Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Крамарска
Најнепријатното изненадување од почетокот на Мундијалот го направија фудбалерите на Аргентина, со поразот од Саудиска Арабија на стартот на Мундијалот (2:1). Пресвртот на Саудијците може скапо да ги чини „гаучосите“ во последната пресметка. Голема одговорност за дебаклот има тренерот Лионел Скалони, поради тактиката, но и стартната постава која ја донесе на теренот. Речиси од почетокот на натпреварот, и покрај воведното водство, по реализираниот пенал на Лионел Меси, ништо во играта на Аргентина не функционираше, особено во вториот дел, во кој беа исфрлени од подобриот ривал. „Тешко е да се прифати фактот дека за четири-пет минути ни дадоа два гола од…
„Мојот впечаток, и тоа е мој личен впечаток, е дека опозицијата води тактичка игра да ја стави владата во тешкотии. Но, на ниво на држава, независно дали сте во влада, или во опозиција, треба да се земе предвид интересот на земјата во целина. А главен интерес на државата е да се надминат пречките на патото кон членство во ЕУ и затоа сметам дека партиите треба внимателно да размислат за баланс меѓу државна одговорност и тактички чекори во односите влада-опозиција. Главната опозициска партија во земјава е дел од Европската народна партија. ЕПП пак го дели ставот на вашата Влада дека уставните…
Денеска во Брисел се одржува вториот состанок од билатералниот скрининг за Поглавјето 24, „Правда, слобода и безбедност“, на кој вицепремиерот Бојан Маричиќ, рече дека Северна Македонија има добра основа и добра подготвеност, но сега мора да покажеме континуитет во реализацијата на критериумите за членство во ЕУ. „Ова поглавје е основа за демократскиот развој на македонското општество од кое ќе зависи динамиката на целиот преговарачки процес. Се работи за обемни и комплекси теми кои ќе бараат повеќе напор за усогласување со европското законодавство“, посочи Маричиќ. „Она што можеме да го кажеме и да изразиме задоволство е дека и од Европската Комисија…
Саудиска Арабија го направи најголемото изненадување на Мундијалот во Катар и едно од најголемите во историјата на Мундијалите. Го совлада фаворитот Аргентина и победи со 2:1. Аргентинците поведоа со голот на Меси од пенал во 10-та минута, но Ел Шехри и Ел Дасарви во 48 и 53-та минута им донесоа голем триумф на Саудијците. Саудијците грубо го започнаа натпреварот, а во 8-ма минута беа казнети, кога Абдулхамид по корнер го повлече Паредес. По гледањето на видеото, беше досуден пенал, со кој Лео Меси рутински смести гол во мрежата во десеттата минута од натпреварот. Се чинеше дека голот на Лаутаро Мартинез…
Голем дел од хрватскиот дел на Јадранското Море утрово го зафати силно невреме со пороен дожд кое предизвика проблеми на брегот на Пула, Ровињ, Риека, Пореч и Црес. Поради тоа е прогласен црвен метеоаларм за повеќе региони од хрватското крајбрежје. Глас Истре пишува дека на брегот на Пула плутаат автомобили, морето е на работ да се излее, а врз една сообраќајница паднало дрво. Сообраќајот се одвива доста отежнато, видливоста е намалена, па се препорачува максимална внимателност. Високото морско ниво го поплави и центарот на Ровињ, а големи проблеми има и во Пореч. Локални жители соопштуваат дека во Ровињ морето го…
Над шест од десет анкетирани, односно 64 отсто, одговориле негативно на прашањето дали ги убедила изјавата на грчкиот премиер дека владата и тој лично не се поврзани со следењата на телефоните преку малициозен софтвер, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина. На конкретното прашање, позитивно одговориле само 18 проценти, а исто толку рекле дека не знаат или одбиле да одговорат. За „кошничката за домаќинствата“, односно конкретните категории производи во супермаркетите чии цени треба да останат непроменети или да имаат минимално зголемување, речиси половина од анкетираните (49…
