Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Биљана Секуловска
Рокот и ултиматумот што го даде Каракачанов до Заев и македонската Влада- до петок да се решите кои сте, или- збогувајте со ЕУ, е веројатно последица на некои други историски вистини, допрва раскажани и дознаени. Тие, нема дилема, влечат корени од театарот на апсурдот на Јонеско, кој сигурно им е одлично познат на бугарските уметнички великани, прилично ценети и талентирани, не само тука, секако дека не само во овој дел на светот. Но, политичкиот аспект на овој спор, стана првокласен апсурд и поттик за генијално искован сарказам. Оттука, тајните и мистериите за вистината на светот ги има германскиот медиум Франкфуртер…
На Бугарија никогаш не ѝ е доста. Никогаш не е доволно ништо на Балканот, зошто би ѝ било сега на Бугарија. Нивната блокада за македонската преговарачка рамка во Брисел, нивната непопустливост, нивната точка, секогаш може да се претвори во запирка, која понатаму ќе сака уште повеќе, да се преобрати во три точки, во бескрај, од кој нема враќање. Но, тоа е Балканот- котел кој врие со векови, масло кое постојано се долива, буре барут на сите омрази, тензии, конфликти, од кои никогаш не е доста. Воинствените балкански племенски водачи сметале дека биле премали, недоволни тие количества, сакале секогаш уште повеќе, незаситни,…
Короната го запусти светот, ги зголеми стравувањата, ги разниша сите надежи и не затвори сите нас, она малку слобода што е изборена низ вековите. Но, каков апсурд, се чини дека ништо од тоа не е важно за македонската опозиција. Секојдневните жалопојки и рецитации за давање на оставки на Филипче, Заев, Караџовски и кој уште не, ВМРО-ДПМНЕ ги меле секојдневно, опсесивно- компулсивно, хистерично и во серијал на панични напади, доволно параноични да станат загрижувачки. Тоа се сервира по неколку пати дневно на менито на јавноста, без престан, без земање воздух, за да испари барем отровот кој се таложи, згуснува и ја…
Братот Борисов, како што го нарече Заев бугарскиот премиер, има навистина бескрајно широко, пријателско срце, кое испумпува љубов и добрина, милост и човечност кон Македонците. Борисов секако би замолчел, затоа што и никогаш не излегол да се извини, кога некој од неговите политичари, историчари и големи аналитичари би го поправил- брате Борисов, велиш Македонци? Оние што не постојат? Оние што гробовите им се празни? Оние што јазиците им ги сечевме, за да не кажат на кој јазик зборуваат? Оние, на кои денес истото им следува? При секој студен поглед, при секој понижувачки збор, при секој висок тон, заканување, омалуважување, понижување…
Една интересна фотографија ги распара очите деновиве. Министерот за здравство, Венко Филипче, на фејсбук објави слика, на која вели дека претставува состанок на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се бара одговорност од власта за коронавирусот. Иронијата која тој сака да ја подвлече е дека на прикажаната партиска средба, само неколкумина носат маски, што не е воопшто сериозен грев за кој треба дополнително да се дебатира, ќе се сложиме сите заедно. Затоа што, со маските можеме само да го заштитиме здравјето, и- животите. Ништо повеќе од тоа. А тоа никогаш не и е доволно на оваа партија, која на животот гледа филозофски, некако…
Знам, знам што ќе речете- најдобро е да се затворат ушите, да ги покриеме или искорнеме сите рецептори, да талкаме со затворени очи, да се губиме, да паѓаме и да не може да станеме, но никако да не се слуша министерот за здравство, Венко Филипче. Неговите нови мерки за пандемијата се навистина драстични и сурови, крека и запомага мнозинството, со видливи отворени рани на душата, се прпелка и урлика, како лично Филипче да наредил рушење на барикадите на францускиот отпор на генералот Де Гол и во последен момент, предавнички и перфидно, се приклучил на квислингот, маршалот Петен. Сепак, нашето револуционерно…
