Author: Биљана Секуловска

Неверојатна зачудувачка вест беше произведена неделава. Министерот Дамјан Манчевски одлучно и бескомпромисно, како што знае само една влада пред избори,  со висок тон и доволно високо кренати веѓи, и соопшти брутално на јавноста- оние административци кои не одат на работа, а земаат плата, нема да добијат К-15. Тие таканаречени рамковно вработени, според информациите, 1.600 драги, да не речеме неспособни луѓе, ќе бидат сурово отфрлени, затоа што повеќе не може да си играат со судбината на овој народ, кој деноноќно создава и го гради ова исцрпено општество. Видете, СДСМ ги знае сите тајни на знаењата на градење на една одговорна и…

Read More

Нема поубаво државничко и патриотско чувство од она кога ќе слушнете изјава, како онаа на Рашела Мизрахи, министерката за труд: “Јас сум верник и ќе се борам против развратот”. Оваа изјава на Мизрахи е дадена по повод порнографската група “Јавна соба” на социјалната мрежа “Телеграф”, каде се злоупотребувале девојчиња, девојки, жени, преку објавување и споделување на видеа и фотографии, се разбира, без нивно знаење. Чист пример за родово насилство, примитивен напад врз жените, кое институциите и политичарите од типот на Мизрахи го игнорираат, удобно занишани во сопствените фотелји, заспани во сопственото незнаење, неспособност и некомпетентност. Да се биде верник, зарем…

Read More

Кога не разбирате политика, како што е тоа случајот со министерката за правда, Рената Десковска, а и генерално, со СДСМ, тогаш нема никогаш да можете да сфатите и да го дозволите барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски- прекин на сите истраги против поранешните високи функционери на оваа партија, како услов за нов Закон за јавно обвинителство. Овој генијален потег на Мицковски за добивање на предност, е еден од најстарите преговарачки маневри и стратегии во историјата на политиката, на кој можат да се сетат само великани од лидери и државници. Ова е светски познат и признат факт, запишуван низ годиниве…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=e9qbYs6xurI НОВА ви прикажува портрет на Лила Милиќ, трансродова личност, која во неколку минути, како во филмска лента го опишува својот живот- детството, осознавaњето за себе, траумите на младоста, сегашната борба и надежта за иднина. Пораката за сите нас е таа- Различни сме, а така исти.

Read More

Само гледајте ги дебатите низ социјалните мрежи околу дилемите- дали да се слави жената-борец Атиџе, дали да биде прогласена за наша национална гордост или не, што да се прави добога, кој пат да се фати, а да се остане чистокрвен македонски патриот? Дилемите имаат свој антички корен и своја пеколна националистичко-фашистичка крива линија- Атиџе, и покрај сè , велат тие- не е наша, не е полнокрвна, горда Македонка, нема ни најмал траг од некакво залутано генче за да се слави како наша, македонска светица. Настрана купиштата светски награди, признанија, а да не го спомнувам најважното- филмските рецензии на критичарите низ највлијателните…

Read More

Историјата на поганост во оваа мала, несакана и изгубена земја во својата бедотија не започнува со ужасните коментари овие денови за два настани, кои се само дел од нашите историски, мемориски сведоштва за примитивизмот и говорот на омраза кој се раѓа и негува секојдневно, низ годиниве наназад. Но, околу последниве денови најпрво- се случија одвратните текстови и коментари за ќерката на Заев- како бил подготвен да ја продаде на Ципрас, за еден негов потпис на Преспанскиот договор. Потоа следуваа пресметките и обвинувањата за антисемитизам и фашизам околу (не)употребата на Давидовата ѕвезда во кабинетот на  новата министерка Рашела Мизрахи. Како се…

Read More

Новите влади даваат некои нови чувства, скокотливи, раздрагани сепак. На непробојност, сила, надеж, возвишеност. И падови. Особено, падови. Што да се прави со оваа нова, техничка, Пржинска влада, каде се почетоците и зошто ги нема краевите. Каде да се гледа излезот, ако првичниот влез на ВМРО-ДПМНЕ беше самоубиствен удар во кој се завршува со поткршена глава после ѕвекот како во бетонски ѕид. Понудата на воено лице за МВР ја расцепи таа, само навидум тврда, бесна глава, која од кога ја знаеме, не отстапува од плановите и нас да нè одвлечка во најдлабокото и потоа со тап удар да се реши…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=JKi-jnKIonw&feature=youtu.be Дебата со студентките од Филозофскиот факултет Мартина Лозаноска и Теодора Милеска- зошто мнозинството од Студентското собрание на Филозофскиот факултет одби инклузија на ЛГБТ студентската заедница во високото образование.

Read More

Со нескриена радост ја дочекавме изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски- ако победат, а ќе победат со вакви космополитски ставови секако- дека ќе го поништат Преспанскиот договор и ќе ја вратат историјата повторно на истото место од каде што со нив сопрела. Велите каде е тука радоста за која говорам? Охохо, има многу причини за славење доколку дојде до таа триумфална победа на следбениците на Груевски. Не само што тогаш нема да ни бидат потребни ЕУ и НАТО, ние можеме многу повеќе, многу подалеку и подлабоко да се нурнеме и потонеме во сопствената глупост, оо, па да, нема да…

Read More

Што не се изнагледавме и изнаслушавме последниве неколку години. Па, па, па. Во оваа еуфорија на спектаклот кој го имавме повеќепати дневно, може слободно да ги изземеме бомбите на Заев, кои веќе полека тонат во заборав. Од оваа дистанца некако како и да беа благо здодевни тие бомби- постојано сè се вртеше околу насилство, криминал, корупција, политички одмазди и политички затвореници. И истите ликови, од истата, стара, нам одамна добро позната партија- ВМРО-ДПМНЕ, по некоја бомба доби и ДУИ, како и Гром, во ред, да не ги заборавиме и прославените судии и по некој валкан бизнисмен. Но, знаете како. Ако…

Read More

Советничката на Стево Пендаровски, Мирјана Лазарова-Трајковска, во интервју за Нова ТВ говори зошто не е поканета од Владата да размени мислења во однос на реформите во судството, вклучувајќи го ветингот. Потоа говори за најефикасната борба против корупција на судиите и обвинителите како и за случајот „Рекет“ и инволвираноста на Јанева. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1081&v=Wq8MIu_wXM0

Read More