Првите делови од новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола пристигнаа во комбинатот. Како што беше најавено, првиот дел од долгата композиција што го пренесува 240 тони тешкиот трансформатор, денес ја помина главната капија на РЕК Битола. Новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола го изработи турската компанија Астор. АД ЕСМ за набавката одвои 6.431.000 евра. Ова е првпат во 40 години постоење на РЕК Битола да се набави ваква постројка. Транспортот на новиот трансформатор за Блок 3 на РЕК Битола е најголемиот и најтежок вонгабаритен транспорт кој воопшто некогаш бил организиран во земјава. Трансформаторот се пренесува со…
Светската здравствена организација предупреди дека претстојната зима ќе биде „опасна по живот“ за милиони Украинци, по серијата разорни руски напади врз електричната мрежа во земјата. „Едноставно кажано, оваа зима ќе биде борба за опстанок“, изјави за новинарите Ханс Клуге, регионален директор за Европа во здравственото тело на ОН за време на посетата на Киев. „Оваа зима ќе биде опасна по живот за милиони луѓе во Украина“, рече тој. Оштетувањето на енергетската инфраструктура на Украина предизвикано од повеќекратни ракетни напади „веќе влијае на здравствениот систем и на здравјето на луѓето“, посочи Клуге. Тој рече дека од почетокот на руската инвазија во…
САД се разочарани што лидерите на Србија и Косово не успеаја да се договорат за решение на спорот за регистарските таблички, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Прајс во писмената изјава вели дека премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да направат отстапки за да се осигураат дека нема да биде загрозен деценискиот тешко стекнат мир во и онака кревкиот регион. „Го повикуваме премиерот Курти да работи со високиот претставник на ЕУ Јозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак за да се постигне фер компромис“, се наведува во соопштението. Прајс објави дека…
Проевропската ориентација на Молдавија е под силен притисок на Москва. Немоќна да ги донесе на власт московските инсталации Русија ја изложи Молдавија на жесток енергетски притисок. Само минатата недела руските ракетни напади предизвикаа прекини на струја во половина земја, а минатиот месец Гаспром го намали снабдувањето со гас за една третина. „Ние сме во ситуација на екстремен ризик“, изјави молдавскиот министер за инфраструктура и вицепремиер Андреј Спину. „Енергетската сиромаштија е критична – и ние сме само на почетокот на зимата“. Запрашан за ризикот од повеќе прекини во врска со руските напади, тој рече: „Тоа се случи денес, дефинитивно … ќе…
ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Не може да се ископира револуција така што таа суштински да биде револуција, затоа што не може сосила да се повтори структурата на настаните, ниту општествената клима во која вистинската револуција се родила и реализирала. Шарената револуција почна со студентите, затоа што Законот за високо образование од 2015-та за нив беше една страшна бездна во која тие би изгубиле години, диплома, интегритет… Тој закон им овозможуваше на сите структури над нив (а сите структури му реферираа на диктаторот), па и над нивните професори, да ги поместуваат целите (shifting the goalposts) нелегитимно, насреде процес, на нивна штета, без никаква…
Индонезиските власти соопштија дека бројот на жртвите од земјотресот се искачи на 252, бидејќи повеќе тела се откриени под урнати згради. Регионалната агенција за справување со катастрофи од Цианџур денеска на својата страница на Инстаграм објави дека бројот на загинати е зголемен од 162 пријавени претходната ноќ. Уште 31 лице се водат како исчезнати, а стотици се повредени. Цианџур, јужно од Џакарта, беше најтешко погоден од земјотресот со јачина од 5,6 степени. Блокираните патишта и оштетените мостови до денес ги спречија спасувачите да донесат багери и друга тешка опрема во руралното подрачје за да помогнат во ископувањето на преживеаните. Покрај…