од ЕУ за Северна Македонија за справување со коронавирусот. – Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка, напиша евроамбасадорот Жбогар. Тој ја поздрави и одлуката на ЕУ за старт на пристапните преговори со земјава. – Горд сум што и во овие тешки времиња, земјите членки на ЕУ ги признаа напорите на…

Read More

Интервју на НОВА со Петар Гошев, поранешен гувернер на Народната банка на РМ и екс министер за финансии, кој говори за најавените економски мерки на Зоран Заев и Владата, по кризата со Корона вирусот. Гошев нуди прецизни решенија и мерки како да се справи Владата со кризата. Секуловска: Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во име на СДСМ, предложи повеќе економски мерки кои Владата требало да ги усвои, како одговор на последиците од пандемијата Ковит-19. Која е вашата првична оценка? Гошев: Прво, би кажал нешто во врска со нагласеното дека „лидерот на СДСМ предложи мерки што Владата треба да ги усвои’’.…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=JQi9jmlT6CM&feature=youtu.be Интервју со Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационала- говори за тоа дека кризата со Корона вирусот не ја спречува Македонија да се подготвува за преговори; за алармантната ситуација во Шпанија, каде што тој живее, како и за стратегијата на британскиот премиер Борис Џонсон- создавање на крдо, која се покажа неуспешна.

Read More

Министрите за европски прашања на Европската Унија денеска рекоа „да“ за започнување  преговори со Македонија и  со Албанија. Датумот за преговорите е дефиниран со формулацијата- што побрзо, затоа што е најавено да се утврди дополнително, по кризата со Корона вирусот. -Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји, напиша на Твитер еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји. Пораката  до Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ.

Read More

Интервју со Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, кој говори за неговите ставови за најавените  владини економски мерки. Јовановиќ нуди прецизни решенија и мерки како да се справи Владата со кризата. Секуловска: Дали линеарна исплата (иста за сите) на минимална плата- 14.500 ден. во администрацијата е праведно решение, според најавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Има две причини зошто ви го поставувам ова прашање: 1.Има административци кои не одат на работа со години и практично се изедначени со останатите 2. Административци, функционери, пратеници, директори- кои претходно земале големи плати, и практично, тие се во исклучително…

Read More

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на неговиот Фејсбук профил објави вест дека “oд вкупно 3o пријавени, 7 граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија”. -Ја информирам јавноста дека денес во утринските часови на Меѓународниот аеродром Скопје слета полски хуманитарен чартер лет за да си ги врати дома полските државјани затечени во Северна Македонија. Во соработка со полското МНР, понудивме враќање во земјата на македонските државјани во Полска кои побарале помош преку нашата Амбасада во Варшава. Од вкупно 3o пријавени, 7 граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија. Добредојдовте дома!…

Read More