Каде ни отиде паметот низ годиниве? Просто не можам да поверувам дека портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, навистина има изјавено дека- нема да сме имале пандемија и проблеми со корона кризата- економски и здравствени, ако биле искористени вонредните состојби. А парадоксот да биде поголем, Арсовки дополнува- за тоа што не завршила пандемијата во Македонија, виновна била СДСМ. Дополнитело, Пендаровски бил соучесник на мафијата на Заев, а оваа мафија функционирала подобро и од Коза Ностра. Ете, затоа прашањето на паметот е високо на агендата во оваа држава. Навистина, никој нема против да биде критикувана СДСМ, Заев и Пендаровски, во ред, доколку…
Најавата на Владата, односно нејзиниот прв заменик, Артан Груби, за државни субвенции за вработување на Албанци во приватните компании, ја крена на нозе критичката јавност. Но, зошто добога, кому сега тоа и може да му биде проблем? Критичарите и незадоволните се подврткуваат и нервозно се подместуваат, ги исправаат показалците и заканувачки мавтаат низ воздухот, кутрите тие, не знаат дека можете со еден удар да им ги збришете струењата. Гласни и бучни, бараат невозможни работи, високи цели наспроти ниските удари кои сме навикнале да ги примаме и офкајќи да замолуваме за уште, ако веќе навистина мора. Крештат и крикаат, несвесни дека…
А што повеќе да се каже, после најновиот обид на Бугарија да се смени македонската историја и идентитет, преку Меморандум на официјална Софија, испратен до земјите-членки на ЕУ. Кои зборови да се одберат, како со благост и милост да се пристапи, кој тон е соодветен, како да се спушти тензијата, а никој да не се чувствува навреден, отфрлен и понижен. Но, дилеми не може да има за тоа каков одговор мора да следи, ако се знае дека Бугарија пишува во Меморандумот дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел до 2 август, 1944 година. Понатаму, се објаснува…
Протестирањето на ВМРО-ДПМНЕ за поскапувањето на струјата некои во јавноста остро го осудија, затоа што била безобразна и дрска пораката да се пишуваат пароли на протестот- дека луѓето немале за леб, но, каков престап тие направиле, внимавајте сега ве молам. Пораките за немањето леб кон кутриот и напатен народ беа залепени на бесни автомобили -Ауди 8 и, застанете сега- станува збор и за црвен спортски кабриолет Мерцедес. Критичариве тврдат дека тоа не било соодветно, ги навредувале сите што навистина немаат за трошка, ги потценувале сиромашните и гладните, понижените и страдните. Е, да, кога навистина би било така. Внимавајте, говориме за…
Случајот со рушењето на дивоградбата кај Мавровка, после неколку месеци барање на почитуваниот господин инвеститор е навистина неверојатен чин, во кој правдата победува, но за да дојдеме до таа тешко освоена правда, мораме да се вратиме на самиот почеток. Ако ги погледнете реакциите на граѓаните, главната поента се состои во една одлично срочена реченица- “Најдоброто нешто е што битангата што градеше пред “Мавровка”, го викаат инвеститорот”. Овој став ја содржи сржта на целото наше општество, целиот смисол на постоењето на една распадната, пред нашите очи, правда, тоа е нашата тага и сета иронија. Нашата почитувана мафија ја создала таа пајакова…
Гертруда е една заоблена, весела свиња, која грокта гласно и самозадоволно, додека се прпелка и оптегнува низ калливите патеки на славата. Драгата таа-веќе два месеци во главата има вградено компјутерски чип, голем како една паричка. Идејата на иноваторот Илон Маск е крајно едноставна- да се поврзе човечкиот мозок со Интернет, а за тој потфат, барем на почетокот, му беше потребна токму нашата Гертруда. Таа е родена со сериозна мисија да ја смени историјата на светот. О, секако, тоа нејзино тромо одење и на секој час потседнување за да одмори, всушност е прилично инспиративен и возбудлив живот. Кој да знае дека…