Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонци во странство: Виолета Симјановска – како Финска се справува со коронавирусот

0
By Биљана Секуловска on March 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 30, 2020 13:07

Виолета Симјановска, професор и раководител на катедрата за Арт менаџмент при Универзитетот за уметности УНИАРТС, Сибелиус Академија, живее во Еспоо и работи во Хелсинки, Финска веќе две и пол години. За Нова ТВ говори за финските искуства со коронавирусот.

Секуловска: Кога ви се обратив за интервју, ми кажавте дека сте дома, од дома работите. Како функционирате воопшто работејќи дома?

Симјановска: Од пред точно десет дена, по ескалирање на ситуацијата со коронавирусот, просториите на Универзитетот беа затворени и сите членови на оваа заедница се адаптиравме на онлајн настава. Сите вработени на Универзитетот моравме бргу да почнеме со работа од дома. Се разбира, добивме веднаш голема поддршка од менаџментот на Универзитетот, обезбедувајќи веднаш обуки од Харвард за предавања онлајн, техничка помош, како и помош за справување со стрес и страв.

Но, не се случува адаптацијата само во професионалниот дел од нашите животи. Во мојот случај предавања и состаноци, користењето на алатки за тоа, туку адаптацијата се случува и со останатиот дел од нашиот живот, вклучувајќи ги и останатите членови од фамилијата. Флексибилноста и адаптабилноста мислам дека се клуч да се успее во вакви кризни состојби.

Секуловска: Дали сите фирми ги пратија работниците дома, дали е задолжително или само препорака, што е со јавниот сектор, дали и за нив важи препораката?

Симјановска: Искрено, јас сум изненадена од односот на финската влада во однос на справувањето со коронавирусот. До овој момент, (24 март, 17 часот), Владата дава само препораки, а јавниот и приватниот сектор одлучуваат кои мерки ќе ги преземат. Имам чувство дека при донесувањето на одлуките во однос на оваа криза, прво се гледа на еконимијата, а потоа на потребите на граѓаните. И од оваа перспектива, нашиот министер за здравство Филипче, многу подобро си ја врши работата во споредба со неговите колеги во Финска и другите скандинавски земји, кои многу бавно преземаат конкретни мерки. За жал, политиката на Финска, во однос на коронавирусот, наликува на онаа од Велика Британија.

Секуловска: Како се справува државата со коронавирусот?

Симјановска: Во моментот во Финска има 792 регистрирани индивидуи заболени од коронавирус, според УЛЕ, националната телевизија, меѓу кои и нивниот поранешен претседател и нобеловец, Марти Ахтисари. Според истиот извор, новата премиерка, Сана Марин, најави дека дури денеска владата ќе разгледува порестриктивни мерки кои ќе ги објави во текот на утрешниот ден.

Во моментот има препораки да се седи дома, да не се изложуваат граѓаните на непотребни контакти со други, да не се создаваат групи поголеми од 10 луѓе на отворен простор, да не се оди во затворени простории непотребно и да се почитува дистанца до други индивидуи од 1,5-2 метри.

Секуловска: Дали се затворени сите објекти како во Македонија, како ресторани, шопинг центри, училишта, универзитети?

Симјановска: Сè уште не се преземени мерки за комплетно затвoрање на јавни простори и институции. Мислам дека тоа ќе се случи деновиве, има најава како што спомeнав, за поголеми рестриктивни мерки. Кажав, овде Владата даде препораки за затвoрање на музеи, нa кина, на концернти сали, училиштата и универзитетите, но општините, заедно со директорите и ректорите ја донесуваат последната одлука. Нашиот ректор, донесе веднаш одлука за затворање на Универзитетот и на адаптација на онлајн настава и тоа на 13 март.

Но, некои од општините не донесоа одлука за комплетно затворање на училиштата. На пример, некои основни училишта дадоа препорака учениците да седат дома и да имаат онлајн настава, но во исто време се отворени и  флексибилни за децата чии родители се сè уште на работа и истите можат да одат на настава во училиште. Се разбира, бројот на овие деца е многу мал, но, сепак, мене ме збунува ваквата одлука, бидејќи на овој начин не се спречува ширење на коронавирусот.

Секуловска: Како е ограничено движењето на граѓаните, дали се придржуваат, дали се почитуваат инструкциите на државата?

Симјановска: Во Финска можеби мерките се преблаги и бавни, но граѓаните се дисциплинирани. Тоа што ќе се каже и препорача, се почитува. Еден од нивните најпознати писатели, напиша во  „Хелсинки Саномат“ дека граѓаните во Финска се спремни за почитување на личниот простор од два метра и дистанцата со другите, бидејќи тие се тренирани за тоа цел живот. Нив не им треба да им кажете да почитуваат дистанца со други, тоа тие го прават и во нормални услови, во текот на целиот живот. Во однос на движењето, има само препораки за намалени активности и одење во групи не поголеми од пет лица.

Секуловска: На кој начин функционира образованието, дали има потешкотии за наставниот кадар и учениците?

Симјановска: Јас можам да кажам од мое искуство и од искуството на мојата ќерка која е второ одделение во финско школо. Адаптацијата се направи за три дена, сите професори и наставен кадар добија јасни инструкции што можат и како тоа ќе го прават, секако оставајќи пристојна автономија на секој професор да одлучи кој систем и како ќе го користи.

Предност во Финска е што се е дигитализирано и граѓаните се навикнати на онлајн активности, така да ова не беше некој голем шок. Сите се свесни дека онлајн наставата има свои негативности, на пример, деструкциите од надвор се поголеми, вниманието е потешко да се задржи подолго време, но тоа се условите во моментот, и повторно, флексибилноста и адаптибилноста се клучни за во вакви кризни моменти.

Секуловска: Дали се размислува за полициски час?

Симјановска: Иако ова е прва криза од вакви размери во Финска по Втората светска војна, мислам дека полициски час ќе биде последната мерка што би ја донеле овде.

Секуловска: Каква е реакцијата на граѓаните, дали се смирени и дисциплинирани, дали има оптимизам за брзо решение на кризата?

Симјановска: Мислам дека сите во Финска се свесни дека ова нема да заврши веднаш и дека кризата ќе трае. Се очекува дека пикот ќе биде во мај, според последните предвидувања објавени на порталите во Хелсинки.

Секуловска: Какви се економските последици за земјата, кои се мерките на Владата?

Симјановска: За жал, тоа е главната тема за која се разговара овде, во однос на кризата, што мене лично малку ми е чудно и недозволиво. Според УЛЕ, се очекува пад на економијата дури и за 6 отсто, веќе се најавија 100.000 отпуштања од работа. Владата размислува сериозно за преземање на мерки во оваа област и мислам дека веќе се спремни неколку инструменти за тоа. Во главно тоа се фондови кои ќе се пренасочуваат за потребите на овој сектор.

Секуловска: Кои се предвидувањата на официјалните претставници, на експертите, кога се очекува крај на кризата?

Симјановска: Мислам дека тука експертската јавност е резервирана. Не може точно да се предвиди кога, како и што ќе се случува. Мислам дека оваа криза сите ќе нè направи малку поинаку да размислуваме за смислата на нашето постоење.

Виолета Симјановска Коронавирус мерки Финска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.